Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Сур орел (Aquila chrysaetos)

Posted by  Published in: Дивеч

 

Сур орел или златниот орел (науч. Aquila chrysaetos) е една од најголемите дневни грабливи птици. Тој е застапен и во нашата држава, во која согласно Законот за ловството е трајно забранет неговиот лов.

 

 

 

 

 Систематика


Царство: 

Animalia

Тип:

Chordata

Класа:

Aves

Ред:

Falconiformes

Фамилија: 

Accipitridae

Род: 

Aquila

Вид:

Aquila chrysaetos Linnaeus, 1758

 

Физички опис

Големината на возрасните златни орли може да биде различна. Единките од некои од најголемите подвидови може да бидат доста големи. Повеќето видови се долги 66-100 cm со распон на крилјата помеѓу 150 и 240 cm. Тежината се движи од 2,5 до 6,7 kg. Но, забележани се некои примероци во дивината кои се нешто поголеми, дури и до 9 kg во тежина и должина од 102 cm. Како и кај многу други дневни грабливци, и кај златните орли женките се поголеми од мажјаците.

Бојата на пердувите може да биде црнкавокафеави и темнокафеави, со златна боја на задниот дел од главата и вратот, по што и го добил името. На горните делови на крилјата постои нешто посветла површина. Младенчињата многу личат на возрасните единки, но поседуваат бел опаш и бели дамки во близина на ножниот зглоб кои полека исчезнуваат со секое митарење и на крајот, во петтата година, потполно ги снемува.

 

Женката може да достигне тежина и до 6 kg, а мажјаците до 4 kg. Живее на различни места, најмногу на планинските масиви без густа вегетација. Животниот век на суриот орел може да трае и до 50 години.

 

Исхрана

Се храни со зајаци, глувци, мрмоти, куни, лисици и желки, но често и со мрши. Можат да јадат и други птици, а некогаш и стока, како јагниња и јариња. Во текот на зимата имаат проблем со пронаоѓањето на храна, па може да јадат и мрши за да се прехранат. Кога нема ни мрши, ќе се обидат да нападнат утки, соколовидни птици и ждери. Постојат записи според кои овие птици јаделе и јастреби и бувови.

Имаат многу добар вид и можат да го забележат пленот од големи далечини. Поседуваат дури 8 пати поголема острина на видот од луѓето. Канџите ги користат за убивање и носење на пленот, а клунот само за јадење. Обично имаат поделба на работата во текот на ловот - еден сур орел го тера пленот кон друг сур орел кој чека во заседа.

 

Размножување

Златните орли обично остануваат со истиот партнер во текот на целиот живот. Градат по неколку гнезда ширум својата територија и ги користат за неколку години. Гнездата се состојат од гранчиња и одозгора се исполнети со трева кога се користат. Постарите гнезда можат да бидат големи и до два метри во пречник и 1 метар во висина, бидејќи орлите секојпат ги поправаат кога нешто им фали и на овој начин низ времето ги зголемуваат. Ако гнездото е сместено на дрво, гранките некогаш од тежината можат да попуштат, така што гнездото се руши. Многу други диви животни со мал раст, кои се толку мали што обично не се интересни за овој голем грабливец, можат да ги користат гнездата на златните орли како засолниште.

Женките полагаат две црни јајца меѓу јануари и септември (во зависност од местото во кое живеат). Лежењето на јајцата започнува практично веднаш штом се снесе првото јајце, и пилињата обично се испилуваат по 45 дена. Тие се потполно бели и родителите ги хранат околу 55 дена пред да се обидат да летаат и ловат. Обично преживува само постарото младенче, додека второто умира пред да го напушти гнездото. Причината е во тоа што постарото младенче нараснува повеќе и се изборува за повеќе храна во гнездото. Ова е корисно за видот бидејќи на овој начин родителите успеваат да донесат доволно храна, а младото пиле е „резерва“ во случај кога постарото угинува набрзо по испилувањето. Родителите вложуваат голем труд во одгледувањето на младите. Ако тие преживеат неколку години, голема е веројатноста дека ќе доживеат старост. Меѓутоа, смртноста меѓу штотуку испилените пилиња е голема, па голем број од нив угинува во првите неколку недели.

