Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Корисни совети

Ловот на фазани е посебен предизвик за секој ловџија. Тој бара голема прецизност кај секој љубител на ловот, а само оние, највештите стрелци можат да се пофалат со добро уловен дивеч. Фазаните главно се ловат на три начини: со пребарување со помош на ловџиските кучиња, со бркање и со чека. Сите три начини на лов бараат многу сериозна организација и дисциплина во текот на ловот, пред сѐ заради самата безбедност на ловџиите.

Начинот на лов со пребарување со помош на куче, може да биде поединечен или групен, додека другите два начина само групен и тоа изискува дополнителни мерки на внимателност, оти со учеството на повеќе ловџии во групниот лов и опасноста за загрозување на нивната безбедност е поголема.

Во нашата држава кризата со дрва си го направи своето, па граѓаните се принудени него да плаќаат по исклучително високи цени. Постојат одредени сомнежи дека таа криза е вештачки наметната, за поединци да “печалат“ во разликата во цена помеѓу складовите на ЈП “Македонски шуми“ и приватните складови. За каков бизнис станува збор укажува фактот што според одредени извори на годишно ниво за потребите на граѓаните кои се греат со дрва потребни се и до 1,2 милиони m³ огревно дрво. Но граѓаните не само што се “пљачкаат“ со напумпаните цени на огревното дрво, туку масовно и редовно се крадат и преку испорака на помала количина на огревно дрво одколку платената.

Кога се движиме низ природа често се случува да го изгубиме правецот и да заталкаме. Затоа од круцијално значење е знаењето како да се ориентираме во просторот без употреба на карта или компас. Подолу се опишани неколку начини за одредување на страните на светот на брз и едноствен начин.

Движењето во природа под предпоставка дека е делумно или целосно непознато може да се врши со помош на карта и со помош на азимут и бусола.

Бидејќи покрај другите соджини тука се третираат и вештините кои подразбираат ракување со огнено оружје, добро би било да се потсетиме и да ги повториме универзалните правила за безбедност во ракувањето и складирањето на оружјето. Имајте во предвид дека секогаш кога држите оружје во рака, од невнимание можете да си нанесете штета како на себе така и на други лица кои се во ваша близина. Затоа, поради невнимание не дозволувајте да си го искомплицирате животот и секогаш имајте ги на ум овие правила.

 

Крлежите се ситни, неколку милиметри долги животинчиња кои и припаѓаат на групата членконоги и пајаковидни. Тие се значајни за здравјето, бидејќи се хранат со крвта на животните и човекот и можат да пренесат некои заразни болести. За да можеме што посигурно и побезгрижно да одиме во природа, добро е по нешто да се знае за тие животинки, за ризиците кои тие преставуваат за луѓето и за начинот на заштита на здравјето.

Задоволството за поголемиот број на ловци – ловот на диви свињи – заврши во месец јануари. Крајот на сезоната февруари е за љубителите на лов на некои прелетни птици како што се шумската шљука (Scolopax rusticola) и големиот бекасин (Gallinago media). Ова се птици преселнички кои не се гнездат во нашата држава. Првото што треба да се знае за нив е дека шумската шљука е шумска птица, додека големата шљука е водна птица.

Шумска шљука или како што понекогаш го нарекуваат куконоска поради нејзиниот 7-8 см долг клун, ги населува густите планински шуми и местата со влажни почви, обраснати со папрат, како и сечиштата. Тежи околу 300-400 гр. Се гнезди на земјата, под некое паднато дрво, во пенушка или во грмушки.

 

За фазан:

За месото од фазан да биде повкусно се препорачува фазанот после одстрел да не се приготвува, туку да одлежи 2-3 дена во пердуви на суво, ладно и провевно место. Така одлежаниот фазан исчистетего и искубетего (се кубе на суво, не се става во врела вода), посолетего и оставетего да отстои 1-2 часа на ладно место.

Weather

Cloudy

5°C

Skopje

Cloudy
Humidity: 62%
Wind: SE at 4.83 km/h
Sunday
SP_WEATHER_RAIN_AND_SNOW
-1°C / 5°C
Monday
SP_WEATHER_RAIN_AND_SNOW
-2°C / 5°C
Tuesday
Showers
-2°C / 6°C
Wednesday
Rain
1°C / 10°C

Translator

Visitors Counter

842738
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
176
731
3244
10323
842738

Your IP: 54.82.79.137
Server Time: 2018-11-17 04:23:25
Web Analytics