Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Верверица (Sciurus vulgaris)

Posted by  Published in: Дивеч


Црвената верверица или Евроазиската црвена верверица (Sciurus vulgaris) е еден од видовите на верверици. Европските верверици се глодари сештојади кои што живеат на дрва. Тие се раширени на просторот скоро на цела Евроазија, меѓутоа во Британија популацијата на оваа верверица драстично е намалена како последица на внесувањето на сивата верверица од Северна Америка. 

 

 

Систематика

 

Царство:

Animalia

Тип:

Chordata

Класа:

Mammalia

Ред: 

Rodentia

Фамилија: 

Sciuridae

Род:

Sciurus

Вид:

Sciurus vulgaris  Linnaeus, 1758 

 

Опис

 

Црвената верверица има типична должина на главата и телото од 19-23 cm, и на опашката 15-20 cm, тежина од 250/340 gr. Не е полово диморфна, т.е. мажјаците и женките се со иста големина. Се смета дека долгата опашка им помага да ја одржуваат рамнотежата и правецот при скокање и качување по дрвата, а и се покриваат со неа за да се загрејат додека спијат. Крзното варира според годишните времиња и географски, од црно до црвено. Долната страна им е секогаш посветла до бела. Крзното го менуваат два пати годишно, од потенко летно во подебело зимско и со подолги влакна на ушите.



Како и сите верверици, има остри свиени канџи со кои се качува и симнува од стебла, тенки гранки, па дури и ѕидови од куќи. Силните задни нозе и овозможуваат да прави долги скокови помеѓу дрвата. Исто така, знае и да плива.

 

Репродукција и смртност

 

Парењето настанува или во доцна зима (фебруари-март) или во лето (јуни-јули). Женката може годишно да одгледа до две легла. Во секое легло се раѓаат по три до четири млади, иако се забележани и случаи со по шест. Бременоста трае 38-39 дена. Младите ги чува мајката, бидејќи се раѓаат беспомошни - слепи и глуви, и тежат околу 10-15 gr. Крзното на младите им израснува до 21 ден, очите им се отвораат по 3-4 недели, а забите им растат до 42 ден. После тоа младите верверици можат да јадат и тврда храна, и го напуштаат гнездото во потрага по храна, но се враќаат да цицаат кај мајката додека не достигнат возраст од 8-10 недели.

За време на парењето мажјаците ги откриваат женките кои се во овулација по мирисот, и иако нема додворување, мажјаците ги бркаат женките и по цел час пред сексуалниот однос. Обично повеќе мажјаци бркаат една женка, се додека доминантниот мажјак, обично најголемиот во групата, ќе има сексуален однос. Мажјаците и женките се парат повеќе пати со различни партнери. Типично, женката е сексуално зрела во втората година од животот.

Животниот век на црвената верверица изнесува во просек 3 години, некои индивидуи може да достигнат и 7 години, дури и 10 во заточеништво. Преживувањето е поврзано со достапноста на храна во зима, во просек 75-85% од младите умираат во текот на својата прва зима, а смртноста е 50% за секоја зима после првата.

 

Weather

Clear

-5°C

Skopje

Clear
Humidity: 79%
Wind: W at 4.83 km/h
Thursday
Mostly cloudy
-3°C / 1°C
Friday
Cloudy
-2°C / 1°C
Saturday
Scattered showers
0°C / 4°C
Sunday
Scattered showers
0°C / 5°C

Translator

Visitors Counter

861126
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
210
674
1496
8477
861126

Your IP: 54.82.10.219
Server Time: 2018-12-12 05:36:52
Web Analytics