Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Заштитниците на животните наспроти ловците

Posted by  Published in: Култура, етика и обичаи

 Од страна на екологистите, т.н. заштитници на животните, ловците постојано се обвинувани дека само ги убиваат дивите животни и воопшто не се грижат за нив. Со овој текст нема да ја омаловажувам работата на екологистите и да докажувам кој повеќе се грижи за дивечот, туку само ќе се обидам да укажам на некои факти кои се однесуваат на постојаната, скапа и макотрпна работа на ловците поврзана со одгледувањето и заштитата на дивечот. Нема да коментирам за активностите на т.н. заштитници туку ќе оставам самите да си кажат од кои нивни активности дивечот има директна полза.

 Ловството е старо колку и човекот и тоа е длабоко врежано во неговите гени. Човекот низ историјата еволуирал токму благодарение на ова негова дејност, која од начин на задоволување на потребата за храна и начин на преживување, во денешно време еволуирало во стопанска дејност и здрав спорт кој се одвива во природа и на чист воздух. Во современото општество основна цел на ловството не е обезбеување на храна за човекот (со исклучок на некои племиња во џунглите), туку грижата за дивечот преку спроведување на низа мерки за негово одгледување и заштита. За подобро спроведување на овие мерки територијата на нашата држава е поделена на поголем број ловишта чија големина зависи од поголем број на фактори. Главна цел при стопанисување со ловиштата е да се воспостави една биолошка рамнотежа со што штетите врз дивечот и од дивечот ќе бидат сведени на минимум.

Во прилог на ова ќе го посочам фактот што има ловишта во кои од разни причини (болести, временски непогоди, пожари и сл.) бројноста на дивечот е сведена на минимум, поради што во нив не се врши лов на дивечот и сите активности на ловците се насочени кон нормализација на бројноста на дивечот во рамките на капацитетот на ловиштето.

Палетата на мерки и активности кои ловците редовно ги прземаат за директно да му помогнат на дивечот е доста голема и разновидна. Тие од ловците бараат да вложат многу љубов, труд, енергија, време и пари, за дивечот да го добие неопходното внимание и заштита. Дел од овие активности кои ловците ги применуваат за одгледување и заштита на дивечот, се следниве:

-        организирање на постојана ловочуварска служба и формирање на ловечки патроли за чување на дивечот,

-        одржување на мирот во ловиштето,

-        пратење на бројната состојба на дивечот и неговите предатори,

-        пратење на неговата здравствена состојба и интервенирање во сузбивање на болестите,

-        отстранување на умрените животни за да не дојде до појава на заразни болести,

-        чување на ловиштата од пожари, а при појава на пожар гаснење и спасување на дивечот,

-        спасување на дивечот при временски непогоди (поплави и сл.),

-        набавка и производство на храна за дивечот,

-        прихрана на дивечот со крми и минерални материи,

-        изградба на складишта, хранилишта, солишта, поилишта и калишта,

-        подобрување на прехрамбениот потенцијал во ловиштата,

-        изградба на ремизи и крмни ниви,

-        садење на плодоности видови дрвја и сочувување на постојните,

-        одржување на бројноста на предаторите во подносливи граници со што ќе се минимизираат неговите штети врз дивечот,

-        вештачко производство на дивеч,

-        збогатување на ловиштата со дивеч и др.

Како што се гледа, долг е списокот на активности кои ловците ги превземаат за одгледување и заштита на дивечот во ловиштата и навистина е неблагодарно да им се негираат трудот и средствата кои му го посветуваат на дивечот. Многу пот, крв и солзи се пролеани за спасување, прихрана и чување на дивечот. Неретко ловците товарени со вреќа на грбот газат по неколку километри длабок снег за да стигнат до местата каде се наоѓа дивечот за да го нахранат и спасат од глад. Ваквата пожртвованост никој не ја бара од нив туку тоа го прават од љубов кон дивечот и природата. Ловците ја имаат главната улога во заштитата на дивечот и тие со сите сили несебично се трудат тоа да го направат најдобро што можат.

