Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Рачна бусола М-53

Posted by  Published in: Корисни совети

Рачната бусола М-53 е наменета за ориентација и мерење на хоризонтални и вертикални агли, одржување на правец на движење и слично. Се состои од два главни дела и тоа дело на бусолата кое го чинат неподвижна плоча и подвижен прстен и поклопец на бусолата. Наведените делови имаат низа други ознаки и елементи со специјална фунгционална намена. На неподвижниот дел од телото на бусолата на трите ивици се гравирани линиар со милиметарска поделба и координометар. Подвижниот дел од телото на бусолата се состои од кружна кутија во која е сместена магнетната игла, а на кружниот прстен се изгравирани ознаки за страните на светот и поделци во илјадити (со вредности од 0-50 а целата скала 6400 илјадити) на горната и степени мод 0-360 степени на долната страна.

Поклопецот на бусолата од внатрешната страна е опремен со огледало и со процеп за визирање. На левата и десната страна од страните на поклопецот, се наоѓаат процепи за мерење позитивни и негативни вертикални агли.

 

Познавајќи ги карактеристиките на бусолните инструменти (посебно на рачната бусола М-53) ориентацијата на земјиштето подразбира:

̶            изнаоѓање на правецот север,

̶            мерење на магнетен азимут

̶            изнаоѓање на земјиштето со правци од познат азимут и

̶            одржување на правецот на движење.

 

Изнаоѓање на правецот север со помош на рачна бусола М-53

 

Правецот север со помош на бусола М-53 се одредува така што:

̶            на бусолата се зазема нулта положба,

̶            поклопецот се наведнува под агол од околу 60 степени,

̶            бусолата се држи во хоризонтална положба во висина на очите со поклопоецот свртена во правец на визирањето (односно со огледалото кон себе) на растојание околу 30-40 см.  од очите и се вртиме во место се додека не се поклопат црната линија на бусолата со ознаките за север и југ во кутијата со правецот намагнетната игла. Потоа се внимава северниот пол на магнетната игла да биде спрема ознаката за север, во спротивно може да се згреши за 180 степени.

̶            пазејќи да не се наруши воспоставената положба на бусолата преку процепот (нишанот) на поклопецот се уочува некој ориентир (дрво, куќа и сл.), со што е одреден правецот север, а соодветно на него се одредуваат и останатите страни на светот.

 

Мерење магнетен азимут

 

Ориентацијата на земјиштето (особено топографското) многу често се спроведува со мерење азимути од некоја стојалишна точка на н објекти, односно правци. Мерењето магнетен азимут се врши така што:

̶            бусолата се припрема за работа односно се зазема нулта положба и се наведнува поклопецот за околу 60 степени,

̶            преку процепот на бусолата се нишани на избраниот објект (како ориентир или цел),

̶            така нишанејки со палецот се врти подвижниот прстен на бусолата се додека не се поклопи црната линија на бусолата со ознаките за север и југ во  кутијата со соодветниот правец на магнетната игла,

̶            така добиената вредност се очитува на соодветата скала во илјадити или степени.

Разликата помеѓу два различни азимути мерени од иста стојалишна точка претставува хоризонтален агол кој исто така има свое значењ во процесот на ориентација.

 

Изнаоѓање на земјиштето правци од познати азимути

 

Во практиката ориентаијата често пати претпоставува одреување на правци на земјитето ако се познати азимутите од одредена стојна точка до одредени објекти. Постапката со рачна бусола претпставува:

̶            најпрво со некој од поголемиот број начини да се пронајде точката на земјиштето од која се мерени зададените азимути

̶            на бусолата се зазема зададениот азимут

̶            се подига во висина на очите (како при одреувањето на правецот север) и се вртиме додека не се поклоат црната линија на бусолата со ознаките за правецот север југ во кутилата со правецот на магнетната ила. И во овој случај се внимава да не се згреши за 180 степени.

 

Одржување правец на движење

 

Правило е ориентацијата да се спроведува постојано, според тоа таа се спроведува и при движење. Во оваа смисла одржувањето на правецот на движење по одредена маршута претставува поседување на шема за движење (поопширно во насловот движење на земјиштето) на која се назначени азимутот на одредени правци и растојанијата од една до друга точка.

Саканиот правец на двжење со помош на рачна бусола се спроведува како опишаната постапка за изнаоѓање правци од познати азимути, со тоа што во случајот, бидејќи се присутни поголем број на точки мошне релевантен е податокот за растојанието од една до друга точка, што значи од познатата стојна точка се одредува зададениот азимут, во тој парвец се движиме колку што изнесува зададенот растојание со што се одредува наредната стојна точка од каде се повторува се до целта.

 

проф. Ангелче Гушев

            Превземено од: http://www.kineziologija.mk/

 

Weather

Cloudy

5°C

Skopje

Cloudy
Humidity: 61%
Wind: SE at 4.83 km/h
Sunday
SP_WEATHER_RAIN_AND_SNOW
-1°C / 5°C
Monday
SP_WEATHER_RAIN_AND_SNOW
-2°C / 5°C
Tuesday
Showers
-2°C / 6°C
Wednesday
Rain
1°C / 10°C

Translator

Visitors Counter

842789
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
227
731
3295
10374
842789

Your IP: 54.82.79.137
Server Time: 2018-11-17 04:49:51
Web Analytics