Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Зајак (Lepus europaeus)

Posted by  Published in: Дивеч

 Обичниот зајак е еден широко распространет вид на ситен дивеч. Ја населува речиси цела Европа, освен Исланд, Норвешка, Северна Шведска и Финска, Пиринејскиот полуостров и планинските делови на Алпите. Кај нас обичниот зајак претставува една од најраспространетите видови на ситен дивеч. Зајакот е изразито степско животно. Ги населува низинските подрачја и ридско-планинските биотопи, но се сретнува и на планините на поголема надморска височина. Животниот простор на обичниот зајак му се многу различни животни заедници: ливади, полиња, пасишта, шикари и др.

 Оптимални услови за опстанок на дивиот зајак постојат на полско-шумските, рамничарските и ридските терени со мала количина на врнежи (особено во пролет и лето). Тоа се благо наклонети терени изложени на сонце со просечно годишно врнежи од околу 400 mm или комплексни земјоделски површини на кои не е често вознемируван. Што се однесува до шумите најрадо живее во лисјарски шуми кои се прошарани со помали ливади, голини и сл.

 Зајакот е во состојба да се размножува на отворени терени, во кои како единствено засолниште му претставуваат браздите на изораните ниви. Активен е воглавно во текот на ноќта се до утрото. Преку ден мирува во некое скришно место, некоја грмушка, некој густиш, во омилената дупка (лога) која сам ја ископува.

Границите на територијата во која живее зајакот ги обележува со мокрача, а патеките по кои се движи ги обележува со секрет од миризливите жлезди кои се наоѓаат во усните агли и кои со “умивање“ ги нанесува на предните шепи. Околу “чмарот“ се наоѓа уште една мирисна жлезда. Кога зајакот седи или се исправи тогаш остава “печат“ на својот мирис и на своето присуство.

 Зајакот го познава секое скривалиште на соседниот зајак и на сите други животни кои живеат на истата територија со него. Обичниот зајак е верен на својата територија која изнесува околу 3000 m во круг, но во потрага по храна знае и да отиде подалеку. Пред да легне во својата дупка, зајакот прави скокови во страна и поминува по неколку пати по еден ист траг, се со цел непријателот да не го открие. Зајакот кога е принуден да бега, не бега панично, туку во определен правец во строго утврдените граници на својата територија.

 

 

Систематика

 

Царство: 

Animalia

Тип:

Chordata

Класа:

Mammalia

Ред:

Lagomorpha

Фамилија: 

Leporidae

Род: 

Lepus

Вид:

Lepus europaeus
Pallas, 1778

 

 

Општ изглед и поважни карактеристики

 

Обичниот зајак е мал и племенит дивеч, која припаѓа на фамилијата двозаби (lopiroidae) долгоуши животни, од родот Lepus. Мажјакот се нарекува зајак, женката зајачица, а младенчето зајче. Во поволни прехрамбени и други месторастежни услови зајакот пораснува во должина од 75-80 cm. Опашката му е многу кратка, со должина 7-10 cm. Висината му се движи од 30-35 cm. Телесната маса му изнесува од 4-6 kg, во зависност од месторастежните услови најтешките примероци можат да тежат и до 7 kg. Кај обичниот зајак како и кај останатите претставници од фамилијата lopiroidae забалото му е составено од 28 заби: во горната вилица има еден пар на вистински секачи, еден пар парасекачи и 12 катници, а во долната вилица има 2 секачи и 12 катници. Кондило - базалната должина на черепот му варира од 82 - 92 mm.

Телото на зајакот му е прекриено со густо и меко влакно, чија што боја е многу променлива, но прилагодена на местото на живеење поради што е тешко забележителен. Грбната страна му е со жолтесто-кафејава до зеленкаста боја. Врвовите на ушите и горната страна на опашката имаат црна боја на влакното, додека долната страна на стомакот и опашката имаат бела боја на влакното. Зимското влакно кај обичниот зајак е нешто подолго, погусто и потемно од летното влакно.

Главата кај обичниот зајак е сплескана и издолжена, на која од страната се наоѓаат многу крупни очи. Ушите му се доста долги, подолги од должината на главата на која стојат исправено. Долната усна е засечена, а околу устата се наоѓаат многу силни “бркови“. Задните нозе му се значително подолги од предните, а шепите (стапалата) одоздола се прекриени со густи влакна, кои што му служат како заштита од студот и за полесно движење по замрзнатиот снег. На предните нозе зајакот има пет, а на задните нозе четири прста.

