Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Видео за ширењето на Африканската свинска треска (African swine fever) во Европа

Posted by  Published in: Болести на дивечот

Веќе извесен период предупредувам на опасноста од појавата на свинска чума, која може да ја десеткува бројност на дивите свињи во нашата држава. Голема експанзија на нејзината бројност, нејзината голема густина и недоволната ветеринарна заштита особено во оградените ловишта, се добра причина за да бидеме загрижени од опасноста од појава на некое вакво заболување и негово брзо ширење. Општо познати се законите на природата според кои, во услови кога одреден вид се пренамножува, природата ќе си најде механизам за да ја регулира неговата бројност.

Во последниов период голем број на ловечки стручњаци од соседните држави предупредуваат на појавата на Африканската свинска треска (African swine fever (ASF)), која се веќе се појави во северните држави од Европа и започна за де се шири со голема брзина, така што веќе е на прагот на државите од јужниот дел на континентот. Според нив, веќе не е прашање дали ќе се појави оваа болест во некоја од државите во Европа, туку кога ќе се појави. Одредени држави во очај почнуваат да превземаат одредени мерки за заштита, како што е подигање на ограда за дивеч во Полска со нејзините соседи Украина и Белорусија.

Африканска свинска треска е една од најопасните болести кај домашните и дивите свињи поради високите нивоа на смртност, бидејќи се уште не постои начин на лекување и вакцина против ова а болест. Веднаш чим навлезе во некоја држава, болеста има значително негативно влијание врз националната, регионалната и меѓународната трговија, егзистенција на свињарските фарми, одгледувалиштата за диви свињи. Како и ловечки фарми (во голем број на европски држави постојат фарми за одгледување на дивеч). Отежнувачки фактор е тоа што искоренувањето на оваа болест е исклучително тешко и кај дивите свињи може да потрае со години.

Оваа болест која до неодамна беше егзотична за Европа, Африканската свинска треска стана уништувач за дивите свињи во земји како Литванија, Летонија, Естонија и Полска. Од оваа есен болеста е веќе и во Молдавија и опасно и брзо се приближува границите на сеседна Бугарија. 

Во продолжение погледнете го видеото за ширењето на болеста, кое е изработено од Агенцијата за безбедност на храната од Бугарија. Ова видео е на англиски и бугарски јазик, но се надевам дека нема да ви биде голем проблем за да го разберете.

 

  

Media

Weather

Mostly clear

11°C

Skopje

Mostly clear
Humidity: 85%
Wind: WSW at 6.44 km/h
Thursday
Sunny
8°C / 23°C
Friday
Mostly sunny
10°C / 24°C
Saturday
Mostly sunny
7°C / 23°C
Sunday
Rain
6°C / 17°C

Translator

Visitors Counter

818065
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
564
523
1087
8904
818065

Your IP: 54.166.207.223
Server Time: 2018-10-16 23:36:36
Web Analytics