Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Дивокоза (Rupicapra rupicapra)

Posted by  Published in: Дивеч

Не случајно дивокозата се наоѓа на грбот на националните паркови во нашата држава. Таа е нашиот најценет автохтон дивеч, по кој нашата држава е позната во пошироки граници. Голем број на ловни туристи од целиот свет секоја година доаѓаат специјално за нејзин лов, бидејќи се проценува дека нашиот вариетет се одликува со поголеми трофејни вредности од останатите во регионот па и пошироко.

Дивокозата според Законот за ловството спаѓа во дивеч под заштита за која е утврден ловостој. Според овој Закон дивокозите и јарињата во текот на годината може да се ловат во периодот помеѓу 1 октомври и 31 декември, додека дивојарците во периодот помеѓу 1 август и 31 декември.

 

Систематика

 

Царство:

Animalia

Тип:

Chordata

Класа:

Mammalia

Ред: 

Artiodactyla

Фамилија: 

Bovidae

Род:

Rupicapra

Вид:

Rupicapra rupicapra  Linnaeus, 1758 

 

Опис

 

Дивокоза (лат. Rupicapra rupicapra) е цицач од фамилијата шуплороги животни. Должината на телото изнесува 130 см., височината 70-80 см, а тежината 30-50 килограми. Снагата и е силна, цврста, со здрави нозе, прилагодени за одење по карпи и стрмнини. Крзното зимно време има кафеаво-црна боја, долго и густо, а летно време е кусо со жолто-’рѓава боја и темна црта на грбот. 

По должина на главата, од муцката кон ушите, има темна (речиси црна) лента. И мажјаците и женките имаат рогови, кои се црни, со должина од 24-31 см, силно извиени назад како кука. Кај женките тие се покуси, а врвот е во правец назад. На мажјаците пак врвот е насочен надолу со што е речиси паралелен на основата на роговите. Нивната крв е побогата на црвени крвни зрнца, а срцето помоќно во споредба со тие на други цицачи, што живеат на планините. Копитата имаат цврст надворешен раб и мека, слична на габа, внатрешност. Тоа им овозможува одлично прилепување кон карпите, камењата и замрзнатите површини. Сето тоа им овозможува за само неколку минути да искачат разлика од 1000 метри надморска височина.

 Дивокозата живее претежно на карпи и пасишта, но исто така и во планинските шуми. Обично стадата бројат 6-20 женки со нивните јариња и млади мажјаци, а ги води некоја стара женка. Среќаваат се и стада само од мажјаци (2-5 индивидуи). Инаку мажјаците и старите женки живеат самостојно. Женките достигнуваат полова зрелост на 2-3 година, а мажјаците нормално на четвртата година. Дивокозата нема роднинска врска со домашната коза. Живее околу 15-17 години.

 

Однесување

 

Пролет: За овој период од годината дивокозата го менува темното и дебело зимско крзно со жолто-’рѓаво и кусо летно крзно. Женките ги напуштаат стадата и по 165-175 дневна бременост раѓаат едно, понекогаш и две јариња. Речиси веднаш по раѓањето на јарињата се спремни да ја следат мајката.

Лето: Дивокозите формираат мали стада. Женките ги дојат јарињата околу 6 месеци истовремено хранејќи се обилно. За тоа годинско време најсакана храна се различните видови трева (62%) и свежи гранки. Јаде дури и токсички алкалоиди како чемериката.

Есен: Крзното потемнува и се здебелува. Крајот на есента (ноември-декември) е сезоната за парење. Дивокозата е полигамна и еден мажјак се пара со повеќе женки. За да добијат некоја женка мажјаците водат атрактивни борби. Тие ја маркираат територијата со мирисните жлезди, што им се наоѓаат зад роговите. Мирисот ги привлекува женките. Кога ќе се појави друг мажјак тие се ежат еден спрема друг, а по кратки судири се бркаат по карпите. Ретко некој ќе добие траума. Но во заградени ловишта, каде нема простор за бегање, се забележани повеќе случаи на смрт, што зборува за голема жестина во борбите. За време на парењето мажјаците не се хранат, губат многу енергија и како резултат тие силно ослабуваат.

Зима: Со првите врнежи на снег, дивокозите ги напуштаат пасиштата и се симнуваат во планинските шуми. Храната е претежно сува трева, гранки и мов. За тоа време на годината дивокозите умираат најмногу - поради лавини, глад, болести или како жртва на ѕверови. Дивокозите добро држат на студ, а при големи снегови можат ништо да не јадат до две недели. За време на зимата можат да загубат до 1/3 од нивната тежина.

Деноноќие: Активна е само за време на денот. Летоска дивокозата се храни наутро и вечер, а попладне се одмара на високо место или пасе за кратко време. Зимоска пак, поради малата количина на храна се движи целиот ден со мали одмори. Ноќе се движи само при опасност.

 

Траги

 

Трагата на дивокозата представува стапка со две тенки и долги копитчиња со широко растојание меѓу нив (долу на сликата). Стапката е долга 5-6 см и широка 3-4 см. При нормално одење копитата се одбележуваат паралелно,а при трчање врвовите се оддалечени и се одбележуваат и задните помали копитчиња (горе на сликата).