 

Во културата

Од најдалечното минато, човекот бил фасциниран од орлите. Кон него луѓето се однесувале со длабока почит. Дури по индустриската револуција, кога ловот станал распространет спорт, орлите почнале да се користат како средство за егзистенција. Во овој период на огненото оружје и отровите, на луѓето им било лесно да ги убијат и потчинат овие моќни птици.

Сурите орли почнале да се користат во соколарството.  Оваа практика се користи најмалку од средниот век. Во Азија се користеле за лов на диви свињи, антилопи и волци. Во Европа, пак, птиците биле користени само од благородништвото, од императорите и кралевите, па затоа во некои земји името му е кралски орел“. 

Денес, соколарството е најистакнато во Казахстан и Киргистан, како и во северна Монголија. Кај народите од овие земји суриот орел се смета за високо вреднувано животно за работа, кое ќе се користи повеќе од 15 години. Соколарите на планината Тјеншан носат ракавица на десната рака, обично со дрвена потпора за поддршка на тежината на птицата. Таму, соколарство најмногу се појавува во доцна есен и рана зима, кога е можно во една сезона, од страна на еден орел да се фатат 30-50 лисици.

 

Хералдика и митови

Суриот орел е чест симбол во хералдиката. Него го користат: Австрија, Германија, Мексико и Казахстан, додека двоглав орел на знамето користат Албанија, Русија, Србија и Црна Гора. Тој е чест мотив и на други народи кои го немаат ставено на официјалните симболи. Освен кај модерните нации, суриот орел се користел и во минатото и бил значаен симбол на римските легии, што имало влијание врз западните култури.

 

Двоглав орел симбол на

Византиското царство

Со издвојувањето на Источно-римското, односно Византиското царство, тоа продолжува да го употребува орелот како симбол, со таа разлика што наместо едноглав користи двоглав орел, симболично свртен кон исток и запад. Oд таму тој како симбол е превземен од голем број на православни народи, па така денес тој е мотив од грбовите или знамињата на голем број православни држави.

Веројатно најнесреќна презентација на суриот орел има од времето на нацистичка Германија, кога Адолф Хитлер го искористил за симбол на големата Германска Империја земајќи го од униформите на пруската војска. Тој градел споменици и статуи на згради и мостови со ликот на суриот орел, а и го ставил на значките на своите офицери.

Голема традиција на употреба на суриот орел како симбол на моќ има и во арапскиот свет. Во арапската поезија, и во легендите орелот е сметан за личен симбол на Саладин. Заради ова, орелот е земен за симбол во арапското национално движење, и конкретно е амблем на војските на Египет, Ирак, Палестина, а порано и на Јемен (1967–1990) и Либија (1970–1972). Во Јемен сè уште амблемот е сур орел, но не тој на Саладин.

Во јапонската култура, главната претстава на орлите во митологијата е Тенгу, чудовиштето човек-птица. Моделирано е најверојатно според суриот орел бидејќи живеалиште му се планините. Опишан е како бипедално суштество со долг нос-клун, крилја и вентилатор со 12 дрвени ребра. Понекогаш е илустриран повеќе како човек отколку како птица. Палав и моќен, Тенгу е главно заштитник на планините, и е во состојба да ја предвиди иднината, создава ветрови, па дури и ги напаѓа луѓето кои се обидуваат да му наштетат на планинскиот пејзаж.

 

 

Weather

Mostly sunny

8°C

Skopje

Mostly sunny
Humidity: 92%
Wind: SE at 6.44 km/h
Thursday
Sunny
8°C / 23°C
Friday
Mostly sunny
10°C / 24°C
Saturday
Partly cloudy
8°C / 22°C
Sunday
Mostly cloudy
8°C / 18°C

Translator

Visitors Counter

818287
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
200
586
1309
9126
818287

Your IP: 54.166.130.157
Server Time: 2018-10-17 07:08:56
Web Analytics