Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Време е за лов на шумска шљука и голем бекасин

Posted by  Published in: Корисни совети

Задоволството за поголемиот број на ловци – ловот на диви свињи – заврши во месец јануари. Крајот на сезоната февруари е за љубителите на лов на некои прелетни птици како што се шумската шљука (Scolopax rusticola) и големиот бекасин (Gallinago media). Ова се птици преселнички кои не се гнездат во нашата држава. Првото што треба да се знае за нив е дека шумската шљука е шумска птица, додека големата шљука е водна птица.

Шумска шљука или како што понекогаш го нарекуваат куконоска поради нејзиниот 7-8 см долг клун, ги населува густите планински шуми и местата со влажни почви, обраснати со папрат, како и сечиштата. Тежи околу 300-400 гр. Се гнезди на земјата, под некое паднато дрво, во пенушка или во грмушки.

Тоа се птици самотници и не сакаат друштво, така што дури и при своите прелети обично патуваат сами.

Интересно е што нив ги бие глас како многу добри хирурзи“. Забележани се случаи во кои здрава шумска шљука се грижи за друга ранета, при што го покрива повреденото место со пердуви, тревички и ливчиња кои служат како влошка. Таа си ги лекува и сопствените рани. Освен што ги обложува раните, може да приспособи и стапчиња како шини, на пример, за скршена нога. Врз сето тоа повторно насложува ливчиња и тревички и ги прилепува со леплив супстанција која самата ја прави. За сите овие операции најзначаен инструмент и е чувствителниот клун, кој не само што е долг и остар туку е и подвижен во предниот горен дел.

При ловот на шумска шљука ловецот не смее да се потпира на случајност. Потребни се претходни набљудувања на нивните прелети, престојувалиштата, како и познавање на периодите во кои се задржува во нашата држава кои најчесто се многу кратки. Треба да се знае дека при ладно време шумските шљуки летаат споро и тивко, а во потопло споро и гласно при што испуштаат звуци слични на “пуиц-пуиц“, “квор-квор“.

Постојат три начини за лов на оваа птица. Едниот е со чекање, кој обично се практикува рано наутро или приквечер, другиот е самостојно или групно пребарување, додека при третиот начин во трагањето се вклучува и куче птичар. При последниот начин на лов треба да се знае дека шумската шљука не издржува долго на маркирањето на кучето и се подига лесно поради што птичарот треба да работи поблиску до ловецот. Бидејќи обично се лови во густаци, ловецот често не може да го гледа кучето, па добро е околу вратот да му врзе звонче. Штом тоа ќе престане да звони тоа е знак дека кучето маркира некоја шумска шљука.

Овој вид на птица има некоку фази на полетување. Прво се крева нагло нагоре на 6-7 метри и потоа продолжува да лета хоризонтално цик-цак помеѓу дрвјата. Ако не се исплаши од нешто после околу 200 метри повторно слетува одеднаш и вертикално, исто како и што полетува. Најдобро е кон шумската шљука да се пука уште при полетувањето додека не постигнала поголема брзина. Се користат сачми со пречник од 2,75 и 2,25 мм.

Другиот вид на птица карактеристичен за сезоната – големиот бекасин, се сретнува во мочуришни и заблатени области. Го нерукаваат уште “забушант“ – поради специфичниот начин на полетување, при кој таа врши по неколку цик-цак свртувања, придружени со специфични звуци. Ова го прави неговиот лов интересен, но се бара и големо искуство и прецизно пукање. Ловецот треба да има талент за треакторијата на движењето. Се лови со сачми со пречник од 2,0 и 1,75 мм.

Големиот бекасин е долг до 30 см и тежи околу 100 гр. Неговите крилја се остри, а летот е уште побрз отколку на шумската шљука. Се лови наутро, кога птиците полетуваат да бараат храна и се собираат во јата. При ловот потребно е користење и на куче - птичар .

Од гледна точка на добриот стрелец погодокот на големиот бекасин е поголем предизвик одколку на шумската шљука, но од кулинарски аспект шумската шљука несомнено е подобра. Се смета дека нејзиното месо е највкусно од целиот пернат дивеч.  

 

Weather

Mostly clear

12°C

Skopje

Mostly clear
Humidity: 78%
Wind: W at 6.44 km/h
Thursday
Sunny
8°C / 23°C
Friday
Mostly sunny
10°C / 24°C
Saturday
Mostly sunny
7°C / 23°C
Sunday
Rain
6°C / 17°C

Translator

Visitors Counter

817974
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
473
523
996
8813
817974

Your IP: 54.166.207.223
Server Time: 2018-10-16 22:31:26
Web Analytics