Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Прв случај на африканска чума на дива свиња во Бугарија

Written by  Published in: Болести на дивечот

Бугарската агенција за безбедност на храна (БАБХ) го откри првиот случај на африканска чума на дива свиња во Бугарија. Станува збор за болест од која заболуваат домашните и дивите свињи, која не е опасна за човекот, а која во оваа сточарска гранка предизвикува големи економски загуби. Болеста се пренесува и шири со директен контакт од болно на здраво животно, индиректно се пренесува преку заразена храна и отпадоци од храна, опрема, возила и облека и биолошки преку вектор – мек крлеж од родот орнитходорос. Периодот на инкубација кај оваа болест е од 4 до 19 дена. Смртноста кај домашните свињи може да достигне до 100 проценти.

Болното животно е откриено во близина на Каинарджа, Силистра, на границата со Романија. Дивата свиња при обид за влез на територијата на соседна Бугарија, била заплеткана во жица од ограда која имала заштитни функција да спречи влез на болни единки во државата. Тестот на земени примероци го потврдил присуството на вирусот на африканска свинска чума (АСЧ).

За контрола и искоренување на болеста, БАБХ веднаш започнала со спроведување на сите мерки во согласност со постојното законодавство. Извршено е уништување и закопување на дивата свиња, како и дезинфекција на местото каде е закопана.

Како посебна мерка за исполнување на Програмата за превенција и надзор на болеста АСЧ во Бугарија, ќе се врши постојани клинички прегледи за АСЧ кај домашни свињи и ќе се земаат мостри од сите диви и домашни свињи кои умреле или покажуваат клинички знаци на болеста. Дејствијата кај домашни свињи се насочени кон строги мерки за биосигурност со цел, прекин на можноста за пренесување на заразата меѓу диви и питома популација свињи во земјата. Тие се базираат на Стратегијата на Европската унија (ЕУ) за африканска чума на свињи (САНТЕ 7113/2015) и главно се насочени кон дивата популација.

Стратегијата за контролната на африканската чума, во Бугарија се базира на рано откривање на болеста и спроведување на ригорозни мерки за контрола и биосигурност во објектите. Во моментов оваа опасна и смртоносна болест е веќе застапена во девет земји-членки на ЕУ: Белгија, Чешка, Полска, Естонија, Латвија, Романија, Унгарија, Литванија и Бугарија.

  

Weather

Sunny

3°C

Skopje

Sunny
Humidity: 50%
Wind: W at 1.61 km/h
Thursday
Mostly cloudy
-4°C / 2°C
Friday
Cloudy
-5°C / 1°C
Saturday
Scattered showers
0°C / 4°C
Sunday
SP_WEATHER_RAIN_AND_SNOW
0°C / 5°C

Translator

Visitors Counter

861482
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
566
674
1852
8833
861482

Your IP: 54.227.186.112
Server Time: 2018-12-12 16:16:01
Web Analytics