Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Лов на диви свињи – ризичен но возбудлив

Posted by  Published in: Култура, етика и обичаи

 Секој ловец во октомври брза да и се препушти на најмашката возбуда во овој спорт - лов на диви свињи. Таа е ризична, но и со ништо споредлива авантура по задоволство и пресврти. Дивата свиња е интелигентно шумско животно. Се смета дека неговиот мозок по структура најмногу е близок до човечкиот. Истовремено тоа е и многу моќен ѕвер, со извонредна брзина и подвижност. Кога ќе се залета, може да се спореди со булдожер. Черепот му е исклучително цврст, а вкупната маса на телото често му варира помеѓу 100 и 300 килограми. Разбеснетиот вепар обично се нафрла врз непријател, го соборува и го раскинува со забите, кои можат да достигнат во должина до околу 30 cm, при што дуелот е многу суров.

 Затоа на чека за диви свињи ловецот секогаш треба да се смести зад дрво или друг вид на заштита. Покрај тоа, треба да внимава ветерот да не му дува од зад грб и пред ловот да не користи дезодоранс и колонска вода. Сето ова е потребно бидејќи со силно изоштреното сетило за мирис дивата свиња брзо ги намирисува непријателите, иако видот и е доста слаб. Од истата причина и пушењето на чека не е допуштено. Движењата при нишанење и пукање треба да се мазни. Наглите гестови го издаваат ловецот и ја настрвуваат дивата свиња, а ако таа се стрча со главата кон него, може не само да се испушти "златниот" истрел, туку и поголема беља да стане. Речиси и да нема ловна сезона која што поминала без да има повредени од дуел со дива свиња.

Треба да се знае дека ако пред ловецот излезе цело крдо диви свињи, најдобро е да се пропушти водечката. Тоа обично е стара искусна женка, околу која се оформува крдото. Приплодите се најпогодни за отстрел. Кога ловецот ќе застрела дива свиња, не треба да започне веднаш да се радува на трофејот. Ако дивата свиња мрда, задолжително е пред да тргне кон погодениот ѕвер да се наполни пушката. Можно е одненадеш да се појават уште свињи, а покрај тоа и погодената може да е само зашеметена и одеднаш да скокне и да го повреди ловецот.

Цела атракција е поделба на уловениот дивеч. Златно правило при ловот е секој од дружината да добие еднаков дел на другите. Односно за секој треба да има по еден дел од бутот, од плешката, од изнутриците и др., додека главата задолжително му припаѓа на авторот на мајсторскиот погодок. Сепак, пред месото да се најде по трпезите, задолжително мора да се помине и уште една процедура - проверка за трихинелоза во специјализирана лабораторија. За жал, познати се неколку случаи кога по ловот поради игнорирање на оваа процедура ловци завршиле во болница...

Тоа е уште една причина повторно да се напомне дека нема еднаков по ризик како ловот на диви свињи. Можеби токму и заради тоа тој им е толку омилен на онаа раса мажи, за кои ловот првенствено е начин да си се докажат самите на себе.

 

 

Weather

Cloudy

17°C

Skopje

Cloudy
Humidity: 46%
Wind: ENE at 6.44 km/h
Wednesday
Partly cloudy
13°C / 27°C
Thursday
Partly cloudy
12°C / 26°C
Friday
Partly cloudy
10°C / 27°C
Saturday
Rain
13°C / 26°C

Translator

Visitors Counter

698381
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
204
544
748
15925
698381

Your IP: 54.81.71.187
Server Time: 2018-04-24 08:44:46
Web Analytics