Треба да се има во предвид дека ловците своите активности не ги извршуваат инстиктивно и произволно, туку врз основа на вековното искуство и научните сознанија на науката ловство која ја третира токму оваа проблематика. Така на пример, ловците количината и видот на храна потребна за задоволување на дневните и годишните потреби на дивечот не ја утврдуваат произволно, туку врз основа на разни научно дефинирани норми и пресметки прецизно се утврдува потребната количина и видот на храна за секој вид посебно. Со тоа се овозможува дивечот храната да ја има во доволни количини, со содветен квалитет и во оној период од годината кога таа му е најпотребна.

Благодарение на активностите и напорите на ловците, во нашата држава успешно е извршена интродукција и реинтродукција на некои видови дивеч кои во минатато или не биле присутни или исчезнале од територијата на нашата држава. Така на пример, во повеќе ловишта извршено е населување со обичниот елен кој во минатото природно живеел на територијата на нашата држава, додека благодарение на интридукцијата денеска кај нас се сретнуваат фазанот, еленот лопатар, муфлонот и ред друг вид на дивеч кои во нашата држава природно никогаш не биле застапени.

Од голема важност за опстанок на дивечот е и одржување на бројноста на неговите предатори во подносливи граници и отсранување од ловиштата на кучињата скитници и мачките. Многу ловци биле сведоци на страотни глетки од масакри на волците врз срните во текот на зимските месеци кога поради високиот снег срните неможат да бегаат. На овој начин се уништувани цели крда срни при што на сите страни имало остатоци од нив.

Исто така и кучињата скитници и мачките се големи штетници врз дивечот. Тие предизвикуваат големи штети врз ситниот дивеч бидејќи ништат цели гнезда од полски еребици, фазани и други птици кои се гнездат на земја. Од нив страдат и малите зајчиња во леглата кои се лесен плен за нив.

И застрелот на дивечот има одгледувачки карактер. Тој се заснова на строго утврдени правила и критериуми со кои се гарантира формирање на стабилни популации на здрав и отпорен на болести дивеч. Со навремено интервенирање врз заболените и физиолошки слабите грла дивеч се превенира проширување на болестите кои може да редуцираат и до 90% од дивечот во ловиштето. Исто така и одржувањето на неговата густина има влијание врз појавата и проширување на болестите, поради што постојано се тежнее да се одржи една биолошка рамнотежа во рамките на капацитетот на ловиштата.

Ловците не само што му помагаат на дивечот, туку не ретко и учествуваат во разни акции за спасување на изгубени или повредени планинари. Престојот во природа и соочувањето со опасностите кои таа ги крие во себе, кај ловците го развива хуманиот карактер па тие несебично има помагаат на луѓето кои се нашле во опасност во планините. Ваков пример имаше неодамна кога ловците од Битола активно се вклучија во потрагата по изгубениот планинар на Пелистер, кој беше успешно спасен. Благодарение на нивното искуство и познавање на теренот ловците од Битола точно посочива каде може да се наоѓа изгубеното момче.

На крај би им порачал на сите вљубеници во природата и дивечот, на сите кои сакаат да му помогнат на дивечот да ги преброди неповолните периоди, да им се приклучат во извршувањето на редовните активности кои ловците ги преземаат за одгледување и заштита на дивечот. Всушност на лов не се иде само со пушка туку постои и т.н. фото-сафари во кој сите љубители на дивечот и природата со фотоапарати ги овековочуваат своите средби со дивечот.

 

Weather

Clear

-5°C

Skopje

Clear
Humidity: 76%
Wind: W at 3.22 km/h
Thursday
Mostly cloudy
-3°C / 1°C
Friday
Cloudy
-2°C / 1°C
Saturday
Scattered showers
0°C / 4°C
Sunday
Scattered showers
0°C / 5°C

Translator

Visitors Counter

861079
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
163
674
1449
8430
861079

Your IP: 54.82.10.219
Server Time: 2018-12-12 05:01:16
Web Analytics