Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Култура, етика и обичаи

Ловечките трофеи и сите обичаи кои се поврзани со нив, во најдобар дел потекнуваат од почетокот на историјата на општеството кога ловот претставувал главно занимање на луѓето. Ловот бил од животна важност за целиот род, подоцна и за целото племе. Успехот во ловот значел доволно храна, а неуспехот глад. Земајќи го во предвид примитивното оружје, ловот во праисторијата барал тесна соработка помеѓу ловците, затоа што честопати, нивниот живот бил доведуван во опасност.

Речиси не постои ловец и љубител на оружјето, кој меѓу илјада пушки од прва нема да ја препознае војничката пушка од системот “Хенри -Мартини“, или во краен случај нема таков кој не слушнал за неа. Како куриозитет стои фактот дека дури во македонските народни песни се спомнува името на познатата комитска пушка “мартинка“. Меѓутоа малку луѓе знаат дека во Македонија постојат и оригинални примероци од овој тип на пушки кои биле правени исклучиво за лов.

Во развиените држави високо е развиена свеста за заштитата на природата и дивите животни како важен дел од екосистемот. Често по медиумите можат да се видат снимки како стои некое диво животно на патот или преминува преку него, при што се запира целиот сообраќај а возачите стрпливо чекаат животните да се тргнат од него или чекаааат да дојдат одговорните лица за без многу вознемирување да го регулираат ообраќајот.

Без реално утврдена состојба нема ни добри планови за стопанисување. Иако пребројувањето на дивечот е обврска на концесионерите на ловиштата и денеска има концесионери кои оваа најважна задача не ја сваќаат сериозно, па на таков начин и му приоѓаат. Броењето на дивечот се наметнува како потреба при планско стопанисување. Сите концесионери на ловишта кои што знааат што значи пребројувањето на дивечот толку се навлезени во оваа проблематика така што е непотребно да се пишува и да се потсетуваат.

Сепак факт е дека има доста од нив кои што на оваа задача не и посветуваат доволно внимание па се наметнува потребата да ги потсетиме тоа да го направат сега кога завршува зимата и кога поминале т.н. зимски губитоци. Ако при тоа успешно ја завршат оваа задача и ако се утврди “вистинската“ бројна состојба на дивечот во ловиштето, тогаш лесно е да се изработат реални планови за отстрел.

 Дивечот завзема значајно место во целокупните односи на општеството кон природата. Современите општествени политички или административни заедници во најголем број на земји, овие односи ги регулира со закон, подзаконски акти, уредби и наредби. Ловечките организации кои делуваат организирано во оваа област, со своите акти (статути и правилници) истотака уредуваат поголем дел од оваа материја. Маѓутоа, постојат комплицирани ситуации и прилики кои не можат да се регулираат со закони или правни акти со императивна сила. Ова се однесува пред се на односот на ловецот кон дивечот, на дружењето на ловците за време на ловот, на контактите на ловците помеѓу себе, како и на други прашања од оваа област. Значи, таму каде што престанува законот, делуваат општествените норми базирани на свеста и совеста, на традицијата и обичаите. Кодексот на ловците зборува токму за тоа.

 Ловот со птици грабливки се претпоставува дека потекнува од номадските народи на Азијатските рамници. Номадите ги користеле птиците грабливки да обезбедат храна неопходна за опстанок, на еден од веројатно најдревните начини на лов во историјата на човештвото. Подоцна, соколарството се развива во спорт и оваа фасцинантна соработка меѓу човекот и птицата станала една од најстарите активности на човекот во природата. Се чини дека во денешно време во соколарството ловот е споредна работа и дека тоа се базира на љубовта кон птицита и задоволството од набљудувањето на начинот на лов на птицата.

 Прихранувањето на дивечот во студените зимски денови му овозможува тој полесно да го преброди периодот со мала количина на достапна храна, со што допринесуваме нашите ловишта да бидат побогати со здрав и квалитетен дивеч. Понесени од својата љубов кон дивечот и дивите животни, ловците редовно секоја година вршат прихрана со разни крми и минерални материи. Тие храната на дивечот воглавном му ја изложуваат во посебни ловнотехнички објекти изградени за таа намена, кои храната ја штитат од растурање и расипување.

 Од страна на екологистите, т.н. заштитници на животните, ловците постојано се обвинувани дека само ги убиваат дивите животни и воопшто не се грижат за нив. Со овој текст нема да ја омаловажувам работата на екологистите и да докажувам кој повеќе се грижи за дивечот, туку само ќе се обидам да укажам на некои факти кои се однесуваат на постојаната, скапа и макотрпна работа на ловците поврзана со одгледувањето и заштитата на дивечот. Нема да коментирам за активностите на т.н. заштитници туку ќе оставам самите да си кажат од кои нивни активности дивечот има директна полза.

Weather

Mostly cloudy

22°C

Skopje

Mostly cloudy
Humidity: 63%
Wind: WSW at 17.70 km/h
Friday
Scattered thunderstorms
12°C / 26°C
Saturday
Mostly sunny
11°C / 26°C
Sunday
Mostly sunny
12°C / 27°C
Monday
Mostly sunny
13°C / 27°C

Translator

Visitors Counter

719035
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
1601
658
3645
16147
719035

Your IP: 54.80.189.255
Server Time: 2018-05-24 13:37:17
Web Analytics