Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Полска планира да убие 90% од дивите свињи за 2 месеци

Posted by  Published in: Болести на дивечот

Веќе подолго време предупредувам дека постои голема опасност од појава на болест по дивите свињи која ќе ја десеткува нејзината популација. На почетокот повеќето не ме сваќаа серозно, но како одминува времето опасноста станува се пореална. Не треба да си нешто посебно паметен или некаков си визионер, туку едноставно треба да се пратат состојбите со дивечот во Европа и во соседството па да се извлечат такви заклучоци.

Како резултат на големата бројност на овој вид дивеч во нашата земја кој во последниот перод е во страшно голема експанзија, големиот број одгледувачници и оградени ловишта во кои дивечот се одгледува во голема густина и со минимални мерки за ветеринарна заштита, постои опасност да ја испровоцираат природата да си најде механизам како самата да ја регулира нејзината бројност. Потребно е само некаде да се појави иницијална каписла и големата бројност и густина на дивата свиња да предизвика експлозија на болеста.

Пратејќи ги состојбите во непосредното и поширокото наше опкружување, се чини дека од ден во ден се поблиску сме до ваква опасност. Станува збор за африканската свинска треска или чума, која веќе наголемо се прошири во голем број европски држави, помеѓу кои и на нашите порти во соседна Бугарија. Владите во голем број држави веќе започнаа со очајнички мерки за справување со оваа болест, па така последната вест за една таква мерка стигнува од Полска.

 

Полска планира оштри чекори за справување со болеста

 

Според тамошните информации, Полска планира да убие 90% од дивите свињи за два месеци. Премиерот на земјата го претстави планот за борба со Африканската свинска чума, кој вклучува масовен одстрел на свиња со помош дронови, уреди за ноќно гледање, термални апарати, а клку е сериозна работата укажува и фактот што при оваа акција ќе биде вклучена дури и армијата.

Планот за намалување на популацијата е веќе предаден за разгледување на Министерството за животна средина. Задачата ќе биде доделен на ловечките друштва, а армијата ќе се користи за да ги одстрани застреланите животни на начин што ќе гарантира минимизарење на опасноста од понатамошно ширење на болеста.

Според пресметките, благодарение на користењето на модерните методи целиот план треба да заврши за два месеци.

Полски ловци се на став дека е потребен уште поострог пристап кон справување со болеста. "Треба да одиме подалеку во оваа задача и да ги оставиме настрана законите за заштита на животните и за ловствто, па да спроведеме ефективна кампања против Африканската свинска чума. Потребни се посебни мерки. Тоа е војна. Болеста предизвикува смрт дури кај 90% од заразените диви свињи", Велат претставниците на ловечките здруженија.

- Употребата на беспилотни летала и топлински камери не гарантира успех, но уште поважно е дека стапката на реакција на министерот за животна средина се смета дека починала од вирусот во свињите. Сепак, министерот назначи зони, во кои ќе започне застрелот за две недели по извештаите за угинати животни.

Во Полска вирусот на африканската чума по дивите свињи за прв пат бил откриен во февруари 2014 година. Од тогаш биле идентификувани 100 случаи на епидемии кај питомите свињи и повеќе од 1.000 случаи кај дивите свињи.

 

 

Weather

Partly cloudy

17°C

Skopje

Partly cloudy
Humidity: 73%
Wind: SSE at 6.44 km/h
Tuesday
Partly cloudy
8°C / 17°C
Wednesday
Sunny
3°C / 17°C
Thursday
Mostly sunny
1°C / 21°C
Friday
Mostly sunny
6°C / 23°C

Translator

Visitors Counter

806119
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
29
455
3923
14384
806119

Your IP: 54.158.52.166
Server Time: 2018-09-24 00:22:28
Web Analytics