Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Мечка (Ursus arctos)

Posted by  Published in: Дивеч

 Мечката е најголем вид од дивечот во нашата држава. Тие во Македонија се заштитен вид и забранет е нивниот лов. Забрана за лов постои од 1996 година, кога е евидентирано нагло опаѓање на бројот на примероци од ова животно. Според податоците од Сојузот на ловџиите, во земјава се регистрирани околу 160 мечки, но последните податоци укажуваат зголемување на нејзината бројност.

Ги среќаваме во националните паркови Галичица, Маврово и Пелистер каде таа е заштитен знак, како и во околината на резерватот Јасен. Интересен е податокот што таа ги населува планините од западна и централна Македонија, додека многи ретко се сретнува источно од течението на река Вардар и тоа воглавном се мечки кои повремено доаѓаат од соседна Бугарија.

 Мечката одсекогаш помеѓу луѓето на овие простори привлекувала посебно внимание и уживала голема почит. Тоа е животно кое многу често се сретнува во македонските народни приказни и басни, заедно со волкот, лисицата, зајакот, магарето и др. Таа почит датира уште од најстарите времиња за што говорат разните скулптири и теракоти откриени на просторот на нашата држава.Така на пример, во Македонски Брод е пронајдена скулптура во облик на мечка, за која истражувачите од центарот за карпеста уметност укажуваат дека се работи за скулптура од периодот на неолитот. Во околината на Виница и други краишта се откриени бројни минијатурни теракоти со претстава на мечиња, како гробен материјал од овој период.

 

 Систематика


Царство: 

Animalia

Тип:

Chordata

Класа:

Mammalia

Ред:

Carnivora

Фамилија: 

Ursidae

Род: 

Ursus

Вид:

Ursus arctos Linnaeus, 1758

 

Мечката (Ursus arctos) е омниворен цицач од фамилијата Ursidae, распространет во северна Евроазија и Северна Америка. Иако овој вид се соочува со истребување на локални популации сепак, со вкупна популација до 200.000 индивидуи не се смета за загрозен вид. Најголемите популации се во Русија (120.000), САД (32.000) и Канада (21.750). Околу 95% од кафеавите мечки во САД живеат на Аљаска.

Во Европа има 14.000 индивидуи поделени на 10-тина помали популации, од Шпанија на запад до Русија на исток, и од Скандинавија на Север до Балканските држави на југ. Денес во Британија нема кафеави мечки, а во Франција, Шпанија и централна Европа им се заканува опасност од исчезнување. Популацијата на кафеави мечки што се наоѓа на Пиринеите на границата помеѓу Франција и Шпанија се проценува на максимум 15 индивидуи, со дефицит на женки. Во 2006 година неколку женки се фатени во Словенија и пуштени на Пиринеите со цел да се зголеми популацијата.

 Заради убавината и волуминозноста мечката е прочуена во цела Европа. Козината на мечката е долга и груба, темно-кафено обоена. Младите мечки на вратот имаат бела дамка во облик на полумесечина, која подоцна исчезнува, а кај некои им останува за време на целиот живот. Бојата на влакната кај мечката може да варира од посветла па речиси до наполно црна.

 

Ушите и се заоблени. Табаните и се голи, а на прстите има долги и дебели нокти кои не ги вовлекува. Нив мечката најмногу ги користи за копање, но со нив може да се качува по дрвјата, а и служат и за напад на други животни. Над рамениците имаат голема грпка составена од мускул по која се разликува од останатите видови.

Од сите цицачи на Европа, мечката е најголема. Во должина може да израсне до 250 cm, а во тежина од 150-300 kg. Одделни примероци можат да тежат и над 300 kg. Мажјаците се 38-50% поголеми од женките. Мечката има 40 заба повеќе  прилагодени  за  џвакање  на  храната.

Како и останатите мечки и оваа мечка може да се исправи и да стои на задните нозе. И покрај нивната масивност, овие мечки можат да трчаат со брзина од 56 km/h. Мечката се огласува со брундање, мрморење, а понекогаш со лаеж. Мечката иако може да се забележи и преку ден, таа е ноќно животно.

Тие се омнивории се хранат претежно со растенија, вклучувајќи корења, фиданки, габи, но и риби, инсекти и мали цицачи. И покрај нивната репутација, кафеавите мечки не се вистински карнивори, бидејќи во некои случаи дури 90% од искраната отпаѓа на храна од растително потекло. Главната храна и се надземни и подземни делови на разни растенија, овошје, шумски плодови и семиња, зоб, млада пченка, жир, костени, додека медот и e посебна посластица.