 Обичниот зајак е многу плашливо животно и се служи со бегање во случај на опасност. Тој има многу добро развиено сетило за слух и мирис, додека сетилото за вид кај неподвижните објекти му е послабо развиено. Очите му се поставени така што со нив може да контролира речиси цел круг без движење на главата. Затоа се случува зајакот кога го гонат кучиња во трк да налета и да се удри во неподвижен предмет или во некој ловец. Сетилото за мирисот му е обично равиено и му служи за да открие извор на храна, да открие сексуален партнер и да регистрира непријател. Носот му е подвижлив, а ноздрвите му се шират по потреба. Сетилото за вкус му е добро развиено и многу му е важно при селекција на храната, а долгите уши му овозможуваат да го слушне секој шум. Покрај тоа, ушите му служат и за ладење на крвта, односно организмот.

 

 Начин на исхрана

 

Обичниот зајак во начинот на исхрана се прилагодил кон условита на своето живеалиште и при тоа храната ја бара во предвечерјето или во текот на ноќта. Ако во текот на ноќта не го наполни својот желудник, кој е со запремина од околу 350 см³, се храни и во текот на денот. Ја избегнува утринската роса, кога е влажно и водата. Во исхраната не е пребирлив. Се храни со разни треви, детелина, зељести билки, зелка, репка, кељ, младо жито, грав, грашак и со друга зељеста храна. Преку зимата во недостаток на зељести растенија, зајакот ја грицка “гули“ кората од младите стебла од дрвјата и грмушките, особено од младите насади од овошки, па често прави големи штети на расадниците со младо овошје.

Интересна особина во исхраната е т.н. копрофагија или цекотрофија, т.е. го јаде сопствениот измет кој излегува од слепото црево. Систем за варење кај зајакот е со долго слепо црево во кое се одвива ферментација и варење на храната под дејство на бактериите кои ја разложуваат целулозата. Производ на тое е мека маса богата со белковини која што после излегувањето од аналниот отвор зајакот повторно ја јаде. Тоа се мали издолжени брбушки (цекатрофи) што се за повеќе од половина помали од брбушките на изметот.

На тој на чин дел од храната проаѓа два пати низ системот за варење. Тоа истовремено овозможува да се подмират потребите од белковини кои се неопходни за изградба и одржување на организмот. Покрај тоа, како резултат на ферментацијата предизвикана од цревните бактерии, таа маса е побогата со витамини. Затоа зајакот во текот на денот изедува околу 1.000 gr храна, па потоа по целата површина исфрла брбушки (околу 400), поради што се добива погрешен заклучок дека има повеќе зајаци. Се претпоставува дека, мајката пред да ги подои на малите зајачиња најнапред им дава цекатрофи за да им ја формира цревната флора. Оваа појава се означува како цекатрофија.

 

Парење и размножување

 

Зајакот е полигамен вид, така што еден мажјак може да оплоди повеќе женки. Парењето на обичниот зајак во услови на блага зима започнува кон крајот на јануари, а завршува на почетокот на септември. За време на парењето на зајците, ноќите осветлени со месечина се сведоци на зајчевите “сватови“. Притоа се водат жестоки дуели со “боксови“, скокови и со губење на прамени од влакна, а повремено проследени и со тивок пискот. Предходно се мислело дека мажјаците при тоа се борат за женки. Најновите истражувања докажале дека со “боксот“, воглавном се занимаваат женките на кој начин се заштитуваат од премногу наметливите удварачи.

 После оплодувањето мажјакот бара друга женка и оплодува во просек од 3-5 женки. Бременоста кај женката трае од 42-44 дена. Од март до октомври женките се окотуваат 3-4 пати, при што на свет донесуваат 2-4 зајчиња, кои веднаш прогледуваат.

 Женката може да се пари и за време на бременоста, која што појава се нарекува суперфетација. Оплодувањето на јајце клетката е возможно и кога плодот од тековната бременост се наоѓа во еден дел од дворогата материца, а другиот дел е слободен. Понекош за повторна бременост кај зајчицата не е потребно повторно да се пари, бидејќи како што е утврдено, сперматозоидите кои останале од претходното парење можат да живеат уште 30 дена.

 Млекото на зајчицата е многу хранливо и затоа зајчињата раста многу брзо. Во млекото на зајчицата има 24% маснотии, 10,5% белковини, 1,8% лактоза и 1,2% минерални материи. Зајчицата има 3+2 дојки. Зајчицата ги дои младите еднаш во 24 часа, а доколку ги дои уште еднаш тоа го прави во ноќните часови. При окотување зајчињата се тешки околу 130 грама. Зајчицата ја јаде кошулицата, младите немаат мирис и мајката ретко им приоѓа до леглото како не би ги навела предаторите.

