Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Ловецот и природата

Posted by  Published in: Култура, етика и обичаи

 

Ловот во потесна смисла претставува најмногу спорт, разонода, хоби и рекреација на современиот човек кој е отуѓен од природата, на човекот кого сеуште го потикнуваат нагоните и чувствата колку е тоа возможно повторно да се врати на природата, всушност да се врати самиот на себеси. Ловот му овозможува на човекот барем привремено да се отргне од секојдневието оптеретен со грижи, работа, сообраќај, смог, судири со себе и со ближните. За време на ловот, колку и да е напорен, ловецот се одмара уживајќи како во убавините на природата и дивечот така и во дружењето со другите ловци кои се со различни професии и социјални статуси.

 

 Дружејќи се во природата и со природата, воочувајќи ја сета убавина на растителниот и животинскиот свет, човекот се оплеменува и ги збогатува своите чувства и својот однос, како кон природата, така и кон себе и кон другите што го опкружуваат. Вистинскиот ловец сето тоа го доживува до толку посилно и подлабоко бидејќи тој и надвор од ловната сезона е во контакт со дивечот; се грижи за него, го храни и го чува од грбливците и штетниците, невремето и гладот. Tоа што ловецот одгледувач за време на ловната сезона лови дивеч, кој што го одгледува и чува, на ја намалува вредноста на неговата интервенција во природните односи на дивечот и неговата животна средина. Планското и рационалното искористување на дивечот низ лов е составен дел од современото ловно стопанисување.

Современите еколошки услови, изградбата на сообраќајниците, населбите и индустријата и интензивното земјоделско производство ги намалуваат просторните, прехрамбените и другите услови за опстанок на дивечот. Ловецот со својата активност треба да ги ублажи влијанијата на тие промени кои негативно влијаат на животот и размножувањето на дивечот.

Ако дојде до нагло намалување на бројноста па и исчезнување на некои видови на дивеч, човекот треба сериозно да се загрижи како за својот живот и својата иднина така и за животот и иднината  на генерациите кои што доаѓаат. Човекот всушност, живее во иста средина во која што живее и дивечот, јаде иста храна или храна по потекло од исто месторастење , пие иста вода и го дише истиот воздух. Она што се случува со дивечот во влошените еколошки услови, истото го чека и човекот во поблиската или подалечна иднина. Затоа е неопходно, не само ловците туку и сите љубители и заштитници на природата да се борат како за подобрување на животните условите на животинскиот свет така и за негово зачувување и унапредување.

Секој ловец треба да се радува кога кога наместо “мртва природа” ќе види дека животот зрачи во неговата околина, дека покрај него во природата има и други живи суштества, дека тие се здрави и дека се размножуваат. Радоста е до толку поголема доколку и самиот ловец со својата работа и сопствени средства допринел за тоа.

 Постојаното настојување на општеството да се ублажат и поправат многуте нарушени природни услови на животната средина, всушност е пат за да му се овозможи биолошки опстанок. Кога се работи за дивечот и неговото местоживеење, улогата на ловецот е скоро незаменлива. Од тука човекот кој ќе се определи за лов, кој што сака да стане ловец се соочува со голема лична одговорност за одгледување, заштита и рационално искористувањена дивечот. Должност на ловецот е пред се заедно со останатите сегменти на општеството да придонесе плански и рационално да се искористуваат природните богатства, па и дивечот како нивен составен дел.

Ловот на дивечот е остаток од праисконски нагон, “атавистично” наследство од предците кои живееле од ловот. Ловејќи дивеч, хранејќи се со неговото месо и облекувајќи се со неговото крзно, човекот низ историјата преживеал многу катаклизми, па поради тоа современиот ловец кој се занимава со ловот пред се од спорт, должен е да се грижи за дивечот и на тој начин да ја искажува својата благодарност кон природата и кон дивечот за се она што тие му го овозможиле низ вековите на постоење.

Дивечот не е само предмет на спорт и забава на ловецот, туку претставува и големо економско богатство, кое се користи не само заради месото и крзното, туку и по пат на ловен туризам. Затоа пред приемот на идниот млад ловец потребно е да се провери какви се неговите погледи на изнесените прашања и односи, па дури после тоа да се одлучи дали тој е погоден да стане ловец, со сите права и должности.

 

More in this category: Ловечка етика »

Weather

Mostly sunny

25°C

Skopje

Mostly sunny
Humidity: 58%
Wind: W at 6.44 km/h
Saturday
Mostly sunny
18°C / 30°C
Sunday
Partly cloudy
16°C / 31°C
Monday
Partly cloudy
16°C / 28°C
Tuesday
Partly cloudy
15°C / 30°C

Translator

Visitors Counter

778470
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
295
411
2020
10276
778470

Your IP: 54.161.49.216
Server Time: 2018-08-17 09:55:08
Web Analytics