Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Време е за прихранување на дивечот

Posted by  Published in: Култура, етика и обичаи

 Прихранувањето на дивечот во студените зимски денови му овозможува тој полесно да го преброди периодот со мала количина на достапна храна, со што допринесуваме нашите ловишта да бидат побогати со здрав и квалитетен дивеч. Понесени од својата љубов кон дивечот и дивите животни, ловците редовно секоја година вршат прихрана со разни крми и минерални материи. Тие храната на дивечот воглавном му ја изложуваат во посебни ловнотехнички објекти изградени за таа намена, кои храната ја штитат од растурање и расипување.

 Формата и големината на хранилиштата воглавном зависи од видот на дивечот. Тие можат да бидат од наједноставни, па до комлицирани и целосно автоматизирани објекти. Така на пример за полската еребица доволно е храната да им се постави под некоја грмушка, додека за дивите свињи постојат и целосно автоматизирани хранилки кои под одреден режим им ја испуштаат храната во коритата. Сепак би рекол дека е од пресудно значење формата на хранилката, туку најважно е таа редовно да му се изложува на дивечот и тој да ја има во доволни количини.  

Тука вреди да се напомене дека треба да се посвети големо внимание на количината на храна која му се изложува на дивечот, така што количеството на изложена храна не треба да биде ни премало ни преголемо. Доколку се изложува премало количество на храна до неа ќе дојдат само посилните единки кои и без тоа полесно би ја пребродиле зимата, додека при преобемно изложување на храната може да дојде до нејзино расипување што може да доведе до болести на системот за варење кај дивечот и може да има погубни последици врз него.

 

Кога, како и во колкав временски период задолжително треба да се изврши оваа активност ?

 

Зимата во нашите краишта веќе дојде и планините се обелеа со првиот снег. Тие се прекриени со дебел слој на снег што на дивечот му претставува проблем да дојде до храна, толку неопходна за успешно пребродување на овој студен период. Се разбира дека кај нас зимската прихрана за ловците е задолжителна ловечка активност, со која се обврзани  со Посебните ловностопански основи каде таа јасно е прецизирано со одредени рокови и количина по одредени видови на дивеч.

Ретки се тие ловци кои не знаат дека во сите ловишта во нашата држава, храната за дивечот ја обезбедуваат и прихранувањето го вршат ловците. Во почетокот на сезоната по правило надлежните органи треба да  извршат проверка на количеството и квалитетот на собраната храна и потоа да дадат согласност за ловот во одредено ловиште. Проверка на прихранувањето во ловиштата се врши и во текот на зимата од надлежните органи, при што се гледа тоа се прави како што треба, во доволни количини и со не расипана храна.

Разни автори препорачуваат разни дневни норми за прихрана на дивечот, кои воглавном варираат од условите во рагионите во кои се вршеле проучувањата. Убаво би било да се присетиме на потребните дневни количини на храна за одделни видови на дивеч, кои се препорачуваат за нашиот регион:

 

  • за единка обичен елен дневно при температури од -10 ̊С отприлика е пoтребно 1,0 кг зрнеста храна и 2,4 кг груба фуражна храна;
  • за единка елен лопатар дневно е потребно 0,6 кг зрнеста храна и 1,5 сено. Со намалување на температурите под -10 ̊С се зголемува дневниот оброк и тоа на 0,8 кг зрнеста храна и 1,8 кг сено;
  • за еднинка срна дневно е потребно 0,2 кг зрнеста храна и 0,3 кг сено. Доколку температурата се симне под -5 ̊С до -15 ̊С дневниот оброк треба да се зголеми на 0,3 кг зрнеста храна и 0,5 кг сено;
  • за едника муфлон дневно е потребно 0,3-0,4 кг зрнеста храна, 1,0 груба храна и 1,5-2,0 кг силажна храна;
  • за еднинка дива свиња дневно е потребно 0,3 кг зрнеста храна и 0,7 кг свежа сочна храна;
  • зимска прихрана за зајакот не е задолжителна, но во услови на оштри зими со висок снег се препорачува тој да се прихранува со дневна норма по зајак од 0,03 кг житна храна, 0,3 кг сочна храна и 0,2 кг сено;
  • за 100 фазани дневно е потребно од 4,0 – 6,0 кг зрнеста храна и 15 кг сочна храна;
  • за 100 полски еребици во зависност од температурите дневно е потребно од 4,0 – 6,0 кг зрнеста храна и 4,0 – 5,0 кг сочна (моркови, репа и сл.);
  • за 100 еребици камењарки дневно е потребно 3,0 – 5,0 кг храна за која може да се користат пченица, пченични отпадоци, прекрупа и друга зрнеста храна;
  • за 100 диви шатки дневно е потребно од 4,0 – 5,0 кг зрнеста храна.

 

Со Посебните ловностопански основи дефинирани се и минималните рокови за времетраење на прихранувањето на дивечот. Според неа во зависност од природните и климатските услови се наложува во текот на зимските месеци прихраната да се врши од 60 до 90 дена. На сите им е јасно дека со прихранувањето на дивечот во текот на зимските месеци се потпомага неговата природна исхрана и успешно презимување, особено во екстремно неповолните периоди за негов опстанок. Од друга страна, на местата за прихранување се врши и негово пребројување, при што се одредуваат неговиот полов сооднос и возрасна структура на крупниот дивеч, потоа се оценува неговата здравствена состојба, квалитетот на трофеите и сл.

Прихранувањето се врши во однапред определени места со Посебните ловностопански основи или од ловците. Кај крупниот дивеч на овие места се градат посебни објекти различни по форма и намена во зависност од видот на дивеч за кој се наменети. Покрај хранилишта често тука се градат и објекти за чување на храната и солта, како и барем една набљудувачница.

Во планинските делови хранилиштата се градат воглавном во оние делови од ловиштето во кои во зимските месеци најмногу се задржува дивечот. Овие места треба добро да се познаваат и воглавном се наоѓаат многу пониско од летните живеалишта. Дивечот избегнува ветровити места и треба да се чувствува сигурен на хранилиштето. Препорачливо е тие да се градат на заветно, топло, удобно и прегледно место. Местото треба да биде отворено и да има можност за пристап од неколку правци, како и дивечот да има неколку можни насоки за бегство. Кога дивечот има добра видливост на поголемо растојание, тој е сигурен и спокоен. Покрај тоа, од хранилиштето треба да има пат преку кој тоа ќе се надополнува и лесно ќе се опслужува. Тоа треба и да има можност за контрола на приодите до него за подобра заштита од ловокрадци.

 

Weather

Mostly sunny

8°C

Skopje

Mostly sunny
Humidity: 92%
Wind: SE at 6.44 km/h
Thursday
Sunny
8°C / 23°C
Friday
Mostly sunny
10°C / 24°C
Saturday
Partly cloudy
8°C / 22°C
Sunday
Mostly cloudy
8°C / 18°C

Translator

Visitors Counter

818302
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
215
586
1324
9141
818302

Your IP: 54.166.130.157
Server Time: 2018-10-17 07:13:14
Web Analytics