Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Дивата пајка (Anas Platyrhynchos)

Posted by  Published in: Дивеч

 Дивата пајка (Anas Platyrhynchos) или глуварата е најзастапена барска птица кај нас. И покрај тоа што е птица преселничка значителен дел од овиј вид на пајки се гнезди и ги одгледува младите кај нас. Миграциските процеси кај овој вид на пајки се многу неправилни но секогаш постојат. Дивата пајка ја населува цела Европа, Азија, дел од Северна Америка и северниот дел од Африка. Во октомври и ноември тие се собираат во големи јата, летаат кон југ, а во фебруари и март дивите пајки се враќаат на север поради гнездење и одгледување на младите.

 

Систематика

 

Царство: 

Animalia

 

Тип:

Chordata

 

Класа:

Aves

 

Ред: 

Anseriformes

 

Фамилија:

Anatidae

 

Род:    

Anas

 

Вид:  

Anas platyrhynchos  (Linnaeus, 1758)

 

 

Изглед и градба на телото

 

Дивата пајка е долга од 50-65 cm, а распонот на крилата и е од 80-100 cm. Мажјаците се нешто поголеми од женките. Мажјаците тежат од 0,9-1,4 kg, а женките од 0,8-1,3 kg.

Бојата на пердувите им се менува во текот на годината, а најубави се во периодот на парењето. Мажјаците во тој период се значително поубаво обоени од женките. Тие се со плаво зелена метална боја, градите им се со кавеава до црнкаста боја, а околу вратот имаат бела гривна. Горниот дел од крилата им се сиви, додека опашот им е со плава боја и бело обрабен. Долниот дел од грбот им е со зеленкасто црна боја, а стомакот со плаво бела до сивкаста боја.

Женките се едноставно обоени со сиво кафеави слични на земјата пердуви, а од страна како и мажјаците имаат огледало со плаво виолетова боја омеѓено со црно бели траки.

 Клунот на глуварата е сплескан и со зеленкасто-жолта боја. Од страните има рожести израстоци кои се испреплетуваат помеѓу себе и прават сито за пресејување на тињата. Нозете и се со портокалово-црвена боја, сместени се на задниот дел од телото, а помеѓу прстите имаат пливачка кожичка. Крилата и се шилести и може да лета со голема брзина (од 65 до 75 km/h).

 

Парење

 

 

Во зима јатото се поделува во парови, а парењето во зависност од абиотско-еколошките фактори се случува обично во месец март. Во гнездо на земја, близу до земја, во трева, во трска, во грмушки, во шупливо дрво, а на стеблата во стари гнезда на јастреби или гаврани, пајката несе 8-15 јајца на кои седи 26 денови. Мледенчињата за прв пат се митарат после третата недала од возраста. Кај старите, кај мажјаците митарењето започнува на пролет и трае се до јули месец, при што нагло им опаѓаат пердувите за летање поради што неможе да летаат. Кај женките тоа опаѓа постепено. Младите повторно се митарат во месец септември.

 

Начин на живот

 

Глуварата од сите видови на пајки е најскромна во изборот на живеалиште па може да се најде речиси на секоја водна површина кај нас. Сепак најпогодни и се плитките стоечки води. Во поглед на надморската височина исто така не е пребирлива и ја сретнуваме се до средно високите планини.

Глуварата е сештојадец и многу лакома па се храни со растителна и со анимална храна. Таа јаде житарици, семенки, водени растенија, разни инсекти полжавчиња, црви, жаби и сл. Храната ја бара по заоѓање на сонцето при што одлетува и далеку од водата, а кога сонцето излегува се враќа на вода во засолниште.

  На водата се спушта нагло понирајќи и веднаш седнува на површината на водата. При земање на храната со главата иде под вода при што половина од телото и е под вода така што над водата и е само задниот дел од телото. Многу ретко заради храна се нурнува но при тоа не се служи со крилата па поради тоа спаѓа во пајки пливачки. Од водата се дига речиси водорамно при што не зема залет па по водената површина трча како пајките гњурачки.

Сетилата кај пајките особено видот и слухот се добро развиени. Иако пајките се моногамни во есен пред селидбата создаваат фамилијарни јата со илјадници единки во кои сите членови се рамноправни и се придржуваат на редот во јатата на кои припаѓаат. При летањето се редат една зад друга во облик на клин.

 

 

Weather

Scattered showers

26°C

Skopje

Scattered showers
Humidity: 54%
Wind: W at 22.53 km/h
Tuesday
Thunderstorms
17°C / 26°C
Wednesday
Partly cloudy
13°C / 27°C
Thursday
Partly cloudy
14°C / 27°C
Friday
Rain
13°C / 27°C

Translator

Visitors Counter

741553
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
575
673
5060
11539
741553

Your IP: 54.81.112.7
Server Time: 2018-06-18 15:29:48
Web Analytics