Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Лигавка и шап (Aphthae epizooticae)

Posted by  Published in: Болести на дивечот

Лигавката и шапот е акутна и многу инфективна заразна болест на домашните и дивите папкари, а понекогаш и кај човекот, со егзентематозни промени на слузокожата и кожата посебно на устата и помеѓу папците. Причинител е РНК вирус од групата Picornaviridae, Aphtovirus.

Од оваа болест најчестозаболуваатсрнитеи дивокозите, додека елените многу ретко. Поголема изложеност на инфекција имаат и животните кои живеат во заграден простор, оградени ловишта, одгледувалишта, во зоолошки градини и сл.

Лигавката и шапот се шири преку директен или индиректен контакт, преку контаминирана храна, вода, преку кучиња, мачки и диви птици. Најчест пат на инфекција е консумирање на контаминирана храна. Вирусот се наоѓа во сите екскрети на болните животни, вклучувајќи ја урината, фенесот, плунката, млекото и семената течност. Треба да се има во предвид дека причинителот се шири пред појавата на клиничките знаци. Се смета дека оваа болест не се шири преку воздухот. Кај дивечот, вирусот најчесто доспева во организмот по алиментарен пат.

После инкубацијата од 2-6 дена се јавуваат првите знаци на болеста, кои кај дивечот најчесто се со бениген карактер. Доста ретко се забележани малигни случаи со промени на миокардот. Вирусот се размножува на влезното место, каде што се создаваат примарни везикули (афти), од каде што влегуваат во крвта (генерализација, виремија), а со неа доаѓаат до епителните клетки на слузницата, кожата и внатрешните органи. Вирусот е епителнотропен и миотропен, поради што причинува дегенерација на срцевиот мускул.

Во почетокот на болеста може да се констатира зголемена телесна температура (и до 40,5°С) и обилна саливација. Потоа се појавуваат везикули на слузокожата на устата, гингивата, образите, рабовите на јазикот, помеѓу папците, на кожата на вимето и сл. Во текот на првите денови од еволуцијата на болеста везикулите пукаат и се создаваат ерозии, кои подоцна заздравуваат. Како компликација, првенствено на ерозиите локализирани помеѓу папците, пастануваат секундарни бактериски инфекции, при што се развива гноен процес пропратен со промени во рожицата и отпаѓање на папците.

Кај малигната форма смртта настапува заради тешки дистрофично-воспалигелни процеси во миокардот (тигрово срце), обично 5-6 дена од појавата на заболувањето. Овие миокардијални лезии се лоцирани во ѕидот и септумот на левата комора.

Луѓето заболуваат во блага форма. На слузницата на устата се појавуваат везикули. Кај децата афтите може да предизвикаат стеноза на ларингсот, па доколку правовремено не се направи трахеотомија, можно е да дојде до смрт. Се смета дека возрасните луѓе воглавном се отпорни. Кога болеста е присутна помеѓу домашните животни, мора да се обрати внимание на здравствената состојба на дивечот, како што се стручно набљудување, санитарен отстрел, лабораториски испитувања и сл.

 

Weather

Partly cloudy

18°C

Skopje

Partly cloudy
Humidity: 88%
Wind: S at 6.44 km/h
Saturday
Mostly sunny
18°C / 30°C
Sunday
Partly cloudy
16°C / 31°C
Monday
Partly cloudy
16°C / 28°C
Tuesday
Partly cloudy
15°C / 30°C

Translator

Visitors Counter

778283
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
108
411
1833
10089
778283

Your IP: 54.80.93.19
Server Time: 2018-08-17 06:12:04
Web Analytics