Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Историја и значење на ловечкиот трофеј

Posted by  Published in: Дивеч

 

Ловечкиот трофеј е дел од дивечот или целиот дивеч во вид на препарат. Според ловечките обичаи, трофејот секогаш муприпаѓа на ловецот што го одстрелиал дивечот. Квалитетно обработен и естетски природно поставен, трофејот представува спомен на ловечкото доживување. Затоа треба да се посвети вистинско внимание на обработката, чувањето и заштитата на трофејот од штетните влијанија

 

Ловечките трофеи и сите обичаи кои се поврзани со нив, во најдобар дел потекнуваат од почетокот на историјата на општеството кога ловот претставувал главно занимање на луѓето. Ловот бил од животна важност за целиот род, подоцна и за целото племе. Успехот во ловот значел доволно храна, а неуспехот глад. Земајќи го во предвид примитивното оружје, ловот во праисторијата барал тесна соработка меѓу ловците, затоа што честопати, нивниот живот бил доведуван во опасност.

Колку уловеното животно било поголемо и поопасно, дотолку бил поголем и подвигот на ловецот или ловечката група, што пак, предизвикувало восхит во целото племе. Како показател за своето занимање, и социјален статус, ловците на себе носеле разни делови од уловениот дивеч: канџи, заби, пердуви, делови од кожа и слично.

Подоцна, низ историјата, ловците, како знак на успех, носеле кожа од уловениот дивеч. Постепено, ваквиот трофеј бил дополнуван и усовршуван со растењето на угледот на ловецот. Од досега кажаното може да се заклучи дека ловечките трофеи и обработка на истите се стари колку што е стар и самиот лов.

Денешното ловство за разлика од она минатото е засновано на сосема поинакви основи. Ловецот денес е пред се одгледувачи заштитник на дивечот. Грижејќи се за дивечот, пред се, со прихранувањето, поставувањето солишта, хранилишта и други потребни објекти, помага да се подобри здравствената и бројната состојба на дивечот. Длабоката од корен, промена на сфаќањето на ловот и одгледувањето на дивечот, се одразува денес, не само при остварувањето на правото на лов, туку и при уметничката обработка на трофеите.

Ловечкиот трофеј е дел од дивечот или целиот дивеч во вид на препарат. Според ловечките обичаи, трофејот му припаѓа секогаш на оној ловец што го одстрелил дивечот. Квалитетно обработен и естетски природно поставен, трофејот представува спомен на ловечкото доживување. Затоа треба да се посвети вистинското внимание на обработката, чувањето и заштитата на трофејот од штетните влијанија.

 

Трофеи од влакнест дивеч

 

Трофеј од елен и од елен - лопатар:

Главен еленски трофеј се роговите. Како споредни трофеи се сметаат забите - песјаци, кожата како простирка и отфрлените рогови. Песјаците од еленот се користат како украс за шешир или за изработка на копчиња. Најубави се очниците од елен ан возраст помеѓу 6 и 10 години.

 

Трофеј од срна:

Освен роговите и кожата, од срнечкиот дивеч се користат и нозете како закачалка или рачка за нож.

 

Трофеј од муфлон:

Убав трофеј, претставува целата препарирана глава, кожата како простирка, но се користат и само роговите кои уште се нарекуваат и тоболци.

 

Трофеј од дивокоза:

Најчесто се користи препарирана глава и роговита од обата пола на овој дивеч. Честопати како трофеј се користат и долгите влакна од гривата на овие животни која на краевите е бела.

 

Трофеј од дива свиња:

Главен трофеј од ова животно одсекогаш биле забите (кљовите). Мажјаците имаат по правило големи заби, но понекогаш и женките од овој дивеч имаат квалитетни трофејни кљови.

 

Од останатите видови влакнест дивеч, како што се мечката, лисицата, јазовецот, волкот, дивата мачка, трофејот го претставува кожата која се користи како простирка или се закачува на ѕид.

 

Трофеи од пердувест дивеч

Освен полнет, комплетно препариран, од пердувестиот дивеч најчесто се земаат карактеристични пердуви кои се користат за украсување на ловечката облека или шешир. Најатрактивни се пердувите од фазан, шљука, еребица, пердувите од опашката на паторот, крилце од сојка и сл.


* - на насловната фотографија ловецот Бране Ѓорѓиоски од Гостивар


Weather

Mostly clear

11°C

Skopje

Mostly clear
Humidity: 75%
Wind: S at 6.44 km/h
Thursday
Sunny
8°C / 23°C
Friday
Mostly sunny
10°C / 24°C
Saturday
Mostly sunny
7°C / 23°C
Sunday
Rain
6°C / 17°C

Translator

Visitors Counter

818086
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
585
523
1108
8925
818086

Your IP: 54.166.207.223
Server Time: 2018-10-16 23:50:57
Web Analytics