Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Обработка на одстреланиот дивеч

Posted by  Published in: Корисни совети

 Начинот на кој постапувате со дивечот после одстрелот, многу е важен за кавалитетот на месото. Три фактори влијаат на квалитетот: топлина, хигиена и влага.

Топлината е непријател број еден. При топлото време доаѓа до брзо размножување на бактериите кои влијаат на квалитетот. Во основа веднаш треба да се извади утробата на одстреланиот дивеч и да се овозможи внатрешните делови да се изладат барем на ниво на надворешна температура.

Да се спречи загревање на дивечот добро е да се побара ладовина и да се обеси дивечот доколку е тоа можно. Покрупниот дивеч треба да се отвори за да се лади одвнатре.

Кај топлото време после чистењето посебно заради гулабите и вервериците добро е брзо да се најде ладилник.

Извадените внатрешни органи немојте да ги оставате покрај патот, каде може да ги пронајдат кучиња.

Држете го месото чисто. Прекријте го со салфета или со нешто слично. Овака иато така се штити месото од муви и други инсекти. Зајачкото месо може да се посипе со бибер кој исто така го штити месото од инсекти.

Влагата во принцип го уништува месото, па немојте премногу да го миете месото и држете го суво.

Одерете ја кожата колку побргу можете.

На крај месото можеме да го уништиме и при транспорт ако го врземе за покривот, го превезуваме во отворен багажник или го возиме непокриено. На покривот при топлото време е најголема температурата и прашината.

 

Вадење на кожата кај поголемиот дивеч

Од причина што е тешко да се помрднува крупниот дивеч, мораме да го одереме и расечеме на лице место.

Доколку не сте во можност да го обесите дивечот свртете го на страна, па кога ќе ја извадите кожата истото направете го и со другата страна.

При парчењето на дивечот морате да пазите да не се извалка.

Секое парче дивеч спакувајте го посебно, но не пред да се излади месото на ниво на надворешната температура. После пакувањето треба што побрзо да се најде ладилник или мраз.

Сигурниот одстрел дава поубаво месо одколку кај ранетиот дивеч, поради губењето на крв, исцрпеност и стрес.

 

Превоз на одстреланиот дивеч

Држете го одерениот дивеч ладен и недостапен за инсекти. Немојте да го распарчувате дивечот се додека не дојдете до одредиштето.

Доколку сте морале да го распарчите дивечот, што побрзо побарајте фрижидер

Доколку количината на месо е поголема, подобро е тоа да се замрзне во повеќе фрижидери, затоа што на обичниот домашен фижидер му треба неколку дена да замрзне поголема количина на месо.

 

Weather

Cloudy

17°C

Skopje

Cloudy
Humidity: 46%
Wind: ENE at 6.44 km/h
Wednesday
Partly cloudy
13°C / 27°C
Thursday
Partly cloudy
12°C / 26°C
Friday
Partly cloudy
10°C / 27°C
Saturday
Rain
13°C / 26°C

Translator

Visitors Counter

698416
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
239
544
783
15960
698416

Your IP: 54.81.71.187
Server Time: 2018-04-24 08:52:01
Web Analytics