Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Буфот и полицаецот

Posted by  Published in: Култура, етика и обичаи

Во развиените држави високо е развиена свеста за заштитата на природата и дивите животни како важен дел од екосистемот. Често по медиумите можат да се видат снимки како стои некое диво животно на патот или преминува преку него, при што се запира целиот сообраќај а возачите стрпливо чекаат животните да се тргнат од него или чекаааат да дојдат одговорните лица за без многу вознемирување да го регулираат ообраќајот.

Иако во нашата држава ваквите сцени се ретки, благодарение на развивањето на еколошката свест на луѓето и ловците кај нас, во иднина и ваквите средби ќе станат честа практика. Таквите случки можат да бидат добра можност луѓето едноставно да уживаат во несекојдневните средби и да најдат малку одмор и релаксација од динамичното и стресно секојдневие.

Тука сепак треба да се напомене дека бројноста на дивечот во нашите краишта сеуште е на ниво кое не дозволува чести средби од ваков тип, сепак убаво е да се негува култ за заштита на дивите животни, што секако ќе допринесе за зголемување на неговата бројност и почести средби од ваков вид.

Во недостаток на слични искуства од нашите краишта ќе пренесеме едно искуство од САД, каде се случила необична средба помеѓу полицаец на должност и млад буф. Имено во сојузната држава Колорадо, полициска патрола при рутинска обиколка наишла на млад буф кој стоел на сред патот. Полицискиот службеник излегол од возилото и внимателно без да го вознемирува му се приближил на буфот. По неколку љубопитни замавнувања со главата младиот буф безбено одлетал, по што сообраќајот можел да продолжи да одвива нормално.

Оваа несекојдневна средба била снимена со една од службените камери кои се дел од опремата на полицајците во овој дел од светот, која надлежните органи решиле да ја споделат оваа снимка преку интернет.

Се разбира дека оваа вест не е сензационална, но има силна порака која се надевам дека ќе допре до многумина.


Weather

Mostly cloudy

13°C

Skopje

Mostly cloudy
Humidity: 64%
Wind: WSW at 11.27 km/h
Monday
Rain
13°C / 21°C
Tuesday
Scattered showers
13°C / 21°C
Wednesday
Rain
13°C / 19°C
Thursday
Scattered showers
13°C / 22°C

Translator

Visitors Counter

746392
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
165
917
5414
16378
746392

Your IP: 54.162.227.37
Server Time: 2018-06-24 01:52:35
Web Analytics