Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Чистење на дивечот

Posted by  Published in: Корисни совети

 

За фазан:

За месото од фазан да биде повкусно се препорачува фазанот после одстрел да не се приготвува, туку да одлежи 2-3 дена во пердуви на суво, ладно и провевно место. Така одлежаниот фазан исчистетего и искубетего (се кубе на суво, не се става во врела вода), посолетего и оставетего да отстои 1-2 часа на ладно место.

 
 

За останатиот дивеч:

Младите животни може веднаш да ги подготвите, а постарите после чистењето оставете ги да висат на провевно и темно место. Така месото станува помеко, бидејќи се создава млечна киселина која ги разградува мускулните влакна. Ако времето е премногу топло тогаш дивечот ставете го во маринада или саламура.

Месото од дивеч можете да го приготвите како печење, гулаш или рагу џорба. Ако сакате да го приготвите како печење, бидејќи месото од дивеч е многу тврдо и суво набодете го со сланина. Сланината нека биде ладна и исечена на ленти. Месото од зајак и срна треба пред набодувањето со сланина убаво да се исчисти од сите кожички и жили.

За саламура потребни ви се следниве состојки:

  • 2l вода
  • 200 gr оцет
  • 100 gr црно вино
  • 3 ловорови листови
  • 15 зрна бибер
  • 2 главици кромид исечен на листови
  • 3 чешниња лук
  • 3 корени од магдонос исчистени и исечени на кругови
  • 3 моркови исчистени и исечени на кругови
  • голема лажица сол

Сето тоа заедно ставете го во тенџере и варете го. Ако дивечот го држите повеќе од еден ден, секој ден извадете го дивечот од саламурата и проварете ја, а потоа вратете го дивечот назад во неа (кога ке се излади).

 

Weather

Cloudy

0°C

Skopje

Cloudy
Humidity: 73%
Wind: W at 14.48 km/h
Wednesday
Partly cloudy
-5°C / 4°C
Thursday
Partly cloudy
-6°C / 0°C
Friday
Partly cloudy
-3°C / 1°C
Saturday
Partly cloudy
-4°C / 3°C

Translator

Visitors Counter

865472
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
278
536
814
12823
865472

Your IP: 54.89.187.28
Server Time: 2018-12-18 10:36:29
Web Analytics