Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Шумска шљука (Scolopax rusticola)

Posted by  Published in: Дивеч

 Шумската шљука е птица преселничка. Во нашите краишта е зимски резидент. Летата ги минува во ниските мочурливи подрачја на Северна Европа, Азија и Јапонија, а зимите во земјите на Средоземното Mope (во Италија, Грција, Франција, Северна Африка) и на островите на Јадранското, Јонското и Средоземното Mope.

Низ нашите краишта прелетува во март, кога таа се сели кон север и оваа селидба трае околу три недели. Вториот пат, кога се сели кон југ, првите примероци се среќаваат кон крајот на септември и во почетокот на октомври. Најчесто се задржува по бртските и крајречните ниски шуми. До колку зимите се топли, останува кај нас се до идната пролет, a некои тврдат дека и се гнезди.

 

Систематика:

    

Царство: 

Animalia

Колено:

Chordata

Класа:

Aves

Ред:  

Charadriiformes

Фамилија:   

Scolopacidae

Род:

Scolopax

Вид:

Scolopax rusticola Linnaeus, 1758

 

Шумската шљука е крупна сродничка на барските шљуки. Таа е долга од 33-35 cm, додека вo тежина може да израсне и до 400 грама. Нејзината опашката и е долга од 6,5-8 cm, додека распонот на крилата и е од 56-60 cm. Главата и е набраздена со црно, а очите и се сместени многу назад, што и овозможува прегледност од 360°. Крилјата и се заоблени, а основата на клунот е месо боја со црн врв. Бојата на нозете и варира од сиви до розеникави. Овој вид има изразен полов диморфизам, бидејќи мажјаците се многу поголеми од женките, но по друго не се разликуваат и не се препознаваат од далеку.

Шумската шљука има долг клун околу 7 cm кој може да го свиткува. На врвот е снабдена со многубројни нерви, поради што во овој дел од клунот и e развиено сетилото за допир, така што со негова помош ги насетува дури и најситните инсекти и црвја кои редовно ги лови. Значи таа пленот не го лови со сетилото за вид, туку со сетилото за допир.

Шумската шљука иако е ноќна птица таа е најактивна во мугри и самрак, а ретко преку ден, освен ако не е вознемирена, кога одлетува со силно мавтање со крилјата. Летот им е сличен на був или лилјак, неконтролиран, со извртување, но кога мигрираат летаат брзо и директно. Тие се обично сами и летаат одвоено, но може да се здружат со други птици ако времето или географските прилики го наложуваат тоа.

Се храни копајќи со клунот во меката почва зад грмушки, обично добро скриена. Главно јаде црви, но исто така инсекти и нивни ларви, слатководни мекотели и некои растителни семиња. Во студените зими кога земјата замрзнува, тие се принудени да јадат семиња.

Шумската шљука ја штити нејзината боја како кај ретко некоја друга птица. Кога ќе се прилепи до шумскиот листинец и најострото око тешко може да ја забележи, бидејќи бојата и е 'рѓесто-кафена. Нејзини непријатели се лисиците, ласицата, творовите, јастребите, јастребот врапчар и некои видови утки (бувови).

Се сели ноќе и за време на миграцијата кон север (во пролет) се спарува, бидејќи нема доволно време на располагање. По пристигнувањето на подрачјата каде што се размножува, шумската шљука веднаш прави гнездо на земја и снесува 3-4 жолтеникаво-пепелави јајца врз кои лежи само 17 дена. Женката се грижи за одгледувањето на младите, кои по 25 дена наполно се способни за самостоен живот. Ако подмладокот е во опасност, шљуката ги пренесува на безбедно место и тоа, според едни автори под вратот, а според други со нозете.

Ловот на шљуките се смета за еден од најинтересните, a особено со чекање во пролетниот период. Во тоа време, квечерина се застанува крај некоја шумичка, каде што шљуките излегуваат напролет и каде што мажјаците ги изведуваат своите ѓаволштини во воздухот. Во тоа време се слуша и нивната песна: “квор-квор-квор“ или само “псвст-псвст“. Обично пее мажјакот за да ја привлече женката. По доаѓањето на женката, мажјакот во ритуален свадбен танц, со раширен опаш и спуштени крилја и се додворува. Според некои автори шљуката е полигамен вид.        

Заради интересниот и возбудлив лов, ловците со право ја нарекле  “кралица на ситниот дивеч“. Во нашата држава според Законот за ловството, шумската шљука спаѓа во категоријата “дивеч под заштита“, за која е пропишан ловостој кој трае од 1 април до 31 јули.

 

Weather

Cloudy

17°C

Skopje

Cloudy
Humidity: 46%
Wind: ENE at 6.44 km/h
Wednesday
Partly cloudy
13°C / 27°C
Thursday
Partly cloudy
12°C / 26°C
Friday
Partly cloudy
10°C / 27°C
Saturday
Rain
13°C / 26°C

Translator

Visitors Counter

698397
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
220
544
764
15941
698397

Your IP: 54.81.71.187
Server Time: 2018-04-24 08:49:12
Web Analytics