Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Msc Goce Nikolovski

Msc Goce Nikolovski

За жал ловокрадството е широко распространета појава во нашата држава и не ретко тие поставуват т.н. “примки“ или замки на кои се фаќаат и животни кои се под трајна заштита.

Последен во низата вакви немили настани е фаќањето на мечка во овие стапици во струшкиот ловен реон. Сепак, благодарение на реакцијата  и храброста на група ловџии од  ловното друштво „Церн Камен” од Вевчани, успеале да ја ослободат и да ја спасат од сигурна смрт мечката која била фатена во челична замка.  Животното било заплеткано во жичана сајла во шумата над селото и ако ловџиите не  ја пронајдеа и спасиле, таа најверојатно ќе угинела во страшни маки.

На седница бр.41 на Собрание на Р.Македонија одржана на 12.04.2018 година, беше изгласани Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за ловството. Иако се очекуваа повеќе измени и дополнувања на Законот за ловството, сепак најзначајно што се смени е само начинот на полагање на ловечкиот испит.

Во продолжение можете да ги прочитате предлозите за изменување и дополнување на Законот за ловството:

 

 

ПРЕДЛОГ -  ЗАКОН

ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЛОВСТВОТО

 

 

 

Член 1

Во Законот за ловството (Службен весник на Република Македонија, бр. 26/09, 82/09, 136/11, 1/12, 69/13, 164/13, 187/13, 33/15, 147/15 и 193/15), во членот 57 по ставот (5) се додава еден нов став (6) кој гласи:

 

„(6) Дозвола за ловење на дивеч во ловиштето може да се издаде само за оној дивеч за кој е установено ловиштето односно за кој се плаќа надомест за концесија, за дивечот без заштита и за дивечот од член 12, став (1) алинеја 19.“

 

Ставовите (6) и (7) стануваат ставови (7) и (8).

 

 

Член 2

Членот 58 се менува и гласи:

 

“(1) Ловечкиот испит од член 57 став (4) од овој закон се полага пред стручна комисија за полагање на ловечки испит која ја формира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и истата е составена од четири члена од редот на вработените во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со шумарска струка и положен испит по предметот ловство/ловно стопанство со најмалку пет години работно искуство во струката.

(2) Ловечкиот испит се полага усмено со одговарање на определен број прашања според Програма за полагање на ловечкиот испит.

(3) Ловечкиот испит се состои од два дела и тоа:

- прв дел (теоретски дел), со кој се проверува теоретското знаење на кандидатите со одговорање на определен број на прашања и се одговара усно и

- втор дел (практичен пример), со кој се проверува способноста за препознавање на видовите дивеч и практичната примена на одредбите од законската регулатива и се полага усно.

(4) Стручната комисија за полагање на ловечки испит секоја година подготвува база на прашања за полагање на ловечкиот испит изработени врз основа на програмата од став (2) на овој член и истите се објавуваат јавно преку веб страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

(5) При подготовката на базата на прашања стручната комисија за полагање на ловечки испит особено ги има во предвид промените на правните прописи на кои е засновано прашањето односно случајот, бројот на кандидати кои го одговорале, успешноста во одговарањето на истите како и други критериуми кои можат да влијаат на подобрувањето на квалитетот на ловечкиот испит.

(6) Трошоците за полагање на ловечкиот испит се на товар на кандидатот.

(7) Висината на трошоците од ставот (6) на овој член се определува врз основа на реално направените трошоци за полагање на испитот, неопходни за спроведување на испитот, подготовката на базите на прашања, изготвување на материјали и покани и изготвување на уверенија.

(8) Трошоците за полагање на испитот се уплатуваат на сметката на сопствени приходи на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

(9) Потврдата за уплатени средства за полагање на ловечкиот испит кандидатот ја доставува во прилог на барањето за полагање на ловечки испит.

(10) На членовите од стручната комисија од став (1) на овој член им следува паричен надоместок, за што министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесува решение.

(11) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ја пропишува содржината на Програмата за полагање на ловечкиот испит, висината на трошоците за полагање на ловечкиот испит како и висината на надоместокот на стручната комисија за полагање на ловечкиот испит.“

 

 

Член 3

Насловот пред член 58-а се брише и членот 58-а се менува и гласи:

 

“(1) Право на полагање на ловечкиот испит имаат сите полнолетни државјани на Република Македонија кои имаат поднесено барање за полагање на ловечки испит и уплатиле средства за полагање на ловечкиот испит.

(2) Обврската за полагање на ловечки испит не се однесува на лица со висока или средна стручна подготовка од шумарска струка со положен испит по предметот ловство/ловно стопанство и на доктори по ветеринарна медицина со положен испит по предметот ловство/ловно стопанство.