Понекогаш успева да улови и по некое животно. Кога ловат, ги употребуваат очниците за да го убијат пленот, но секогаш одбираат млади животни. Во ретки случаи, мечката употребува удар со шепата, со што го крши вратот на пленот. Понекогаш ја употребуваат својата големина за да го одземат уловениот плен на волците.

По правило, јаде мрши, а поретко напаѓа и убива говеда, коњи и други домашни животни. Покрупниот плен го довлекува до некое скришно место, го закопува со тенок слој земја, а го јаде откако лешот ќе засмрди и ќе црвјоса. Често се случува мечка да се симне од планините во селата во потрага по храна.

 

Мечка со мечиња

Мечките живеат осамено, а мажјаците се доближуваат до женките само за време на парењето (мај-јуни). Кафеавите мечки се моногамни на краток период, односно остануваат во пар неколку дена или неколку недели за време на сезоната за парење. Женките достигнуваат сексуална зрелост на 5-7 години. Мажјаците не се парат додека не станат доволно силни за да можат успешно да се натпреваруваат со другите мажјаци.

Женката е гравидна 30 недели (околу 240 дена). Младите се раѓаат во месец јануари, додека мечката е во мирување (хибернација). Раѓа од помеѓу 1 и 4, најчесто 2 мечиња. Малите мечиња се слепи, без заби, без крзно и тежат околу 1 kg. По раѓањето се хранат со мајчино млеко.

Тие прогледуваат дури по 30 дена и растат полека. Женката има 6 млечни жлезди и мечињата ги дои 3-4 месеци. Младите мечиња ја следат мајката околу 2 до 4 години и обично зимуваат со неа заедно. За тоа време тие учат како да наоѓаат храна, како да ловат, како да се бранат. Младите учат имитирајќи го однесувањето на мајката. Мажјаците ги убиваат малечките од друга мечка. Инаку мечката е мошне внимателна мајка и беспоштедно го брани својот пород и тогаш е најопасна за луѓето. Младите полово оозреваат дури во четвртата година од животот.

На подрачјата каде што преовладува умерена клима, како што е кај нас, мечката не подлегнува на зимски сон, бидејќи наоѓа доволно храна преку зимата. Само за време на многу студени зими, таа се повлекува во брлози, но и тогаш не спие цврсто и се наоѓа во полубудна состојба. Мечката нема природни непријатели, но само во ретки случаи, глутница волци се обидува да ја нападне. Живее од 30-35 години.

Мечката е мирољубиво животно и ретко напаѓа луѓе само во самоодбрана. Доколку почувствува дека во близина има луѓе таа веднаш се оддалечува од местото и по секоја цена се труди да ги избегне контактите со човекот. Во САД правени се истражувања за причините за нападите на мечките врз луѓето и заклучено е дека тие се случуваат поради:

  • изненадување (неочекувана средба,
  • љубопитност,
  • нарушен приватен простор (тука спаѓа и заштита на младенчињата),
  • повреда од лов,
  • одбрана,
  • провокација.

Мечките особено се опасни кога имаат малечки и затоа доколку се забележи мечка со малечки најдобро е луѓето да се одалечат од неа. Особена опасна ситуација за човекот е ако се обиде да и го земе мечето или ако се најде помеѓу мечката и мечето, при што таа беспоштедно го брани.

Во последно време сo оглед на се поголемата присутност на луѓето во нејзините живеалишта, постои опасност таа да исчезне од многу подрачја, па е нужно правовремено да се заштити за да не се случи како и во другите европски земји наполно да изумре. Во националните паркови треба сосема да биде заштитена, а на другите  подрачја  плански да  се  стопанисува.


 

Weather

Scattered showers

26°C

Skopje

Scattered showers
Humidity: 54%
Wind: W at 22.53 km/h
Tuesday
Thunderstorms
17°C / 26°C
Wednesday
Partly cloudy
13°C / 27°C
Thursday
Partly cloudy
14°C / 27°C
Friday
Rain
13°C / 27°C

Translator

Visitors Counter

741552
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
574
673
5059
11538
741552

Your IP: 54.81.112.7
Server Time: 2018-06-18 15:29:36
Web Analytics