Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Ориентација во природа без карта или компас

Posted by  Published in: Корисни совети

Кога се движиме низ природа често се случува да го изгубиме правецот и да заталкаме. Затоа од круцијално значење е знаењето како да се ориентираме во просторот без употреба на карта или компас. Подолу се опишани неколку начини за одредување на страните на светот на брз и едноствен начин.

Ориентација на земјиштето според небесните тела

Општо е познато дека природата е отворена книга за секого која има решенија за различни видови проблеми, но за истите да се осознаат таа треба да се познава. Во оваа смисла географската ориентација на земјиштето според небесните тела може да се врши со помош на:

  • ѕвездата Северница,
  • Месечината,
  • Сонце и часовник,
  • Сонце, часовник и сенка.

 

Ориентација со помош на ѕвездата северница

 Ориентација според ѕвездата северница

 

Ориентацијата со помош на ѕвездата Северница може да се врши ноќе и при ведро време. Ѕвездата Северница се наоѓа во соѕвездието Мала Мечка (Мала Кола), а на небото најлесно се одредува со помош на соѕвездието Голема Мечка (Голема Кола). Таа се состои од седум јасно видливи ѕвезди. Северница-та се наоѓа во правец на двете последни ѕвезди (α и β) на околу пет пати поголемо растојание од нивната меѓусобна оддалеченост. Таа е крајна ѕвезда на рудата од соѕвездието Мала Кола и е појасна од останатите. По нејзиното пронаоѓање истата се материјализира на хоризонтот при што се одредува правецот север, а потоа и останатите страни на светот. Точноста на ориентацијата на овој начин е 1-2°.

 

Ориентација на земјиштето со помош на Месечината

 

 Ориентација со помош на месечината

Со помош на Месечината ориентацијата се врши, ако се познаваат законитостите на нејзиното движење околу Земјата, а заедно со неа околу Сонцето, односно ако се познаваат таканаречените Месечеви мени. Кога Месечината се наоѓа помеѓу Сонцето и Земјата осветлената страна и е од кај Сонцето, а од Земјата не се гледа или се гледа само мал дел во вид на срп, тоа е таканаречената Млада Месечина која околу 18 часот се гледа на запад. После една недела се гледа половина осветлен дел (десен полукруг) кој се нарекува прва четвртина која околу 18 часот се гледа на југ. По една недела Земјата е помеѓу Месечината и Сонцето при што месечината се јавува како полн круг наречена полна Месечина која навечер се гледа на исток, на полноќ е на југ, а наутро е на запад. Видливата страна се намалува и по една недела се гледа како полукруг (лев полукруг). Тоа е последната четвртина која на полноќ се гледа на исток, а пред изгревањето на Сонцето на југ. Месечевите мени се менуваат на секои 7 дена 9 часа и 11 минути. Познавањето на овие законитости овозможува приближно одредување на страните на светот, а со тоа и приближна ориентација.

 

Ориентација на земјиштето со помош на Сонце и часовник

 Ориентација со помош на сонце и часовник

 

што часовникот се поставува во хоризонтална положба и се врти додека малата стрелка не се насочи во правец на Сонцето. Симетралата на аголот помеѓу неа и бројот 12 на часовникот го покажува правецот југ, а спротивно од него е правецот север. Симетралата на аголот се одредува бидејќи Сонцето по привидна патека ја заобиколува Земјата за 24 часа, додека саатната стрелка на часовникот прави круг за 12 часа што значи двапати побрзо, односно и аголот помеѓу малата стрелка и бројот 12 е двапати поголем. Притоа, треба да се има во предвид дека Сонцето наутро е на исток, а околу пладне е на југ, а навечер на запад.

 

Ориентација на земјиштето со помош на Сонце, часовник и сенка

 Ориентација со помош на сонце, часовник и сенка

 

Се врши така што часовникот се поставува во хоризонтална положба, а на оската на часовникот (вертикално) се поставува игла, сламка, дрвце или слично. Се врти додека сенката не ја поклопи малата стрелка. Симетралата на аголот помеѓу сенката односно малата стрелка и бројот 12 го покажува правецот север. Претпладне правецот север е десно од сенката, а попладне лево.

Напомена: Ориентацијата со помош на Сонце, сенка и часовник е релативно точна во умерените појаси. Но, на помалите географски широчини оваа метода е прилично несигурна.

 

Ориентација според разни предмети и знаци на земјиштето

 

Во услови на намалена видливост (облачност или магла) или отсуство на соодветни инструменти, ориентацијата на земјиштето се спроведува според разни знаци и објекти во просторот. Во оваа смисла приближно може да се врши со помош на познавањето на карактеристиките на:

  • религиозните објекти,
  • други појави и предмети.

 

Ориентација на земјиштето со помош на религиозни објекти.

 

Овој вид ориентација подразбира познавање на одредени принципи според кои се карактеризираат одредени различии религиозни објекти. На пример:

  • кај православните цркви влезот е на западната, а олтарот на источната страна,
  • кај католичките цркви влезот е на источната а олтарот на западната страна, 
  • кај муслиманските религиозни објекти (џамиите) влезот е на северната, а минарето на јужната страна, 
  • христијанските гробишта се со правец исток-запад, при што обележјето (крстот или споменикот) е од западна страна,        
  • муслиманските гробишта се со правец север-југ, при што споменикот се наоѓа од јужна страна.

 

Ориентација на земјиштето според разни други појави и предмети

 

Ориентацијата според разни појави и предмети на земјиштето подразбира познавање на одредени состојби на истите во природата кои видливо се манифестираат. Овие видови на ориентација не се сосема прецизни, туку приближни. Некои од нив немора да подразбираат одредување на страните на светот туку може да бидат од голема корист како сознание за одредени состојби на конкретен простор. Како но карактеристични се сознанијата дека:

 
 Одредување на страните на светот според годовите

 

  • кората на растенијата од северната страна е по рапава и често обрасната со лишаи и маховини, за разлика од нивната јужна страна,
  • на пенушките од пресечените дрвја, таканаречените годови или камбиуми се потесни на северната, а пошироки од јужната страна.
  • ѕидовите кај постарите згради и зданија обично се потемни, повлажни, обраснати со лишаи и маховини, со помалку прозорци и сл.
  • крошната кај дрвјата (особено осамените) е поразвиена од јужната страна,
  • мравниците обично се наоѓаат од јужната страна на дрвјата, грмушките или камењата,
  • снегот побрзо се топи на јужните (присојни) експозиции. а поспоро на северните (осојни) експозиции,
  • тревата во пролет е значително поразвиена на јужната страна од дрвенестите растенија, грмушките, шумите, поголемите камења и слично, а во лето и есен е посвежа и позелена од северната страна на различните објекти,
  • одредени видови растенија растат обично на јужните (присојни) страни (како на пример дабот), а други на северните осојни страни (на пример буката),
  • изворите, потоците и помалите реки се пополноводни на северните експозиции, 
  • линиското протегање на одредени видови растенија (врби, евли, тополи и слично), укажува на присуство на речни текови (постојани или повремени), или повисоки подземни води. 

 

Weather

Sunny

18°C

Skopje

Sunny
Humidity: 55%
Wind: E at 6.44 km/h
Friday
Partly cloudy
13°C / 26°C
Saturday
Rain
13°C / 26°C
Sunday
Partly cloudy
14°C / 27°C
Monday
Partly cloudy
13°C / 28°C

Translator

Visitors Counter

699442
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
211
347
1809
16986
699442

Your IP: 54.81.116.187
Server Time: 2018-04-26 09:29:14
Web Analytics