Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Срна (Capreolus capreolus)

Posted by  Published in: Дивеч

Срна (обична срна, срндак, Capreolus capreolus) е шумско животно кое географски е распространето на подрачјето на средна Европа. Источната граница на овој вид се протега од Ладошкото езеро (кое е сместено помеѓу руските републики Карелија и Ленинградската област во северозападна Русија) према Црно море, но пред тоа ја заобиколува степата (Кумо - Маничне) и скршнува кон Балканот. Западната граница се движи од скандинавските планини покрај западниот брег на Бртанскиот остров кон Гибралтар. Ја нема во Ирска, Корзика, Сицилија, Сардинија и Грчка. Распространетоста по државите на овие простори се движи вака: Хрватска 29%, Словенија 23%, Босна и Херцеговина 14% и Македонија 9%.

 

Опис на изгледот

 

Срните имаат складно, витко, лесно и многу подвижно тело. Нозете им се тенки и долги, а папците им се црни. Но и покрај сето тоа срните не се изфржливи тркачи. Имаат кратка и едвај забележлива опашка. Должината од муцката до опашката им изнесува од 130 до 140 см, а височината на гребенот 75 см. Тежината им варира во зависност од подрачјето на кое живеат, храната, годишното време, физиолошката состојба и полот (женките се 5 до 10 % полесни во однос на мажјаците). Тежината обично им изнесува околу 25 +/-3 кг. но може да достигне и до 40 кг. Забната формула кај возрасните единки е I 0/4, C 0/0, P 3/3, M 3/3, значи севкупно имаат 32 заби. Срнчето има 20 млечни заби.

Срната се движи со од, со кас, и со кас и скок. Исто така е одличен пливач така да се капе и никогаш не се валка во кал како еленот и свињата.

Летните влакна на срната и се ‘рѓестоцрвени, а зимските костенливо-пепелави прилагодена на бојата на шумскиот лисник. Задниот дел од телото и е обраснат со бели влакна т.н. “огледало”, кои во лето се послабо уочливи отколку во зима. Младото срнче е темно кафејаво со бели пеги се до првото митарење, после што нараснатите влакна ги прекриваат овие пеги. Срната го менува своето влакно два пати во годината и тоа во пролет и во почетокот на есента. Времето на митарење зависи од надморската височина, здравјето и возраста на животното. 

За одбележување на територијата и за други облици на мирисна комуникација се користи со кожни жлезди. Тие се наоѓаат помеќу папките на задните нозе (ја подмачкуваат кожата во интердигиталното подрачје и оставаат мирисен траг), а под скочниот зглоб од надворешна страна се сместени лојни жлезди, кои исто така оставаат мирис на вегетацијата од која животното ќе се очеша. Срндакот на челото има и челна жлезда, која му служи за означување на границата на подрачјето. Кај женките жлездите кои се наоѓаат на задникот, врвот во излачување го имаат во периодот на парење.

Од сетилата срната има одлично развиени сетила за слух, мирис и вкус. Видот слабо и е развиен бидејќи нејзиното око е астигматично, па затоа гледа само поголеми предмети и тоа нејасно, а најдобро забележува движење.

Срндакот на главата има коскени израстоци кои се наречени роговје. Кај нив се разликуваат два дела: рожиште и гранки. Рожиштето претставува права коска која од другите коски се одликува по својата градба. Роговјето претставува жив составен дел од телото се до оној дел додека тоа расне. По престанувањето на растењето тоа претставува мртва коска која телото ја отфрла секоја година во есенскиот период. Нормално развиено роговје кај срндакот има три парози. Тоа започнува да расте веднаш по неговото отпаѓање во месец нември и тоа е целосно развиено и исчистено од кожната обвивка “баст” во месец мај наредната година.

Улогата на роговјето кај срнечкиот дивеч е многукратна. Тоа им служи за одбележување на територијата, за меѓусебно распознавање, за покажување на супериорност над останатите срндаци и како оружје кое срндаците го употребуваат умерено над своите соперници внимавајќи да не им нанесат сериозни повреди.

 

Однесување

 

Според начинот на живот и однесување, срната е претежно дневно животно со најголем интензитет на движење во претпладневните и вечерните часови (наутро 4-5 и 7-9 часот; приквечер 16-20 часот). Оваа активност може да се подели според годишното време во четири “отсека” од по три месеци. Во текот на 24 часа се храни во 8 до 11 интервали.

Просечниот животен век на единката изнесува од 13 до 15, а поретко и до 17- 18 години.

