Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Историјат на пушката “мартинка“ на нашите простори

Posted by  Published in: Култура, етика и обичаи

Речиси не постои ловец и љубител на оружјето, кој меѓу илјада пушки од прва нема да ја препознае војничката пушка од системот “Хенри -Мартини“, или во краен случај нема таков кој не слушнал за неа. Како куриозитет стои фактот дека дури во македонските народни песни се спомнува името на познатата комитска пушка “мартинка“. Меѓутоа малку луѓе знаат дека во Македонија постојат и оригинални примероци од овој тип на пушки кои биле правени исклучиво за лов.

Од досега познатите податоци има докази за постоење на само три вакви примероци од овие пушки на територија на Република Македонија. На две од нив им се губи трагата во времето, на балканските воени ветрометини, од почетокот на минатиот век. Третата и единствена ловна “мартинка“ се наоѓа во Скопје и е во одлична состојба, па нејзиниот сопственик со неа се уште активно лови шатки и друг прелетен дивеч.

Станува збор за ловечки карабин во калибарот “16“ со нежлебена цевка која има лежиште од 65 милиметри. Единствената разлика од воената верзија на “мартинката“ е во тоа што сандакот на пушката има поголеми надворешни засеци, направени, се разбира, за полесно вадење на ловната чаура, а и цевката на ловната варијанта на “Хенри - Мартини“ е пократка за десетина сантиметри од оригиналната војничка пушка.

Пушката е донесена од Америка, во 1885 или 1886 година. Испораката на пушката се извршила во солунското пристаниште, каде за неа биле платени 14 турски лири (сегашна противвредност од 700 евра). Со истиот брод пристигнале уште две идентични пушки, кои биле наменети за дебарскиот валија, и за некој турски достоинственик од Струмичко. Пушката се наоѓа во моето семејство, во активна употреба веќе пет генерации и речиси никогаш не затаила, - раскажува Златко Јовановски од Скопје, сегашен сопственик на пушката. Според познатите историски податоци “мартинката“ е спој на две пушки изработени од натурализиран швајцарец со унгарско потекло и англичанец кои кон крајот на 19 век независно еден од друг изработиле две по принцип на работа “слични“ пушки. Инженерот од унгарско потекло, Фридрих Мартини во својата работилница во швајцарија во 1871 година, прави пушка на која го става усовршениот затворач на Пибоди. Во исто време единбуршкиот мајстор, Александар Хенри, прави пушка што ја патентира со нов тип на цевка со 7 жлебови базиран на муницијата во калибар .450 инчи (11,43 mm).

Британската армија, во тоа време барајќи замена за веќе застарената пушка “Шнајдер“ со која биле вооружени војниците на кралицата Викторија, ги комбинира двата системи и така настанува “балканската ѕвезда“: “Хенри - Мартини модел М1871 марк 1“, во нашите краеви позната и како “мартинка"“, Освен Британија, за пушката се заинтересирале и Романија и Турција, како и некои западно-европски земји. Турција уште истата година ја откупува лиценцата за производство, а самата продукција на пушката и ја доверува на американската фирма "Провиденс Тул". До “Руско - Турската“ војна во 1876 - 78 година, на турската армија и биле испорачани за тоа време импозантни 650.000 парчиња од ова оружје. Во војната поголем број од нив е уништен, па Цариград во 1881 купува уште 100.000 пушки. Покасно, дел од овие пушки е “осовременет“ со измена на калибарот во 7,65 mm.

Турското оружје од ова време, од едната страна на сандакот на пушката, на англиски јазик и со латинично писмо, го има називот на производителот, а, на другата страна од сандакот, серискиот број, царските ознаки (тугра) и поделците на нишанот, биле изгравирани на турски јазик, со арапско писмо. Популарноста на пушката, на овие простори била огромна, па дури нејзиното име и квалитет биле вметнати и во народните песни, се разбира под општо прифатеното име - “мартинка“.

Во Македонија некои мануфактури започнале да прават и нејзини копии, во почетокот, мајсторите пушкари, криумчареле “маузерови“ цевки, кои потоа ги навртувале на рачно изработените затворачи од типот “мартини“. Меѓутоа на тогашниот пазар се појавиле и многу лоши копии, од оваа пушка, кои целосно биле изработени во занаетчиските работилници од овие простори, и на кои невешто биле копирани оригиналните натписи на пушките.

Секако, постоеле и квалитетни копии. Најважните копии, надалеку прочуени низ Отоманската империја, биле изработувани во мануфактурите во Ѓаковица и Тетово. Тамошните мајстори дури изработувале и цевки од меко железо за пушките, кои немале жлебови. Квалитетот на ова оружје бил очаен, но, повеќе од достапен за жителите на Отоманската империја. Во 1907 година, ако една оригинална “мартинка“ се продавала за 150 круни, копиите биле со цена од само 25 круни.

Познавачите на оваа проблематика, знаат дека тетовските пушкари изработувале и кратки варијанти, т.н. “кратежи“, кои биле продавани како пиштоли, но, се смета дека тоа било правено само за полесно криење на огненото оружје под облеката.

Од досега сочуваните примероци кај колекционерите, може да се види дека станува збор за идентично оружје како и пушката, но сразмерно намалено. Должината на цевката може да е различна од примерок до примерок, што најверојатно се должи на индивидуалната желба на купувачот.

 

Weather

Clear

-5°C

Skopje

Clear
Humidity: 79%
Wind: W at 4.83 km/h
Thursday
Mostly cloudy
-3°C / 1°C
Friday
Cloudy
-2°C / 1°C
Saturday
Scattered showers
0°C / 4°C
Sunday
Scattered showers
0°C / 5°C

Translator

Visitors Counter

861138
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
222
674
1508
8489
861138

Your IP: 54.82.10.219
Server Time: 2018-12-12 05:42:51
Web Analytics