Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Лисица (Vulpes vulpes)

Posted by  Published in: Дивеч

 

 

Лисицата или црвената лисица (Vulpes vulpes) е најпозната од сите видови на лисици. Taa е најраспространета не само од сите видови на лисици туку и од сите останати копнени месојадци. Како што кажува нејзиното име крзното по боја најчесто и е црвно-кафеаво. Постојат околу 40 подвидови на лисици.

 

 

 

 Систематика

 

Царство:

Animalia

Тип:

Chordata

Подтип:

Vertebrata

Класа:

Mammalia

Ред:

Carnivora

Фамилија:  

Canidae

Род:

Vulpes

Вид:

Vulpes vulpes Linnaeus, 1758

 

Физички опис


Крзното од горната страна на црвената лисица најчесто е со црвена боја, а од долната бело, меѓутоа тоновите на бојата и се менуваат во зависност од порачјето кое го населуваат, па според тоа, бојата на горниот дел од телото и варира од црвенкасто-жолта до темно црвено-кафејава и може да биде ишарано со црвени, кафејава, црни и бели влакна, а долниот дел од чисто бела па до сива боја. Долните делови од нозете и се црни.

Очите на лисицата и се со златно-жолта боја и имаат карактеристични вертикално издолжени зеници слични како на мачката. Имаат одличен вид и многу се вешти, а опашката им овозможува рамнотежа при изведувањато на акробатски скокови. Силните нозе им овозможуваат да трчаат со брзина од 70 км/час така што можат успешно да ловат или да му побегнат на предаторот.

Возрасната црвена лисица достигнува тежина од 6-10 кг, но таа и варира од регион во регион во кој живеат. Просечно, европските лисици се поголеми од нивните американски роднини. Долги се од 50 до 90 см. Плус опашката која е со должина од околу 40 см. До рамениците се високи 35 до 45 см. На предните нозе лисицата има 5, а на задните нозе 4 прста.

Во текот на есента и на зимата, на лисицата и расне повеќе крзно одколку вообичаено. Тоа е т.н. “зимско крзно“ кое ја штити лисицата од студот, а кое го губи на почетокот на пролетта кога тоа повторно станува кратко во летниот период.


Исхрана


По правило лисиците ловат сами. Исклучок на ова е ловот на мајката со младенчињата. Лисиците со брзо загризување го убиваат својот улов, бидејќи во спротивно уловот би можел да им помогне бидејќи немаат канџи. Таа има 42 многу оштри заби со кои го фаќа пленот. Лисицата секојдневно редовно конзумира од 0,5 до 1кг храна. Силно разниеното сетило за мирис им овозможува да поминуваат и до 10 км во потрага по храна.

Се хранат претежно со разни глодари, глувци, зајци, инсекти, риби, но и со сите видови на други мали животни, билки како и со лешеви. Покрај тоа честа ловина им се и јајца од гнезда на птици кои се гнездат на земја како кокошки, еребици, фазани и др. Ретко уловуваат и младо срнче, а уште поретко прасе од дива свиња, додека некој влекач или водоземец ќе го изеде само во крајна нужда. Тиа знаат да влезат и во кокошарник и да украдат по некоја кокошка. Во зависност од годишното време лисиците се хранат и со зрели бобинки како и со равно овошје. Во потрага по храна лисиците ги јадат и животните кои настрадуваат во сообраќајот.

Во урбаните предели, лисиците се хранат со глодари и птици кои ги пронаоѓаат по двориштата и отпадите. Често се случува да пребаруваат по контејнерите и по кантите за отпадоци за да пронајдат нешто за јадење. Лисицата кога лови глушец, прво стои неподвижно и потоа изненадно скокнува врз него така што го притиска со предните шепи.


 

 Однесување


Црвените лисици се животни кои се активни во проквечерината, додека оние кои живеат во урбаните краеви се ноќни животни. Секоја лисица лови сама. Ако улови повеќе храна одколку што може да изеде, вишокот на храна го закопува и го јаде покасно.

Генерално, секоја лисица е самотник и живее на своја територија. Единствено во зима се здружува со друга лисица, додека во текот на летото самостојно се храни.

Териториите на лисиците се со површина од од 5 до 20 км², а може да достигне и до околу 50 км² што зависи од количината на расположивиот потенцијал со храна во неа. Лисицата редовно ја обиколува својата територија и со обележување со измет и урина ги известува другите лисици дека тоа подрачје е зефатено.

Лисиците имаат повеќа јазбини на својата територија од кои постојано се шири напријатна миризба. Тие и служат за одмор, сокривање во случај на опасност и за подигање на подмладок. Лисицата ретко самата ги копа тие јаму, таа најчесто ги превзема од јазовците, а потоа покрарај главниот влез ископува уште по некој влез за да ја осигура можноста за сигурно бегство во случај на опасност. Таквите јами се користат од повеќе генрации. Во главната поголема јазбина лисиците живеат преку зима, каде што донесуваат на свет млади лисичиња и каде ги одгледуваат. Помалите јазбини се наоѓаат низ целата нивна територија и и служат на лисицата како засолниште во случај на опасност како и за складирање на храна. Често се случува синџир на тунели да ги поврзува помалите јазбини со главната.


 

 

 Густината на населенесто на некое подрачје со лисици зависи од повеќе елементи, како на пример: од разноличноста на теренот, количина на можен плен како и можноста за градба на јами. Младите лисици остануваат на територијата на мајката различно долго, а кога ќе појдат во потага за сопствена територија и тоа е со различна оддалеченост.