Срната има способност да го прекине развојот на “плодот” (ембриотенија), за периодот на лежење да падне во поволен период. Однесувањето на срната спаѓа во таканаречениот дистанцијален тип, т.е. го избегнува животот во поголеми социјални формации. До доцна есен се здружува во “крда” и во нив останува се до пролетта. Тоа здружување е нагонско и е оправдано со влијанието на негативните надворешни фактори. Во “крдото” владее внатрешна организација, која го одржува на “окупу” и им овозможува чувство на сигурност. Водач на “крдото” по правило е срна мајка, која ги води срнчињата. Дури пред самото породување срната ја прекинува врската со минатогодишните срнчиња.

По бројот на членови и фамилијалната структура се разликуваат фамилијарно, проширено фамилијарно и “нагомилано” (натрпано) крдо. Најтрајно е фамилијарното крдо кое има развиени односи помеѓу единките, бидејќи се работи за членови на една фамилија (срна - лане).

Во зависност од бонитетот на стаништето, радиусот на движење кај срните е сразмерно мал и  тој може да изнесува просечно од 1 (срна со срнчиња на возраст до 14 денови) до 10 км. Освен тоа, кај срната како зоолошка фамилија е изразен нагонот за селидба (селидбениот нагон), но е со различен интензитет кај поединечни видови. Кај сибирската срна е најизразен и врзан за годишното време па изнесува и неколку стотини километри. Кај европската срна тој нагон е значително послаб, а поизразен е кај планинските срни поради неповолните услови на мастоживеење и природните непријатели.

Разликуваме неколку видови на огласување (зов) кај овие животни. Видот на гласење е условен од полот, возраста, физиолошката состојба на единката и од начинот и степенот на вознемирување. Гласењето слично на пискање е типично за срнчето, кое ја повикува мајката, а пивкање и пискање претставува комуникација помеѓу срната и срнчето. Јаук, плач и дерење се звукови, кои претежно ги произведуваат возрасните животни во зависност од ситуацијата во која што се наоѓаат. Баукањето е начин на огласување кај мажјакот, кој со тоа огласува опасност, но исто така и се огласува и во време на периодот на парење, кога срндакот со баукање обележува дека запоседнал одредена територија.

 

Размножување

 

Срната се пари во втората половина на јули и во првата половина на август, а понекогаш и покасно (во ноември и декември). Срндакот ја прати срната која е во терање и тоа трае 4 дена, а потоа ја напушта и бара друга. На тој начин тој оплодува 4 до 5 срни.

Бременоста кај срните трае 288 денови. По парењето, оплодената јајцева клетка се развива сосема бавно до декември и оваа појава е наречена “ембриотенија”. Кај срните кои се парат покасно не доаѓа до застој во развојот на плодот, т.е. породувањето се одвива во исто време со оние кои биле во ембриотенија. Во месец мај или јуни срната раѓа најчесто по едно срнче, но може да се случи да роди и две или три срнчиња.

За време на периодот на парење еден срндак може да оплоди повеќе срни што зависи од половиот сооднос во ловиштето.

Јацевата (клетка) станица после оплодувањето не се зацврстува туку слободно плива во материцата и незабележително се развива(ембриотенија) некаде до средината на декември. Од тогаш започнуваинтензивниот развој така што се породува околу 5 или 6 месец. Срната носи 150 (285-290 со емриотенија) денови. Прворотките донесуваат на свет едно, а покасно најчесто две срнчиња, поретко три или повеќе бидејќи тоа ниту за доење, а според тоа ниту за преживување не е поволно иако срната има четири дојки. 

Парењето започнува истовремено во низините и планините и трае подеднакво долго, додека poroduvawe во планините настапува нешто покасно, бидејќи ембриотенијата трае подолго, бидејќи неповолните прилики во планините траат подолго. За време на прехраната срната грижливо го сокрива срнчето. Малото срнче тежи 1,2-1,7 кг, а цица се до ноември. Тоа станува полово зрело од 14 месеци. Две недели по раѓањето малите срнчиња се во состојба да ги пратат срните.

 

Природни непријатели

 

Најголеми природни непријатели на срните се волците, дивата мажка, куната златка, рисот и др. Лисиците можат да ги убијатсамо малите срнчиња. Особено големи штети врз срните нанесуваат волците за време на висок снег, кога поради градбата на нозете кај срните тие пропаќаат во снегот и не можат да бегаат. Има чести случаеви за време на висок снег, буквално на колежи врз срните кои го причинуваат волците, кога крвта од срните се забележува на големи површини врз снегот.

 

Weather

Cloudy

0°C

Skopje

Cloudy
Humidity: 77%
Wind: W at 14.48 km/h
Wednesday
Partly cloudy
-5°C / 4°C
Thursday
Partly cloudy
-6°C / 0°C
Friday
Partly cloudy
-3°C / 1°C
Saturday
Partly cloudy
-4°C / 3°C

Translator

Visitors Counter

865550
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
356
536
892
12901
865550

Your IP: 54.89.187.28
Server Time: 2018-12-18 11:31:45
Web Analytics