Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Ловечки кодекс

Posted by  Published in: Култура, етика и обичаи

 Дивечот завзема значајно место во целокупните односи на општеството кон природата. Современите општествени политички или административни заедници во најголем број на земји, овие односи ги регулира со закон, подзаконски акти, уредби и наредби. Ловечките организации кои делуваат организирано во оваа област, со своите акти (статути и правилници) истотака уредуваат поголем дел од оваа материја. Маѓутоа, постојат комплицирани ситуации и прилики кои не можат да се регулираат со закони или правни акти со императивна сила. Ова се однесува пред се на односот на ловецот кон дивечот, на дружењето на ловците за време на ловот, на контактите на ловците помеѓу себе, како и на други прашања од оваа област. Значи, таму каде што престанува законот, делуваат општествените норми базирани на свеста и совеста, на традицијата и обичаите. Кодексот на ловците зборува токму за тоа.

 Добриот ловец ќе се погрижи самиот тој, а и неговата ловечка организација, секогаш во ловиштето повеќе да внесат, отколку што земат од ловиштето и тоа на начин и во период кога на популацијата од дивечот и се нанесува најмала штета.

Ловецот затоа ќе го лови само оној дивеч чиј отстрел е дозволен во одредено време и во одреден број. Нема да ја подигнува пушката на (привремено или трајно) заштитениот дивеч, а ќе се откаже од намерата да пука на сосема млад дивеч или подмладок, без разлика на тоа дали е ловна сезона или не.

 Вистинскиот ловец никогаш не пука на зајакот во својата дупка или на птица на земја, на гранка или на вода. Тоа е неловечки и неетички. Не се пука исто така околу населени места, фарми па ниту во поле или шума ако таму се присутни работници кои (си ја работат својата тековна работа) ги извршуваат тековните работи.

Никогаш не се пука кон дивеч кој не се препознава или не се гледа најдобро, бидејќи од другата страна може да биде човек или може да се случи да биде отстрелан дивеч чиј лов е трајно забранет или не е предвиден да се лови во тој лов или пак воопшто не е планиран нејзиниот лов. Во лов се пука само тогаш кога дивечот е на домет на пушката и кога ловецот е сигурен ловецот е сигурен дека дивечот ќе го погоди така што ќе го усмрти на лице место и ќе спречи таа да се мачи ранета. Не е ловечки да се радува тогаш кога метата е погодена, но не смртно, па продолжи да трча и лета.

Никогаш не се пука од голема близина, дивечот или ќе се промаши или ќе се оштети и ќе стане неупотреблив. Со сачмарка не се пука на оддалеченост поголема од 50, а со куглара од 150 метри, бидејќи можноста за ранување е голема, а за погодок е случајна.

Ако при лов се наиде на ранет дивеч треба да се пука и да му се прекратат маките. Кога ќе е погоден ситен дивеч, ловецот ќе го запамети местото каде паднал, ќе го пронајде и ќе го земе. Ранетиот дивеч најдобро е да се бара со добро обучено куче. кога кучето ќе го пронајде и ќе го донесе, дивечот може да го земе само сопственикот или водачот на кучето. Тој ќе го предаде на ловецот кој го отстрелал.

  Во лов не се води куче кое нема работен испит или кое е непослушно.

Пред поаѓање на лов треба да се провери исправноста на оружјето. Треба да се понесе со себе доволно куршуми и не треба да се бара на заем куршуми од другите ловци. На дивечот се пука само со соодветна сачма или кугла.

Добриот ловец ќе биде со смирено и воздржано однесување, дисциплиниран и скромен. Ако ловецот е со лоша среќа или немал улов нема да му замерува на ловникот, домаќинот или на другарите, туку ќе се радува на ловечката среќа на другите.

Ако е ловот групен, ловецот нема да протестира поради местото кое му го одредил ловникот, нема самоволно да се поместува од местото кое му е одредено или нема да го менува правецот во кој се движат учесниците, нема да подзастанува и да прави џеп ако ловот е со прогон или е кружен лов.

