Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Фазан (Phasianus sp.)

Posted by  Published in: Дивеч

 Фазанот не е дел од автохтоната европска фауна. Името го добил по реката Phasis која се наоѓа во Азија која што е неговата прадомовина. Во нашата држава тој природно не е застапен и се внесува по вештачки пат. За таа цел низ целата држава постојат повеќе фазанерии во кои се произведуваат фазани кои подоцна се пуштаат во ловиштата. Сепак праксата покажала дека тој во природа тешко опстојува бидејќи е многу зависен од временските услови и е на удар на голем број предатори.

Фазанот е мошне ценет дивеч, не само поради убавината туку и поради уживањето што го дава спортскиот лов. Согласно Законот за ловството овој вид на дивеч во нашата држава спаѓа во категоријата дивеч под заштита, за кој е утврден ловостој. Според него, фазанот во нашата држава може да се лови во периодот од 1 октомври до 31 декември.

 Сепак во скора иднина во Законот за ловството можни се измени кои ќе се однесуваат на неговиот лов, според кои во т.н. полигони за лов на фазан тој да може да се лови во текот на целата година. Ова секако ќе биде од голема полза за ловниот туризам, бидејќи ќе може да се организираат негов лов во текот на целата година. Со тоа фазанот на некој начин ќе се третира како дивечот во оградените ловишта во кои тој може да се лови во текот на целата година.

 

Систематика

 

Царство: 

Animalia

 

Тип:

Chordata

 

Класа:

Aves

 

Ред: 

Galliformes

 

Фамилија:

Phasianidae

 

Род:    

Phasianus

 

Вид:  

Phasianus sp. 

 

 

Фазанот не е дел од автохтоната европска фауна. Името го добил по реката Phasis која се наоѓа во Азија која што е неговата прадомовина. 

Фазанот првобитно живеел во приобалните земји на Каспијското море и на Западна Азија, но веќе оддамна е одомаќен во Европа. Старите Грци кои пошле во аргонаутски поход, ја нашле оваа прекрасна птица на Фасиса во земјата на Колхидите и ја донеле во татковината. Отаму наводно се проширила по јужна Европа, а Римјаните кои знаеле да го ценат добар вкус на нејзиното месо го пренеле фазанот во јужна Галија и во Германија. Денеска фазанот живее во целата Европа, со исклучок на Исланд,  потполно див, но често и под заштита на човекот во т.н. диви и питоми фазанерии. Од 1928 година се наоѓа и во Австралија со што тој населува пет континенти.

Фазанот спаѓа во групата на полски кокошки каде освен него припаѓаат и полската еребица, еребицата камењарка и препелицата. Како и другите видови на кокошки и фазанот е сештојадец, така што подеднакво ја користи и растителната и животинската храна. Тој се храни два пати на ден, рано наутро и доцна попладне. во текот на тие кратки периоди го напушта своето шумско засолниште за да се храни во рамницата. Во потрага по храна може да се одалечи и до 250 метри од работ на шумата. Водата му е непходна за преживување. Доколку на едно подрачје нема доволно вода, фазанот го напушта и мигрира во поадекватно подрачје.

Во ловишта се сретнуваат повеќе видови на фазани, како на пример:

·                     обичниот фазан (Phasianus colchicus colchicus) – на главата има пердуви во облик на уши но околу вратот нема бели пердуви како гердан;

·                     монголскиот фазан (Phasianus colchicus mongolicus) – на главата нема пердуви во облик на уши но околу вратот има бели пердуви како гердан;

·                     кинескиот фазан (Phasianus colchicus torquatus) – на главата има пердуви во облик на уши, а околу вратот има бели пердуви како гердан;

Разните видови на фазани во ловиштата се вкрстуваат помеѓу себе, така што многу е тешко да се установи чиста раса, па затоа во ловната практика за овој вид на дивеч се користи терминот “ловни фазани“.

Женките кај фазаните речиси и не се разликуваат, сите се со земјасто-кафејава боја со темни пеги, што ги прилагодува на земјата на која се движат и гнездат. За разлика од неугледните женки, мажјаците се покриени со шарени, сјајни пердуви кои ги митарат во текот на август и септември.

Фазанот избегнува затворени и високи шуми и порадо живее во паркови или во густи грмушки, опкружени со плодни полиња и ливади кои не оскудеваат со вода. По цел ден фазаните тражејќи храна скитаат по земја, движејќи се од една грмушка до друга, се провлекуваат низ трновитите живици, а понекогаш излегуваат и на краевите од шумата, а од таму на полињата за на нив веќе според годишното време да ги пасат штотуку изникнатите посеви или да ги јадат зрелите плодови. Дури пред стемнување бараат некое погодно дрво на кое ќе преноќат. Во шикарите преноќуваат во некој бусен од трева или на некоја трновита грмушка.

Фазанот добро трча но слабо лета. Изгледа дека сетилата му се прближно подеднакво развиени, но разумот со сигурност им е слаб. Фазанот никогаш не може да се припитоми, бидејќи не може да го разликува својот негувател од другите луѓе и во секој човек гледа непријател од кој треба да се плаши. Тој нема постојано живеалиште, бидејќи не е способен на одредено подрачје да го пронајде она место кое за него е најдобро. Постојано се плаши од опасности бидејќи мозокот не му е доволно развиен за да може сам на себе да си помогне доколку му се закани некоја опасност.