Мајката младите ги дои од 16-24 дена, но веќе 17-от ден тие почнуваат да јадат и зелена храна (соред учебникот “Ловство“ од проф.др. Борис Трпков од 8-от ден). Зајчињата половата зрелост ја достигнуваат после 10-12 месеци, а наполно се возрасни со навршени 15 месеци од животот.

 Кај обичниот зајак најмногу страда првото легло, бидејќи зајачицата се окотува во рана пролет кога се случуваат мошне чести промени на времето, а при тоа женката не бара посебни засолништа каде што ќе ги донесе на свет младите. Се смета дека една зајачица годишно раѓа од 10-12 зајачиња, од кои пеживуваат сосема мал број поради големиот број на негативни влијанија. Во услови на нашата земја, една зајачица во текот на една година во просек одгледува најмногу од 1 до 2 зајачиња.

 

Животен век

 

Обичниот зајак може да доживее старост од 8-10 години, а во затворен простор каде што е заштитен од природните непријатели може да доживее старост и до 12 години.

 

Природни непријатели

 

Обичниот зајак има голем број на природни непријатели (предатори), а најчести се: лисиците, куните, волкот, мачките и кучињата скитници, како и разни грабливки од кои најопасни се: јастребите, орлите и бувовите. Зајакот покрај нив го лови и човекот. Од нежива природа најповаќе му смета влагата, силни дождови (за новородените зајачиња), поплави, прскање со хемијски средства во големи количини при интензивно земјоделско стопанисување, страда од сообраќај и сл.

  По оценка на многу ловни стручњаци зимата е најтежок период во животот на зајакот. Без оглед на светлата боја на влакното грабливците лесно го забележуваат. Високата снежна прекривка му го отежнува движењето. Сепак длабокиот снек и не е толку опасен за зајакот, бидејќи под снегот него му е топло, а таму наоѓа храна.

 

Лов

 

Обичниот зајак е многу ценетно животно и атрактивен ловен ситен дивеч. Тој според Законот за ловството е дивеч под заштита за кој се утврдува ловостој во периодот од 15 декември до 10 октомври. Во овој период обичниот зајак не смее да се лови, прогонува или вознемирува. Тоа значи дека ловната сезона на обичниот зајак започнува на 11 октомври и трае до 14 декември. Тој најуспешно се лови со погон и со кружен лов.

 

 

Обичниот зајак кога е преплашен или дигнат од својата дупка во рамницата, бега во една правец кон најблиската шума или густиш. Додека, преплашен или догнат во шума, бега така што постојано ја менува својата насока, се враќа и ја пресекува линијата на претходниот пат со што ја залажува трагата на предаторот или гоничот. При тоа ги изведува прочуените “куки“, т.е. завртувања во воздух и нагло менување на насоката на бегање. Искусните ловци знаат за неговото движење, па го чекаат да се врати по остиот пат по кој што отишол.

“Славата“ на плашливо животно, зајакот ја добил затоа што при опасност тој секогаш бега и тоа со брзина од 55-60 km/час. Во праксата познати се случаеви прогонуваниот и уморен зајак кога ќе налета на дупка од друг зајак да го истера и да легне на негово место, а одморениот зајак да продолжи да бега. Не е познато дали ова е доброволно превземање на “штафетата“ во бегот или тоа е присилно.

 За лов на зајакот најдобро е да се користи ловечко оружје - сачмарка, со муниција од 4 mm. Трофеј од зајакот претставува черепот, кожата, а посебно неговото кратко опавче.

 

Месо

 

Обичниот зајак има многу квалитетно и вкусно месо. Поради што јадењата од заечко месо кое што е меко и вкусно во кулинарството се најомилени. До старост од една година месото не треба да се става во пајс, бидејќи тогаш тоа губи од својот вкус. Се препорачува очистен од внатрешноста младиот зајак да се остави обесен да одстои неколку денови на ладно и ветровито место. Внатрешноста, т.е. џигерот, плуќата и срцето, најдобро би било да се употребат веднаш. Месото од постар зајак, задолжително се става во пајс да одстои неколку денови.

 


Weather

Mostly sunny

10°C

Skopje

Mostly sunny
Humidity: 95%
Wind: N at 6.44 km/h
Thursday
Sunny
8°C / 23°C
Friday
Mostly sunny
10°C / 24°C
Saturday
Partly cloudy
8°C / 22°C
Sunday
Mostly cloudy
8°C / 18°C

Translator

Visitors Counter

818349
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
262
586
1371
9188
818349

Your IP: 54.166.130.157
Server Time: 2018-10-17 07:50:58
Web Analytics