Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Дива свиња

Posted by  Published in: Дивеч

 Дивата свиња кај нас е мошне ценет ловен дивеч. Покрај тоа што дава голема количина на месо, таа е ценета и поради трофејната вредност на кожата и забите очници (секачи и брусачи).

Таа според Законот за ловството спаѓа во дивеч под заштита за која е утврден ловостој. Периодот на нејзиното ловење е регулирано со овој Закон, па така во периодот од 1 фебруари до 30 септември таа забранета за лов. Од ова исклучок е дивата свиња која се одгледува во оградените простори за интензивно одгледување и застрел на дивечот каде таа може да се лови во текот на целата година.

 Поради нејзината голема бројност и количината на месо кое се добива од неа, таа кај нас многу се лови. За големата бројност е заслужен како големиот број на млади во леглото така и малиот број на природни напријатели. 

  

Систематика

 

 Биоцарство:

 Animalia      

Животни     

 Потцарство:

 Metazoa

Многуклеточни животни

 Инфрацарство:  

 Eumetazoa

Ткивни животни

 Тип:

 Chordata

Хордати

 Подтип:

 Vertebrata

‘Рбетници

 Класа:

 Mammalia

Цицачи

 Подкласа:

 Theria

Зверови

 Ред:

 Artiodactyla

Чифтнокопитни

 Фамилија:

 Suidae

Свињи

 Род:

 Sus

Свињи

 Вид:

 Sus scrofa   Linnaeus, 1758

Дива свиња

 

Карактеристики 

 

Возрасните примероци можат да бидат високи од 90-100 см, а долги од 120-160 см. Тежината им варира во зависност од годишното време и климата во која живеат. Додека во некои подрачја тежината им се движи помеѓу 75 и 115 кг кај мажјаците (нерезите), а кај женките (маториците) околу 75 кг, во повлажните и поладни подрачја мажјаците (нерезите) се тешки и 175 кг па и преку 200 кг, а женките (маториците) и до 150 кг.

Дивата свиња има издолжено сплескана конусовидна глава која завршува со чурило (рило). Предниот дел од телото и е повисок од задниот, грбот и е остар, а телото и градите и се тесни. Ваквата конструкција на телото и овозможува да се провлече и низ најгустиот честак, што заедно со големата брзина ја прави тешко уловлив дивеч. Има малечки очи кои и се длабоко всадени и покриени со густи и долги трепки.

Кај мажјаците, забите - очници се силно развиени и им служат за самоодбрана, а воедно се и најценет трофеј за ловците. Очниците во горната вилица се нарекуваат - брусачи, а во долната - секачи. Овие заби можат да израснат во должина над 25 см. Забите очници се така поставени во вилицата така што долните секачи секогаш се преклопуваат со горните брусачи и на тој начин се оштрат. Правата трофејна вредност очниците кај вепровите ја достигнуваат дури во петтата година.

Дивата свиња има кафејава боја на крзното, така што лесно се вклопува со околината. Кога ќе се опрасат дивите свињи, младите имаат карактеристични надолжни пруги (линии) кои им остануваат до крајот на месецот.

 

Однесување 

 

 Дивата свиња живее во крда составени од женки (маторици) и младенчиња (прасиња) воглавно околу влажните шуми. Вака здружени дивите свињи солидарно и жестоко се бранат, поради што волците сосема ретко можат да им нанесат штета. За разлика од нив нерезите живеат осамено и се приклучуваат кон крдата само во периодот на парењето. 

Според начинот на исхрана спаѓа во сештојади, што значи дека покрај храна од растително потекло ги јадат и животните кои ќе успает да ги фатат, па дури и лешеви. Во потрага по храна, дивата свиња мошне често поминува големи растојанија, па така за една вечер може да помине растојание и од околу 40 км. 

 Дивите свињи трчаат исклучително брзо, а истотака се и добри пливачи. Воглавно се задржуваат по ивиците на шумите каде постојат водотеци. Сакаат да се валкаат во калта и на тој начин се освежуваат и се ослободуваат од кожните паразити. За одмор користат брлог, но пред да легнат во него првин извесно време седат. Стануваат на тој начин што прво седнуваат, ја посматраат околината, па дури потоа стануваат.

 

Размножување 

 

Женките стануваат полово зрели со 10 месеци, а мажјаците некој месец покасно, меѓутоа не се парат пред да наполнат 18 месеци, освен ако не дојде до пореметување на природната рамнотежа. Периодот на парење (терање) кај дивата свиња се случува од половината на ноември до почетокот на фебруари. Главната женка ја одбележува територијата на повеќе места и тоа е знак дека сите женки од чопорот ќе бидат во терање за две седмици. 

Во тој период може да дојде до борби помеѓу мажјаците, после што најсилниот вепар останува со чопорот околу еден месец и за тоа време се пари со сите женки од чопорот. После тој период повторно му се враќа на осаменичкиот живот. Женката (маторица) носи 17 недели и раѓа од 4 до 12 прасиња, а најчесто меѓу 5 и 7 младенчиња. 