Црвената лисица се смета за моногамен вид, меѓутоа присутноста на полигамија се базира на дополнителните движења надвор од неговата територија за време на сезоната на парење, со цел да се спари со повеќе женки. Исто така присутноста на полигамијата се забележува и со преклопувањето на територијата на мажјаците со една или повеќе територии на женки. Црвената лисица првобитно формира моногамна врска со мажјакот секоја зима за да одгледа окот од 4 до 6 млади, но во исклучителни случаи мажјаците ја применуваат полигамијата - неколку мажјаци делат иста женка или обратно. Ваквото однесување не им е во потполност разбирливо на зоолозите. Црвените лисици комуницираат со различни огласувања и обележување со храна.


Размножување


Јужните полулации на црвенат лисица се парат од декември до јануари, централните популации од јануари до фебруари, а северните популации од фебруари до април. Менструалниот циклус кај женките трае од 1 до 6 дена секоја година. Парењето (копулацијата) е кратко и гласно и обично трае до 20 секунди. Иако женката се пари со повеќе мажјаци кои помеѓусебе се борат за неа, таа на крајот ќе се реши само за оној што ќе ја освои.


 

 Еден мажјак останува покрај женката и и помага во подигањето на младенчињата. Лисицата се пари во средината на февруари, а 51 до 56 дена по парењето лисицата во просек окотува од 3 до 5 лисичиња, а многу ретко само едно или дури 13 лисичиња. Младенчињата се тешки од 80 до 160 грама и се котат слепи со волнесто влакно со сиво-кафејава боја. Очите по прв пат ги отвараат после 12 до 15 денови. Цицаат од 4 до 6 недели, а на возраст од околу еден месец за прв пат излегуваат од јазбината. До тој момент веќе го смениле влакното и попримиле типична црвена боја на возрасна лисица. Мажјаците помагаат во подигањето на подмладокот, на тој начин што на женката иго донесуваат пленот на влезот од јазбината. Ако се случи женката да настрада, тогаш мажјакот продолжува со подигнувањето на младенчињата, но само во случај доколку престанале со цицањето. Младенчињата се осамостојуваат после четири месеци од окотувањето. Половата зрелост ја достигнуваат на девет месеци, а мајката ја напуштаат на возраст од околу една година.

Лисиците можат да живеат до 12 години во затвореништво, но обично само три во дивината.


Распространетост и подвидови


Најголемиот претставник на родот Vulpes, црвената лисица живее на просторот на скоро цела Северна Америка и Евроазија, додека неколку популации живеат и во Северна Африка. Подвидот јапонска црвена лисица (Vulpes vulpes japonica) мигрирала од Индија и Кина до Јапонија. Црвената лисица во 19 век е пренесена во Австралија каде што претставува сериозен проблем бидејќи ја нарушува еколошката рамнотежа. Пренамножени се хранат со голем број на помали животни кои ги има се помалку.


 

 Ареал на Црвената лисица (Vulpes vulpes)


 Три подвидови на црвената лисица живеат во Индија: Vulpes vulpes montana (тибетанска лисица) која што живее на Хималаите, Vulpes vulpes griffithi (кашмирска лисица) која може да се најде во покраината Кашмир и Vulpes vulpes pusilla (пустинска лисица) живее во пустината Тар во државите Раџастан и Гуџарат.

 Црвената лисица населува различни биотопи од прерии и шикари до шуми. Обично е распространета на јужните географски жирини, но може да ги населува и крајните северни тундри, кои ги населува арктичката лисица. Црвената лисица е станата познат жител на пригратските области и на самите градови.

Со оглед на тоа што црвената лисица е извонредно прилагодлива (има голема способност за адаптација), нејзината популација во светот брои преку 20 милиони лисица.


Лисиците и човекот


Во Велика Британија ловот на лисици со кучиња бил традиционален спорт се до 18 фебруари кога е забранет со закон. Во Шкотска ловот на лисици е забранет во 2002 година. Лисицата во многу приказни ја претставуваат како мудар злочинец. 

Како и другите диви животни и лисицата ја сметаат за преносител на заразни болести. Таа им помага на земјоделците со тоа што ги лови ситните животни кои им ги уништуваат посевите, додека за одгледувачите на живина таа се смета за штетник. Црвената лисица донекаде има важност за кожната индустрија.

Во Хонг Конг лисицата е заштитен вид, додека на јапонскиот остров Хокаидо таа е симбол.


Природни непријатели


Покрај човекот нејзини природни непријатели се рисот, волкот, бувот и орелот. Но во Европа тие животни и немаат некое значење бидејќи скоро секаде се исчезнати.

Во приридни непријатели се вбројуваат и паразитите како и разните инфекции. Црвената лисица е осетлива на влага и студ, па кога врменските услови се такви лесно се разболува од разни инфекции. Скоро една третина од младите лисици страда од вакви инфекции. Покрај тоа тука е и беснилото.


Занимливости


• Некои научници сметаат дека црвената лисица во Северна Америка ја донеле британските доселеници во 19 век.

• Црвените лисици се најраспространети месојадци на светот.

 


Weather

Mostly sunny

25°C

Skopje

Mostly sunny
Humidity: 58%
Wind: W at 6.44 km/h
Saturday
Mostly sunny
18°C / 30°C
Sunday
Partly cloudy
16°C / 31°C
Monday
Partly cloudy
16°C / 28°C
Tuesday
Partly cloudy
15°C / 30°C

Translator

Visitors Counter

778490
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
315
411
2040
10296
778490

Your IP: 54.161.49.216
Server Time: 2018-08-17 09:55:51
Web Analytics