(3) По доставеното барање за полагање на ловечки испит и уплатените средства за полагање на ловечкиот испит до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кандидатите кои го исполнуваат условот за полагање на ловечкиот испит писмено се информираат за датумот и времето на полагање на ловечкиот испит најмалку пет работни дена пред одржување на ловечкиот испит, на адреса на живеење наведена на барањето за полагање на ловечкиот испит од страна на кандидатот, како и преку веб страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

(4) Ако кандидатот по информирањето за датумот и времето на полагање на ловечкиот испит не присуствува на полагањето на испитот, се смета дека не го положил истиот.

(5) По исклучок од став (4) на овој член, ако кандидатот после информирањето за датумот и времето на полагање на ловечкиот испит поради оправдани причини не може да присуствува на денот на полагањето на испитот (болест, породилно отсуство, школување во странство и слично), а за тоа пред одржувањето на испитот го извести Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, има право да полага во наредната испитна сесија, врз основа на претходно доставеното барање за полагање на испитот.

(6) Пред почетокот на полагањето на ловечкиот испит, стручната комисија за полагање на ловечки испит го утврдува идентитетот на кандидатот со увид на лична карта.

(7) На кандидатот за време на полагањето на испитот не му се дозволува да контактира со други кандидати или лица, користење на текстови на закони, закони со коментар и објаснување, мобилен телефон, преносни компјутерски уреди и други технички и информатички средства, претходно подготвени предмети и слично.

(8) Доколку кандидатот при полагањето на испитот постапува спротивно од ставот (7) на овој член, нема да му се дозволи натамошно полагање на испитот во таа испитна сесија и се смета дека кандидатот не го положил ловечкиот испит за што истото се констатира во записникот за полагање на ловечки испит.

(9) За спроведениот ловечки испит стручната комисија за полагање на ловечки испит води записник.

(10) Се смета дека испитот го положил оној кандидат кој точно одговорил на најмалку 51% од прашањата од првиот дел (теоретски дел), и најмалку 51% од вториот дел (практичен пример) од испитот.

(11) На кандидатите кои го положиле испитот, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство им издава уверение за положен ловечки испит.

(12) Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ги пропишува формата и содржината на барањето за полагање на ловечки испит, формата и содржината на уверението за положен ловечки испит како и формата и содржината на записникот за спроведениот ловечки испит.“

 

Член 4

Насловите пред членовите и членовите 58-в, 58-г, 58-д, 58-ѓ, 58-е, 58-ж, 58-з, 58-ѕ, 58-и, 58-ј, 58-к, 58-л, 58-љ, 58-м, 58-н, 58-њ, 58-о, 58-п, 58-р, 58-с и 58-т се бришат.

 

Член 5

Во членот 75 по ставот (3) се додава нов став (4) кој гласи:

„(4) За констатираните неправилности ловниот инспектор покренува прекршочна постапка.“

 

Член 6

Во членот 77, во ставот (1) точката 6) се менува и гласи:

 

„правното лице не ги достави доказите и програмата (член 37 став (4));“

 

Точките 7-а) и 7-б) се бришат.

 

Член 7

Во членот 78 став (1) во точката 16) зборовите „ставови (2), (3), (4), (5) и (6)“ се заменуваат со зборовите „ставови (2), (3), (4), (5), (6) и (8)“.

 

По точката 19) се додава нова точка 20) која гласи:

„20) не поседува потврда за потекло на дивечот и неговите делови (член 65)“.

 

Точките 20), 21), 22), 23) и 24) стануваат точки 21), 22), 23), 24) и 25).

 

Член 8

Во членот 79 став (1) во точката 18) во заградата по зборовите „и (3)“ се додаваат зборовите “и член 65“.

 

Член 9

Членот 80-а се брише.

 

Член 10

Подзаконските акти утврдени со овој закон ќе се донесaт во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.

 

Член 11

Започнатите постапки за полагање на ловечки испит до денот на влегувањето во сила на овој закон ќе завршат согласно одредбите од овој закон.

 

Член 12

Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за ловството.

 

Член 13

Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија“.

 

 

 

Деновиве во Македонија се шири вест дека поголем број видни јавни личности и политичари, помеѓу кои и еден бивш премиери, поранешен министер, пратеник и амбасадор, на 31 март учествувале во организиран лов во ЈПУЗПП “Јасен“, при што за околу еден час застрелале дури 57 диви свињи од кои 21 биле со трофејна вредност и за својата страст платиле 2.400 евра. 