Кон своите сродници фазанот никогаш не е љубезен. Не е друштвен и е нетолерантен. Ако се сретнат два фазани доаѓа до жестоки борби, кои траат се додека едниот од нив не го сврти грбот и се повлече со бегање. При борбите испуштаат карактеристични гласови, а пердувите на главата и на вратот ги облива свежа крв. Понекогаш овие борби траат и по повеќе од 40 минути, при што противниците толку многу се заморуваат така што почнуваат да се клатат на нозете.

На фазанките тој им посветува внимание само во периодот на парење, а на пилињата никогаш. Ако фазанките доброволно не се парат со него тој со сила ги оплодува. 

Половиот нагон кој кај него се јавува кон крајот на март ја менува целата природа на фазанот. Додека вообичаено е ќутлив, во овој период испушта звуци кои подсетуваат на кукурикање, но овие звуци се доста грди. Ако во негова близина се најде некоја фазанка тој почнува да и се додворува при што ги шири крилата, го волекува вратот и го спишта го до земја. Доколку фазанката веднаш не се пари со него, започнува да ја удира со клунот и со нозете, како во неа да гледа најголем непријател. Еден мажјак може да оплоди 4-10 женки, иако идеален сооднос е 1-4/6 во корист на женките.

Ополедената фазанка бара некое скришно место под некоја густа грмушка, помеѓу некои високи растенија (на пр: во жито) или во ливадска трева. Тука ископува плитка вдлабнатина, после што од поблиската околина собира малку трева и суви лисја. Фазанката во гнездото снесува од 8 – 12 жолтеникаво-сиви јајца, кои ги снесуваат во приближно еднодневни интервали. Бројот на снесени јајца во подоцнежен период секогаш е помал (во случај да е уништено гнездото). при одгледување во волиери каде снесените јајца редовно се собираат, фазанката снесува многу повеќе јајца одколку во природа. Во експериментални услови максималната носивост била и до 100 јајца, а при вештачко продолжување на денот дури и до 140 јајца.

Губитоците кај потомството, предизвикани со механизацијата при косење на крмните растенија, потоа од штетници, негативни временски услови и слично, според различни автори се движат од 42 до 85 %. Неповолните временски услови во периодот на испилување на пилињата често многу го редуцираат вистинскиот економски прираст по една фазанка.

Кога ќе го снесе и последното јајце на нив лежи околу 24 денови, со напуштање на гнездото наутро во потрага по храна и вода. Доколку треба да го напушти гнездото лесно го покрива со билки, листови или тревки. 

 Кога младите фазани ќе се испилат, мајката ги води и им чепка храна која во прво време се состои од инсекти, црви и јајца од мравки, за после 10-ина денови да прејдат на растителна храна. Покрај мајката остануваат околу осум недели. После десетата недела кај младите фазани се развиваат летните пердуви. Иако тогаш се самостојни во барањето на храна, уште извесно време остануваат во близина на мајка си. После 16 недели младите почнуваат да живеат во мали групи, обично со различни полови. Полова зрелост достигаат после неполна година, а можат да доживеат старост од 7 години, иако такви случаи се ретки.

Фазанката е многу грижлива мајка. Таа настојува да ги заштити младите од сите штетни влијанија, па затоа без двоумење за нив се изложува на разни опасности. Но сепак ретко ја доживува таа радост сите да ги сочува додека не пораснат, бидејќи младите фазани спаѓаат во групата на најосетливи птици од фамилијата на кокошки. Се до есента младите фазани остануваат со мајка си и сочинуваат едно јато. Потоа најпрво се оделуваат фазаните, а на пролет и фазанките кои во тоа време веќе се способни за размножување.

Тешко дека постои некој вод птица кој е толку многу изложен на опасности како што е фазанот. Тој многу побрзо од своите роднини подлегнува на  атмосферските влијанија, а покрај тоа неспоредливо почесто го ловат разни грбливки. Најлош непријател му е лисицата која многу успешно го лови. Куните и мачките ги фаќаат младите фазани, а ежовите и глувците го јадат јајцата во гнездата. Јастребите, луњите и ејите го фаќаат својот дел, па дури и несмасните глувчари или гаврани, чавките и сојките фаќаат голем број на пилиња.

Фазанот е мошне ценет дивеч, не само поради убавината туку и поради уживањето што го дава спортскиот лов. Во последно време во нашата држава се населува вештачки  во се поголем број. Досегашните искуства покажуваат дека фазанот најдобро се прилагодува во природни рамнински терени кои се испресечени со помали шумички и водотеци. Ако во вакви подрачја има доволно вода, тогаш можеме да ги сметаме како оптимални за одгледување на фазаните.

Фазанот се лови со кучиња птичари. Тој може да се лови со пригон, со погон и со кружен лов. За лов на фазанот се користат пушки сачмарки со пречник на сачмите 3-3,5 мм. Најголема препорачана далечина за отстрел изнесува 40 метри.

 

Weather

Mostly sunny

10°C

Skopje

Mostly sunny
Humidity: 95%
Wind: N at 6.44 km/h
Thursday
Sunny
8°C / 23°C
Friday
Mostly sunny
10°C / 24°C
Saturday
Partly cloudy
8°C / 22°C
Sunday
Mostly cloudy
8°C / 18°C

Translator

Visitors Counter

818390
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
303
586
1412
9229
818390

Your IP: 54.166.130.157
Server Time: 2018-10-17 08:21:07
Web Analytics