Распространетост

 

Дивокозата се среќава во планините на Западна, Јужна и Источна Европа, Мала Азија и Кавказ. Поради географската изолираност на популациите во науката се поделени на 2 вида со 10 подвида. На Пиринејскиот полуостров и Апенинскиот полуостров живее видот пиринејска дивокоза (Rupicapra pyrenaica) со 3 подвида. На Алпите, Карпатите, планините на Балканскиот полуостров, Мала Азија и Кавказ се среќава обичната дивокоза (Rupicapra rupicapra) со 7 подвидови. Во минатото се среќавале пошироко и во шумите, но се истиснати од човечката активност во високите предели на планините. Така например во Кантабриските планини на карпест терен дивокозата се симнува до морето.

 

Во Република Македонија живее Балканската дивокозата (Rupicapra rupicapra balcanica) на планините од западниот дел од државата - Кораб, Шар Планина, Баба Планина, Јакупица, Дешат, Галичица, Бистра, Јабланица.

Надвор од Европа дивокозата е интродуцирана во Нов Зеланд во 1907 година како дар од австрискиот император Франц Јосиф. Таму наидува на одлични услови за живот, популацијата бргу се зголемува и денес таа не е заштитена, така што Департаментот за заштита дури го охрабрува ловот, за да ја зачува месната флора.

 

Видови

 

Rupicapra rupicapra (Обична дивокоза)

R. r. tatrica (Татранска дивокоза): Словачка (Виоки Татри, Западни Татри и Белиански Татри) и Полска (Високи Татри, Западни Татри)

R. r. balcanica (Балканска дивокоза): Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, северна Грција, Македонија, Србија, Црна Гора, и Словенија

R. r. carpatica (Карпатска дивокоза): Романија

R. r. cartusiana (Картеуска дивокоза): Франција

R. r. rupicapra (Алпска дивокоза): Австрија, Франција, Германија, Италија, Швајцарија

R. r. asiatica (Малоазиска дивокоза): Турција

R. r. caucasica (Кавкаска дивокоза): Азербејџан, Грузија, Русија

 Rupicapra pyrenaica (Пиринејска дивокоза)

R. p. parva: Шпанија

R. r. pyrenaica: Шпанија и Франција

R. r. ornata: Италија

 

Балканска дивокоза

 

Дивокозата потекнува од Pachygazella sp. од Централна Азија, која живеела пред околу 10 милиони години. Со текот на времето популација се поделила на две големи групи - северна и јужна, односно Rupicapra rupicapra и Rupicapra pyrenaica. Пред околу 10.000 години балканската дивокоза се одделила од алпскиот подвид. Тие се разликуваат по некои карактеристики на роговите и краниумот. Денес таа живее фрагментирано по планините на Балканскиот полуостров.

Во Грција живее во мали популации на Родопите и планините од Епир до северозападен Парнас, а нејзиниот број изнесува од 300 до 500 единки. Во Албанија се среќава на Албанските алпи, на Дибра, Либзазхд, Пуке, Мирдите и Мат , во централна Албанија - Баратанд Скрапар, и на југ во Коломже и Пермет. Бројноста на дивокозите во Албанија е нешто 1.000 индивидуи.

Во државите од поранешна Југославија се среќава во сите, без Словенија. Во крајот на осумдесетите години броела околу 14.000 единки, но по војните нема точни подтоци за денешната состојба. Во Бугарија живее на Стара планина, Рила, Пирин, Родопи, а наскоро е интродуцирана и на Витоша. Бројноста на бугарските популации е околу 2.000 дивокози. Во добар дел од балканскиот ареал живее во паркови и резервати.

 

Лов

 

Дивокозата е ценет ловечки трофеј. Како редок дивеч и заради тешко пристапните терени на планините таа претставува посебна атракција и предизвик за ловците. Се лови претежно заради роговите, бидејќи само тие се оценуваат. Се користи меѓународниот стандарт CIC. Колку постара е дивокозата толку поголеми се роговите, бидејќи тие не се менуваат и растат цел живот. Ловот се изведува со ловечки карабин на популација најмалку од 30 единки. Се ловат трофејно зрели 12-14 годишни индивидуи. Таа фаза е достигнување на врв во развојот на индивидот, кој потоа ја следи амплитудата на опаѓање.

Во големи популации се ловат и единки над четири годишна возраст. Исто така, постои и селективен застрел кај дивечот кој заостанува во развојот. Ловокрадците ја убиваат пред сè заради месото. На младите дивокози месото е кревко, а на старите кози е жилаво и тешко за јадење.

Во нашата држава најубави ловишта за дивокоза се државното ловиште “Лешница“ од Тетово со кое стопанисува ЈП “Македонски шуми“, ловиштето “Јасен“ од Скопје со кое стопанисува ЈПЗУЗПП “Јасен“, а со својот матичен фонд и годишен застрел се издвојува и ЈУНП “Маврово“. Тука може да се вбројат и ловиштето “Тажево“ од Македонски Брод како и останатите ловишта кои ги зафаќаат највисоките делови на Шар Планина, кои се со голем потенцијал за лов на овој вид дивеч, но заради лошото стопанисување популациите на дивокозите во нив се значително помали од нормалата и сеуште не успеале да се наметнат на ловниот пазар.


 

Извор:  Википедиа

Weather

Mostly sunny

8°C

Skopje

Mostly sunny
Humidity: 92%
Wind: SE at 6.44 km/h
Thursday
Sunny
8°C / 23°C
Friday
Mostly sunny
10°C / 24°C
Saturday
Partly cloudy
8°C / 22°C
Sunday
Mostly cloudy
8°C / 18°C

Translator

Visitors Counter

818322
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
235
586
1344
9161
818322

Your IP: 54.166.130.157
Server Time: 2018-10-17 07:25:43
Web Analytics