Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Куна златка (Martes martes)

Posted by  Published in: Дивеч

 Куната златка е убава и итра ѕверка, чие што тело е долго околу 55 cm, а опашот околу 30 cm. Шилестата муцка и е темно обоена, со оштри заби. Има широки, влакнести и подвижни уши. Кратките нозе и се покриени со темни влакна, дури и на табаните. Крзното одозгора и е темнокафејаво, на муцката бледо, на челото и образите светлокафејаво, на на стомакот жолтеникаво, грлото и дониот дел на врато и се со убава жолта боја како жолчка од јајце, што воедно е и најпозната карактеристика на куната златка. Густото, меко и сјајно крзно преку зима има потемна боја отколку преку лето.

 

Систематика

 

Царство:

Animalia

 

Тип:

Chordata

 

Класа:

Mammalia

 

Ред:

Carnivora

 

Фамилија:

Mustelidae

 

Род:

Martes

 

Вид:

Martes martes  (Erxleben, 1777)

 

 

Татковина на куната златка се шумовитите подрачја на северната земјина полутопка – Европа и Азија. Во тој широк круг на распространетост куната златка не ја менува значително бојата на своето крзно.

Куната златка живее во листопадни и зимзелени шуми, а особено ги сака осамените, густи и темни шумски предели. Таа е вистински становник на дрвјата, па така знае мајсторски да се качува така што во тоа не може да ја надмине ниту еден друг цицач грабливец. За живот одбира шупливи дрвја, напуштени гнезда од диви гулаби, птици грабливки и верверици, додека во пукнатините од карпите ретко се засолнува.

Се пари еднаш во годината, најчесто во текот на летото во јули или август, но знаци на парење можат да се забележат и во јануари или фебруари. Оваа дополнително парење е во врска со појавата на одложената бременост (ембриотенија). Женката носи околу 260 – 305 денови. Младите ги сретнуваме во месец март – април, при што во едно легло се сретнуваат 3 – 5 младенчиња (ретко и до 7). Младите остануваат слепи 34 – 38 денови и цицаат 7 – 8 недели. Полово созреваат во периодот помеѓу 15 – 39 месеци од животот. Животниот век на куната златка и изнесува 10 – 12 години.

Таа е ноќно животно и излегува во лов пред  да зајде сонцето. Во живеалиштето обично мирува цел ден, но чим се спушти ноќта, често веќе и пред  да зајде сонцето, заминува на лов и го прогонува се живо што може да го совлада. Почнувајќи од срнчиња и зајаци па се до глувците, пред неа не е сигурен ниту еден цицач. Таа се прикрадува на својот плен и изненадно го напаѓа и го убива. Забележани се и случаи куната да напаѓа и млади срни. Сепак, најомилени животни кои ги лови куната се цицачите кои живеат на дрвјата, особено вервериците и полвовите. Куната ги плачкосува и гнездата на сите птици, а од шумските пчели краде мед, бара овошје и се насладува со шумски јагоди. Ако и снема храна во шумата куната станува подрска. Таа доаѓа и во близина на населените места каде ги напаѓа кокошарниците и голубарниците, при што нанесува и големи штети.

Куната златка луѓето ја ловат, почесто заради нејзиното вредно крзно одколку за да ги спречат нејзините штети. Тоа крзно се цени не само заради неговата убавина, туку и заради тоа што е необично лесно. Најчесто се ловат по снег поради трагите кои ги остава на него, а во оние земји каде тоа не е забрането со закон ја ловат и со железни стапици, при што како мамка се зема леб испечен со црн лук и со непосолена маст со додаток на мед и камфор.

 Иако ова е крволочно животно можно е тоа да се припитоми.

Куната златка во нашата држава е дивеч без заштита кој може да се лови во текот на целата година. Ваквиот статус го има поради тоа што станува збор за многу крволочно животно кое може да предизвика значителни штети како врз домашните животни така и врз дивечот.

 

 

Weather

Cloudy

0°C

Skopje

Cloudy
Humidity: 77%
Wind: W at 14.48 km/h
Wednesday
Partly cloudy
-5°C / 4°C
Thursday
Partly cloudy
-6°C / 0°C
Friday
Partly cloudy
-3°C / 1°C
Saturday
Partly cloudy
-4°C / 3°C

Translator

Visitors Counter

865546
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
352
536
888
12897
865546

Your IP: 54.89.187.28
Server Time: 2018-12-18 11:29:50
Web Analytics