Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Еребица камењарка

Posted by  Published in: Дивеч


Еребица камењарка е жител на Евроазија. Таа ги населува претежно подрачјата што се под влијание на медитеранската клима. Во Европа се среќаваат два вида камењарки и тоа: обичната еребица камењарка (Alectoris graeca (Meisner, 1804). и црвената еребица камењарка Alectoris rufa (Linnaeus, 1758).

 

 

Царство:       Animalia
Тип:             Chordata
Класа:           Aves
Ред:              Galliformes
Фамилија:      Phasianidae

Род:              Alectoris

Вид:              Alectoris graeca  Meisner, 1804

 

 Во нашата држава е распространета обичната камењарка. Нејзиниот ареал истотака се протега и во Србија, Црна Гора, БиХ, Хрватска, Албанија, како и во делови на Грција и во Бугарија.

Овој вид на птици живее во мали јата и не припаѓа на групата на птици селици. Воглавном е присутна во карпестите предели со малку вегетација.

Еребицата камењарка во средбата со сите други диви кокошки што живеат во нашата земја е најубава. Горниот дел на телото, заедно со главата по боја и се пепелави. Под клунот и на предниот дел од вратот пердувите и се бели и обрабени со црна пруга, која се протега преку очите се до коренот на клунот. Стомакот и е жолтеникав, a од страните се ишарани со темно-кафеави попречни дамки. Клунот, нозете и венецот околу очите и се црвено-корално обоени.

По надварешните белези, мажјакот се разликува од женката само по мамузата што ја има на задната страна од писката.

Голема е околу 36 см, а распонот на крилата и достигнува до 60 см. Во тежина, мажјакот може да израсне од 570 до 650 грама, а поретко и преку 800 грама. Женките се полесни од мажјаците за околу 100 грама.

Таа е голем избирач на храна. Се храни со надземните сочни делови на тревите, пупки, семиња, капини, разни видови на инсекти, полжави и сл.. За опстанок на младите еребичиња неопходно е да има и доволно количество на инсекти, бидејќи во првите денови од животот речиси исклучително се хранат со храна од животинско потекло. 

Еребицата камењарка е моногамен вид. Кон крајот на февруари и во почетокот на март се двои во парови. Таа прави едноставни гнезда на земјата, во кои женката снесува од 8-14 бели јајца ишарани со црвенкасти пеги. Периодот на лежење на јајцата трае 24-26 денови. За цело време, додека женката лежи на јајцата, мажјакот се наоѓа во непосредна близина и во случај на опасност го одвлекува вниманието на непријателот.

За младите еребичиња се грижат и двата родители. Тие живеат во јато се до идната пролет кога се издвојуваат во парови.

Еребиците камењарки можат да живеат и до 8 години, но имаат голем број на природни непријатели: лисици, куни, творови, мачки, разни птици грабливци и др. Нејзините јајца истотака страдаат и од овчарите кои при напасувањето на стадата ги пронаоѓаат нејзините гнезда. За време на долги и снежни зими, голем број од еребицата камењарка умираат поради недостиг на храна.

 

 

Weather

Rain

16°C

Skopje

Rain
Humidity: 89%
Wind: SW at 17.70 km/h
Tuesday
Scattered showers
20°C / 31°C
Wednesday
Partly cloudy
17°C / 27°C
Thursday
Partly cloudy
16°C / 26°C
Friday
Partly cloudy
17°C / 27°C

Translator

Visitors Counter

758467
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
58
587
3434
8322
758467

Your IP: 54.92.163.188
Server Time: 2018-07-16 02:35:25
Web Analytics