За време на ловот задолжително е придржувањето кон упатствата на ловникот, знаците на рогот, свирчето или трубата со која се означува почетокот на ловот, затворањето а круговите или завршетокот на ловот. Ако се лови кружно, последе договорениот знак не смее да се пука во кругот, туку само кого дивечот ќе излезе од кругот; не смее да се клекнува или легнува, бидејќи гаѓање од таква положба е опасно како за другите ловци така и за оној кој се однесува така. Во текот на ловот не се пука на дивечот кој се движи или трча кон друг ловец, проаѓа или лета блиску до него. Не се објаснува околу тоа кој го погодил дивечот, доколку на дивечот пкале два или повеќе ловци. Тоа ќе го одреди ловникот врз основа на правилото за ситен дивеч според кое, дивечот го отстрелал оној кој пукал на него последен, а за крупен дивеч се смета дека е отстрелан од страна на тој што пукал прв на него, покрај тоа при групен лов тоа нема никакво значење, дури е и подобро повеќе ловци да мислат дека го собориле дивечот. Себичноста не е особина на добриот ловец, бидејќи во лов не се оди само за да се присвоил дивечот, туку пред се од задоволство, за да се рекреираат и уживаат во чистиот воздух, убавата природа и во пријатното друштво.


 


Добриот ловец ако во ловот се оди со покана, нема самиот себе да се поканува на лов или да бара да добие покана, истотака ако тоа бил групен лов на крајот од истиот нема самиот да си го избира уловот, туку ќе почека уловот да му го предаде ловникот или другиот организатор на ловот. При тоа нема да протестира што добил полош улов од другите.

 Во текот на ловот и ловецот и гонителите ќе водат сметка на да предизвикуваат штета во ловиштето, на посевите, насадите, лозовите насади или објектите. Ако е возможно при ловот на ситен дивеч треба да се заобиколат површините на кои може да се предизвика штета со газење или пукање.

Со пушката ловецот мора да биде внимателен. Постарите ловци кажувале дека пушката е и молња и гром, па така и треба да се однесува со неа. Неопходно е строго да се почитуваат правилата за безбедност со оружјето како за време на ловот така и надвор од него. Да се биде крајно внимателен при ракувањето со оружјето - тоа е правило кое важи секогаш. Според статистиките, од сто несреќни случаи со оружје, само четири настануваат како последица на непредвидливи околности, а сите останати се како последица на невнимателност и непочитување на правилата.

При пристигнување во ловиштето, како при враќање дома, било да се патува со автобус или со воз, пушката се чува во футрола расклопена. Пушката се склопува и се полни дури кога ќе се пристигне до местото каде што почнува ловот и тоа непосредно пред самото тргнување. Таа се испразнува и се полни секогаш свртена кон земјата и на страна од другите ловци и луѓе или свртена во вис. За време на ловот, пушката преломача секогаш е отворена и се држи преку рака, а се склопува дури (непосредно) пред самото пукање. Останатите пушки се носат така што цевката секогаш да им е усмерена кон земјата или во вис.

После враќањето од лов оружјето се чисти, пакува и се остава заедно со муницијата на безбедно место, како не би им било достапно на останатите жители во домот, а посебно на децата. Познато е дека во многу случаи причина на несреќа било тоа што оружјето било достапно на непоканети лица.

Никогаш, баш никогаш, ни во најнаивна шала пушката не смее да се вперува на човек, бидејќи уверувањето дека таквата ситуација е безопасна ако пушката е празна, довело до многу несреќи.

Доколку дојде до оправдани причини поради кои ловецот мора да го напушти ловот, тој тоа може да го направи дури одкога ќе ги обавести останатите учесници во ловот. Во спротивно тие ќе помислат дека на ловецот му се случило нешто и ќе го бараат за да му помогнат. Со тоа им се создаваат големи непријатности како на организаторот така и на останатите учесници во ловот.



Weather

Sunny

18°C

Skopje

Sunny
Humidity: 55%
Wind: E at 6.44 km/h
Friday
Partly cloudy
13°C / 26°C
Saturday
Rain
13°C / 26°C
Sunday
Partly cloudy
14°C / 27°C
Monday
Partly cloudy
13°C / 28°C

Translator

Visitors Counter

699372
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
141
347
1739
16916
699372

Your IP: 54.81.116.187
Server Time: 2018-04-26 09:06:28
Web Analytics