Ваквите ловови во кои има голема количина на застрелан дивеч им даваат на активистите за заштита на животните и на екологистите доволно материјал да ги оцрнуваат сите ловци дека основна цел им е само да ги убиваат животните, иако тоа не е суштината на ловството. Затоа во денешно време, зборот на екологистите и на активитите за заштита на животните има поголема тежина од зборот на ловците, што има негативно влијание врз самото ловство.

Од Агенцијата за храна и ветерина пристигна една лоша и една добра вест. Лошата е дека во Македонија дивечот е опасен за консумирање, а добрата е дека тие добро си ја завршиле работата и на време укажуваат на оваа опасност.

Директорот на Агенцијата за храна и ветерина Зоран Атанасов на прес конференција изнесе одредени податоци добиени од нивната работа кои може да бидат многу корисни за ловците и нивните фамилии.

Според нивните анализи, црниот дроб од дивечот е ризичен по здравјето на луѓето, поради што Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира граѓаните да не го конзумираат.  Анализата на оваа агенција направена во периодот 2002-2017 година покажува и до десет пати поголеми концентрации на тешки метали од дозволените во црниот дроб на дивечот.

Малкумина знаат дека врвниот голгетер и фудбалер од висока класа Златан Ибраимовиќ е пасиониран ловџија. Овој фудбалер кој има голем број фанови во нашата држава, минатиов викенд пријатно ги изненади штипјани, кои долго време со голема недоверба го гледаа неможејќи да им поверуваат на очите дека во нивнот друштво е токму тој, а е некој што многу личи на него.

Веќе подолго време предупредувам дека постои голема опасност од појава на болест по дивите свињи која ќе ја десеткува нејзината популација. На почетокот повеќето не ме сваќаа серозно, но како одминува времето опасноста станува се пореална. Не треба да си нешто посебно паметен или некаков си визионер, туку едноставно треба да се пратат состојбите со дивечот во Европа и во соседството па да се извлечат такви заклучоци.

Како резултат на големата бројност на овој вид дивеч во нашата земја кој во последниот перод е во страшно голема експанзија, големиот број одгледувачници и оградени ловишта во кои дивечот се одгледува во голема густина и со минимални мерки за ветеринарна заштита, постои опасност да ја испровоцираат природата да си најде механизам како самата да ја регулира нејзината бројност. Потребно е само некаде да се појави иницијална каписла и големата бројност и густина на дивата свиња да предизвика експлозија на болеста.

Серијата несреќи при лов кои ја зафати нашата држава продолжуваат. За жал новата година започнува со неубава вест за сите ловџии, па се надевам дека тоа може да биде добра поука за сите ловџии добро да внимаваат каде и во што пукаат.

Во последниот ден од старата година ловџија од беровското село Будинарци околу 12 часот во атарот на ова село, кај месноста викана „Лесови ливади“, мислејќи дека пука во дивеч “уловил“ соселанец.

Ловот е исклучителен опасен спорт, при кој доколку учесниците во него не се придржуваат до строгите безбедносни мерки и процедури, може да има фатални последици по нив. Најнов доказ за тоа е несреќата која се случи во близина на браната Водоча кај Струмица, каде едно лице починало откако било повредено од ловна пушка во пределот на главата за време на лов на диви свињи.

Конечно дојде и тој долго очекуван момент кога ќе влезат во процедура новите измени и дополнувања на Законот за ловството. Првичен впечаток е дека овие измени и дополнувања се насочени кон подобрување на условите за развој на ловниот туризам, но има и одредби кои се во полза на ловците како што е враќање на старата форма на полагање на ловечки испит.

За жал во изминативе години во Македонија со стапици или т.н. примки, се нанесуваат огромни штети на дивечот. Не ми е јасно како до сега државата не снајде сили и начин де справи со оваа девијантна појава во ловството, која се чини дека од година во година зема се поголем замав. Ловните друштва и концесионерите се во постојана борба со ваквите ловокрадци и уништувачи на дивечот, но без соодветна подршка од институциите, нивните напори се јалови.

Page 1 of 21

Weather

Mostly clear

11°C

Skopje

Mostly clear
Humidity: 85%
Wind: WSW at 6.44 km/h
Thursday
Sunny
8°C / 23°C
Friday
Mostly sunny
10°C / 24°C
Saturday
Mostly sunny
7°C / 23°C
Sunday
Rain
6°C / 17°C

Translator

Visitors Counter

818082
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
581
523
1104
8921
818082

Your IP: 54.166.207.223
Server Time: 2018-10-16 23:46:04
Web Analytics