 

Природни предатори 

 

Кај нас волците се најголеми природни непријатели на дивите свињи. Волците воглавно се хранат со прасињата. Волците ретко го напаѓаат “водачот” на свињите, но кога ќе ги нападнат им го кинат нивниот перинеум предизвикувајќи со тоа нарушување на рамнотежата и голем губиток на крв.

 

Реконструкција на ареалот на дивата свиња 

 

Дивата свиња во минатото природно се сретнувала во Северна Африка и поголемиот дел од Евроазија, односно од британските острови се до Кореа и Индонезиските острови. На север нејзиниот ареал се простирал до јужниот дел од Скандинавија и јужен Сибир. Во рамките на овој ареал таа не се сретнувала само во екстремно сувите предели и во алпските зони.

Пред неколку векови таа се сретнувала во Северна Африка долж реката Нил во долината над Кртум и северно од пустината Сахара. Реконструираната северна граница од ареалот во Азија се движел од езерото Ладога (кое се наоѓа во европскиот дел на Русија во близина на Руско – Финската граница) преку Новгородската и Московската област се до јужен Урал. Од тука границата минува низ Ишимската област (која се наоѓа во јужниот дел од Русија) и се движи до далечниот дел на Иртишката област. На исток од Барабинската степа (која се наоѓа во западен Сибир во близина на градот Новосибирск) границата ја менува својата насока кон југ ги заобиколува планините Алтај и свртува повторно кон исток минува низ планините Тану-ула и покрај Бајкалското езеро. Од тука границата се движела северно од реката Амур кон исток се до нејзиното вливање во Кинеското море. Во Сахалин се пронајдени само фосилни остатоци од дивата свиња.


Со зелена боја е реконструираниот ареал на дивата свиња, а со плава боја се пределите каде што дивата свиња е вештачки внесена.

 

Јужните граници во Европа и Азија се скоро секаде идентични со морскиот брег на нивните држави. Во сувите пустини и високите планински области, дивата свиња е природно отсутна. Така таа е природно отсутна во сувите области на Монголија, во Кина западно од Сичуан и во Индија северно од Хималаите. На поголемите надморски височини од Памир и Тиен Шан (кои се распоредени во средна Азија, на границата помеѓу Казахстан, Узбекистан, Киргистан и Кина) тие исто така се отсутни; како и да е тие се јавуваат од Таримскиот басен и во пониските падини од Тиен Шан.

 

Сегашен ареал на дивата свиња 

 

Во изминатите векови ареалот на дивата свиња поради ловот од страна на луѓето, драматично се менувал. Тие највероватно изумреле во Велика Британија (Обединетото кралство) во 13 век: со сигурност се знае дека во 1610 не останала ниту една дива свиња во Англија, кога кралот James 1 извршил реинтродукција во месноста Windsor Great Park. Овој обид не успеал поради ловокрадството, а истотака и подоцнежните обиди ја доживеале истата судбина. Од 1700 година во Британија не останала ниту една дива свиња. 

Во Данска последната дива свиња е отстрелана во почетокот на 19 век, а во 1900 година се истребени и во Тунис и Судан како и на поголеми површини од Германија, Австрија и Италија. Во Русија таа изумрела на поголеми површини во 1930 година и северната граница е поместена длабоко на југ, посебно во деловите западно од планината Алтај.

Спротивно на тоа, популација на дивата свиња во Франција била силна и напредна, каде тие биле ловени за храна и од спорт, посебно во руралните централни и јужни делови од државата.

Во 1950 дивата свиња во повеќе делови од нејзиниот Азијски ареал повторно ги достигнала нејзините првобитни северни граници од ареалот. Од 1960 таа се раширила до градовите Санкт Петерсбург и Москва, а во 1975 таа се појавила и во Данска и Шведска, каде затворени животни побегнале и опстанале во дивината (популацијата на дивата свиња во Шведска била 80.000 во 2006 година но сега се претпоставува дека нејзината популација брои и повеќе од 100.000 диви свињи, додека во Шведска во 2006 од ловците се убиени околу 25.000 диви свињи). Во 1990 тие мигрирале и во реонот на Тоскана во Италија.

Од изнесеното се гледа дека во минатото дивата свиња поради непланскиот лов била истребена од некои свои природни ареали. Во последно време благодарение на големите напори на земјите во кои таа исчезнала, како и на зголемувањето на свеста и ловечката култура кај ловците, таа повторно ги достигнува природни граници од својот ареал.

 

Weather

Cloudy

15°C

Skopje

Cloudy
Humidity: 57%
Wind: E at 6.44 km/h
Wednesday
Partly cloudy
13°C / 27°C
Thursday
Partly cloudy
12°C / 26°C
Friday
Partly cloudy
10°C / 27°C
Saturday
Rain
13°C / 26°C

Translator

Visitors Counter

698332
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
155
544
699
15876
698332

Your IP: 54.81.71.187
Server Time: 2018-04-24 08:34:34
Web Analytics