Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Ловечка етика

Posted by  Published in: Култура, етика и обичаи

 Зборот етика потекнува од грчкиот збор “етикос”, што значи морален или смирен и опфаќа начела, критериуми, мерила и правила кои ги поставува заедницата, одредена група или сталеж. Ловната етика опфаќа збир на (воглавни непишани) начела и правила кои се поставуваат пред ловците како посебна и специфична група на луѓе кои доброволно се здружиле во организација, чија главна цел е пред се одгледување и заштита на дивечот, а потоа и лов како дел од рационалното и планското стопанисување со ловиштата. Мудриот Сократ забележал дека способностите зависат од знаење, за на тоа Аристотел да би додал дека освен знаење е потребна и воља.

 Ловот во денешното време претставува во прв ред вид на рекреација и релаксација, низ задоволување на еден вид на хоби, чие упразнување не е нималку едноставно но е интензивно и забавно. За да би се остварило сето тоа, ловецот треба да се придржува, на прв поглед не така значајните правила, чие неприменување би можело да влијае на расположеноста и чувствата на другите ловци или учесници во ловот.

Пристојниот ловец на поканата во ловот ќе одговори на поканата и ќе го потврди доаѓањето или ќе го одбие и ќе се заблагодари на организаторот. Ако ја прифатил поканата, ќе се потруди на закажаното место за почетокот на ловот да пристигне на време. Исто така, ако лови со својата група или друштво, ловецот за да не го чекаат другарите на време ќе дојде на местото од каде секогаш тргнуваат во лов.

Во лов се оди наспиен и трезен. Сонливоста и мамурлакот можат да бидат причина на несреќи при лов, а сигурно доведуваат до лоши резултати, па со тоа и до незадоволство, како кај самиот ловец така и кај другите ловци. Пред поаѓање на лов и за време на ловот не се пијат алкохолни пијалоци, бидејќи можат да бидат причина за многу непријатности и несреќи. Организаторот на ловот, ловникот или водашот на групата, не би смееле да му дозволат на пијаниот ловец да учествува во ловот, бидејќи и самите ќе сносат одговорност за евентуалните несреќи кои би можеле да се случат за време на ловот. Пијаниот ловец ловникот или некое друго лице ќе го отстрани од ловиштето, а неговото оружје ќе го испразни и ќе го стави во футрола.

Ловецот за време на ужината или доручекот во текот на ловот, ако донел храна за себе нема да се дели и да јаде сам. Останатите учесници во ловот во таков случај за него ќе стекнат слика на себичен човек. Ловот е другарски излет во природата па така и треба и да се однесуваме.

Пред одморот за јадење, за да не им смета на останатите додека се одмараат и уживаат во меѓусебните контакти, ловецот своето куче ќе го одвои на страна, ќе го врзе, нарани и напои. Треба да се внимава да не се зборуваат невкусни приказни, фалење и гордеење поради евентуелниот успех во ловот. Ловецот кој се однесува така нема да биде добро прифатен од останатите ловци.

Ловецот почетник во прво време не би требало да иде на лов со поголем број на учесници. Неопходно е прво да стекне искуство ловејќи со својот ментор и со два три постари ловци, кои ќе го обучат на само како да лови туку како да се однесува, како во текот на ловот, така и пред и после ловот. Дури кога тие ќе дадат позитивно мислење за ловецот почетник, тој ќе може да се приклучи на поголемите друштвени ловови.

Уредното плаќање на членарината и исполнување на останатите материјални и работни обврски кон ловечкото друштво е прашање на ловечката чест. Неисполнувањето на обвските може да ги загрози некои дејствија на друштвото за унапредување на ловиштето и за одгледување на дивечот. Покрај тоа, таквите постапки останатите ловци ќе ги оценат лошо и таквиот ловец нема да биде омилен помеѓу нив.

 Ловечкото друштво давајќи му на ловецот дозвола за лов, очекува од него дека секогаш и во секоја пригода ќе се однесува како чувар на дивечот и на природата во која дивечот живее; се очекува од ловецот дека тој ќе се ангажира во борбата за очувување на природните услови на дивечот. Затоа тој доколку забележи дека некој причинува штета на природата или дивечот со употреба на недозволени средства за лов или со употреба на такви средства во хемијски или некој друг штетен облик при работа во шума или во поле, ќе пријави во своето ловечко друштво или на соодветните органи, како би се спречила штетата, а последиците санирале. Исто така, ако ловецот забележи ловокрадец, угинување или болест на дивечот, загадување на теренот или некоја друга негативна појава, тоа треба веднаш да го пријави во организацијата која стопанисува со ловиштето. На тој начин ќе се спречи осиромашувањето на ловиштето и ќе допринесе за заштита на природата и дивечот во неа.

Во текот на ловот или дружејќи се надвор од ловот, ловците меѓусебно ќе си разменуваат информации и сознанија за ловиштето и дивечот. Своите искуства ќе ги пренесуваат на другите, а посебно на младите ловци. При тоа ќе избегнуваат своите искуства да ги прогласат единствено важечки и единствено прифатливи.

За успешно занимавање со лов, заштита и одгледување на дивеч, на ловецот му се неопходни основни познавања на современите и научните достигнувања од областа на ловот. До тие сознанија ќе дојде преку читање на ловечки гласила и на друга литература за лов, преку посетување на настава, семинари како и изложби за ловството, заштита на природата и дивечот.

За оружјето, муницијата и другите сретства за лов истотака постои доволно литература, со што најмногу се занимава ловечкиот печат. Ловецот затоа, кога ќе биде во можност ќе ги чита овие четива, ќе ги проширува своите сознанија, како поуспешно би се занимавал со ловот и со заштита на природата и дивечот. Доколку во тоа има подобри резултати и неговото задоволство ќе биде поголемо и попотполно.

Припадноста кон одредено ловечко друштво или организација ловецот ќе го изразува со разни знаци и значки, облека и други обележја, кои се утврдуваат со правилници или се дел на непишани ловечки обичаи. Како за време на ловот така и надвор од ловот, на ловечките прослави ловецот има и право и должност таквите обележја јавно да ги носи и на тој начин да ја искажува својата припадност на ловечкото друштво или организација.

Weather

Mostly sunny

25°C

Skopje

Mostly sunny
Humidity: 58%
Wind: W at 6.44 km/h
Saturday
Mostly sunny
18°C / 30°C
Sunday
Partly cloudy
16°C / 31°C
Monday
Partly cloudy
16°C / 28°C
Tuesday
Partly cloudy
15°C / 30°C

Translator

Visitors Counter

778482
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
307
411
2032
10288
778482

Your IP: 54.161.49.216
Server Time: 2018-08-17 09:55:34
Web Analytics