Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Правила за Безбедно Ракување со Оружјето

Posted by  Published in: Корисни совети

Бидејќи покрај другите соджини тука се третираат и вештините кои подразбираат ракување со огнено оружје, добро би било да се потсетиме и да ги повториме универзалните правила за безбедност во ракувањето и складирањето на оружјето. Имајте во предвид дека секогаш кога држите оружје во рака, од невнимание можете да си нанесете штета како на себе така и на други лица кои се во ваша близина. Затоа, поради невнимание не дозволувајте да си го искомплицирате животот и секогаш имајте ги на ум овие правила.

1. Секогаш држи го оружјето насочено во безбеден правец !!!

Ова е основното правило за ракување со огнено оружје. Безбеден правец подразбира правец во кој, дури и во случај оружјето да истрела, никој нема да биде повреден или пак ќе биде нанесена некаква штета. Клучен момент за ова правило е контролирање на правецот во кој е насочена цевката или предниот дел на оружјето за цело време на ракувањето. Здравиот разум го посочува најбезбедниот правец, во зависност од околностите. Постарите ловџии велат дека оружјето еднаш во животот пука самото, затоа не ризикувајте да уништите туѓ и вашиот живот - држето го оружјето секогаш во безбеден правец и никогаш ниту празно оружје не насочувајте кон друг човек !!!

2. Секогаш држи го прстот настрана од чкрапалото се додека не си подготвен за стрелба !!!

Кога држиш оружје во раката. потпри го показалецот на браникот на окинувачот или од страната на  оружјето. Се додека не си подготвен за стрелба не го допирај чкрапалото.

3. Секогаш чувај го оружјето празно се додека не е подготвено за употреба !!!

Секогаш кога ќе дојдеш во контакт со оружје, активирај ја кочницата, доколку оружјето има рамка (шаржер), извади ја предда го повлечеш затворачот наназад и да ја провериш цевката и комората (коморите), дали има куршум(и) внатре. Доколку не ви е познато оружјето, и не знаете како да го отворите затворачот и да ги прегледате коморите и цевката, оставете го оружјето и побарајте помош од некој кој знае. Познавам ловџија кој за време на лов си има играно со пушката легната на грб, така што со едната рака си чепкал околу чкрпалото, а со другата рака кај излезот на цевката. Разултат, денеска човекот е без два прсти. За него скапо научена лекција.

Кога го користите или складирате оружјетосекогаш придржувајте се до следниве правила

Гледајте ја целта и она што се наоѓа зад неа

Бидете апсолутно сигурни дека сте ја идентификувале вашата цел без никакви дилеми. Исто толку важно е да бидете свесни и за околината на метата. Тоа подразбира набљудување на целата зона пред да стрелате. Никогаш не стрелајте во правец во кој се наоѓаат луѓе или доколку постојат шанси за промашување. Прво размислете. Потоа пукајте. Постоајно имајте во превид дека зрното некаде мора да падне.

Научете како да ракувате безбедно со оружјето пред да земете оружје во рака, научете се за него

Како функционира, кои му се основни делови. На кој начин безбедно да го расклопите и склопите, и да го испразните од муницијата. Запомнете, кочниците на оружјето сепак не се отпорни на погрешно ракување. Ништо не може да го надомести безбедното ракување со оружје.

Уверете се дека оружјето е безбедно за ракување

Исто како и сите други алатки, оружјето бара редовно одржување за да остане функционално. Редовното чистење и адекватно складирање се само еден дел од обврската на чување на оружје. Доколку постои и најмало сомневање во функционалноста на оружјето, потребно е тоа да се однесе кај овластен пушкар.

Користете само адекватна муниција за вашето оружје

Само дијаболите, куршумите и патроните дизајнирани за одреден вид на оружје, можат безбедно да се користат во тоа оружје. Повеќето видови на пушки и на пиштоли го имаат врежано калибарот на муницијата на цевката. Муницијата може да биде детерминирана според информацијата испечатена на амбалажата, а понекогаш и на самата чаура. Не стрелајте со оружјето доколку не сте сигурни дека имате вистинска муниција во него.

Секогаш носете заштита за очи и уши

Оружјето е гласно, и детонациите можат да гооштетат слухот. Исто така, оружјето може да исфрли честички и вжештени гасови кои можат да предизвикаат повреди на видот. Од тие причини, очила за пукање и антифони треба да носат и стрелците и гледачите.

Никогаш не користете алкохол и не се предозирајте со лекови пред или за време на лов или гаѓање

Алкохолот, исто како и други хемиски супстанци влијае на нормалните ментални и физички телесни функции поради што не смее да се зема пред изведување на гагање или какво и да е ракување со оружје.

Складирај го оружјето така што да не падне во раце на неовластени лица

Многу фактори треба да се разгледаат пред да решиме каде и како ќе го складираме и чуваме оружјето. Ситуацијата во која се наоѓа некое лице може да биде важен елемент во донесувањето на вакво решение. Денеска на пазарот се наоѓаат десетици различни видови кочници и брави со кои може ефикасно да се имобилизира оружјето. Механичките брави со кои се опремени некои видови на оружје не може да се сметаат за ефикасна пречка за неовластен пристал до него.

Дополнителни безбедносни мерки

Треба да бидете свесни дека одредени видови на оружје и разни стрелачки активности бараат дополнителни безбедносни мерки

Чистење

Редовното чистење е важно, за да може вашето оружје да фунционира совршено и сигурно. Редовната грижа исто така ќе ја запази неговата вредност и ќе му го продолжи векот на траење. Вашето оружје треба да го чистите секогаш по употреба. Оружје кое подолго време било складирано, исто така треба да се исчисти пред употреба. Насобраната прашина и влага, или стврднато масло, може да му попречат на оружјето во правилното функционирање. Пред чистење на оружјето, бидете апсолутно сигурни дека тоа е празно. Затворачот на оружјето морада биде во задна положба, значи отворен, за цело време на чистењето. Исто така внимавајте да нема никаква муниција во близината местото каде што се чисти оружјето.

 

 

Weather

Partly cloudy

18°C

Skopje

Partly cloudy
Humidity: 88%
Wind: S at 6.44 km/h
Saturday
Mostly sunny
18°C / 30°C
Sunday
Partly cloudy
16°C / 31°C
Monday
Partly cloudy
16°C / 28°C
Tuesday
Partly cloudy
15°C / 30°C

Translator

Visitors Counter

778303
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
128
411
1853
10109
778303

Your IP: 54.80.93.19
Server Time: 2018-08-17 06:12:51
Web Analytics