Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Пролетното пребројување на дивечот обврска на добриот домаќин

Posted by  Published in: Култура, етика и обичаи

Без реално утврдена состојба нема ни добри планови за стопанисување. Иако пребројувањето на дивечот е обврска на концесионерите на ловиштата и денеска има концесионери кои оваа најважна задача не ја сваќаат сериозно, па на таков начин и му приоѓаат. Броењето на дивечот се наметнува како потреба при планско стопанисување. Сите концесионери на ловишта кои што знааат што значи пребројувањето на дивечот толку се навлезени во оваа проблематика така што е непотребно да се пишува и да се потсетуваат.

Сепак факт е дека има доста од нив кои што на оваа задача не и посветуваат доволно внимание па се наметнува потребата да ги потсетиме тоа да го направат сега кога завршува зимата и кога поминале т.н. зимски губитоци. Ако при тоа успешно ја завршат оваа задача и ако се утврди “вистинската“ бројна состојба на дивечот во ловиштето, тогаш лесно е да се изработат реални планови за отстрел.

На овој начин не би сме доаѓале во ситуација да ловиме “на памет“ поединечни видови на дивеч и да го изловиме она што природата не ни го дала. Во ваква ситуација и најдобрите ловишта за неколку години се опустошуваат па е потребно два или три пати подолг период за враќање во првобитната состојба во однос на бројот на години во кои сме ја намалувале (несвесно) бројната состојба на било кој одгледуван дивеч.

Тука секако треба да се истакне дека помал дел од концесионерите на ловишта оваа задача ја извршуваат на најстручен и најквалитетен начин и дека во секој момент владеат со ситацијата кога е во прашање бројноста на дивечот во нивните ловишта.

 

Броење на срнскиот дивеч

 

За утврдување на точната состојба на срнскиот дивеч важат одредени начела. За да се изведе успешно броењето потребно е да се познава општата состојба на популацијата на срнскиот дивеч како во март на крајот на ловната година така и после зимските губитоци. Извештаите им се доставуваат на надлежните органи во текот на април, со состојба до 31 март.

Срнскиот дивеч е солитерен вид на дивеч, што значи дека живее поединечно. Најчесто тоа е срна со овогодишно срнче или срнчиња и минатогодишна срна. Срнскиот дивеч е вид кој е цврсто поврзан за својата територија. Оваков начин на живот значително влијае на можноста за точно броење. Грешките се можни и повеќе изразени одколку кај видовите кои што живеат во крда (елен, дивокоза). Вистинската бројна состојба на срнскиот дивеч тешко се утврдува. Ловните стручњаци и ловците треба бројната состојба на дивечот да ја утврдуваат во текот на целата година и во секоја прилика. При секое осматрање задолжително треба да се евидентира што е и каде е е видено од срнскиот дивеч. Ловците треба да го евидентираат овој вид на дивеч во текот на ловната сезона, за време на ловот и за време на осматрањето. Тогаш ќе се добијат најдобри податоци за трофејната структура  и возраста на “сребрењакот“. Во зима кога срнскиот дивеч се собира во крда, тогаш најдобро може да се евидентира вкупната бројна состојба во ловиштата. Срнскиот дивеч најдобро се запознава во текот на зимата, т.е. оние крда кои доаѓаат на хранилиштата. Исто така, во овој период според времето на отфрлање на роговите и степенот на изграденост на новите парози најдобро може да се утврди и староста на срндаците.

Гибитоцита на срнскиот дивеч како последица на ицрпеноста за време на тешките зимски услови и евентуалните паразитски заболувања, се најголеми во пролетта при премин на првата зелена испаша. За време на првите сончеви денови, срнскиот дивеч излегува на шумските чистинки и голини, просеки, ниви и ливади на кои започнуваат да озеленуваат тревата и посевите. Тоа е најповолното време за да се утврди и бројната и здравствената состојба на популацијата. Исто така и при ова прилика забележаното треба да се евидентира.

При пребројувањето на срнскиот дивеч (на крајот на годината) потребно е оваа активност правилно да се евидентира.

Целото ловиште се поделува на погодни помали делови. Бројачи во групи од по два ловци треба да го покријат секој дел од ловиштето. Се установува структурата структурата на крдата според полот и староста (староста е особено потребна да се утврди за срндаците). Сите овие податоци се евидентираат во формуларите за пребројување.

Во овие формулари треба да се впишат податоците според следниве групи: срнчиња според полот, срни и “двизици“ (млади срни стари околу 21 месец). Срндаците треба да ги поделиме во три категории подредени во рубрики (млади до 2 години, дозревни 3-5 години и зрели од 5 години).

Вкупниот број на срнчиња потребно е да се утврди, за на основа на овој број зголемен за зимски отстрел да се утврди реалниот прираст по една срна. Полот на срнчињата потребно е да се утврди затоа што женските срнчиња во летната популација ќе бидат млади срни, а машките - срндаци годишњаци.

За време на пребројување срнчињата имаат сеуште зимски влакна, па половите се полесно разликуваат. Кај женските срнчиња под опашката на белота “огледалце“ се јавуваат жолти флеки на влакната.

Поделбата на срните по старост за време на пребројувањето не е толку значајно, а покрај тоа за веродостојно утврдување на нивната старост потребна е стручност и големо искуство. Меѓутоа, срндаците при пребројувањето и евидентирањето потребно е тие да се поделат според возрасната класа. Возраста на срндаците се утврдува врз основа на телесната градба, држењето на телото, обоеноста и времето на менување на влакното, отфрлање на бастот ...

За време на пребројувањето на основа на бастот не може да се утврди возраста, бидејќи во тоа време тоа е во раст, посебно кај срндаците од I -та возрасна класа. Тие завршуваат со растењето и се очистуваат од бастот дури во почетокот на мај. Роговите во II -та возрасна класа го завршуваат својот раст најчесто во почетокот на април. Само роговјето на повеќето постари срндаци го завршува растењето за време на пребројувањето, а некогаш се очистени од бастот веќе на крајот на март. Ако се процени дека првото пребројување не успеало, тогаш тоа треба да се повтори неколку пати се додека тоа не се заврши успешно.

Веќе истакнавме дека за успешно пребпројување се потребни искусни бројачи. Покрај тоа, персоналот потребно е да е опремен со добри двогледи. Покрај тоа, пожелно е ловиштето да биде уредено, односно да има изградено чеки на места од кои се има широк видик. Ако постои добра мрежа на патишта како превозно средство можат да се користат запреги - коњски коли, посебно во рамночарските и сите лисјарски ридски шуми.

При утврдување на бројната состојба на матичниот фонд, потребна е добра соработка со соседните ловишта, што овозможува да се запознае дивечот на границата на ловиштето и да се знае со кој процент ќе се влезе во планирање (се мисли на граничниот дивеч).

 


 

Weather

Clear

-5°C

Skopje

Clear
Humidity: 76%
Wind: W at 3.22 km/h
Thursday
Mostly cloudy
-3°C / 1°C
Friday
Cloudy
-2°C / 1°C
Saturday
Scattered showers
0°C / 4°C
Sunday
Scattered showers
0°C / 5°C

Translator

Visitors Counter

861103
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
187
674
1473
8454
861103

Your IP: 54.82.10.219
Server Time: 2018-12-12 05:14:45
Web Analytics