Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Псевдотуберкулоза

Posted by  Published in: Болести на дивечот

Псевдотуберкулозата (Yersinia pseudotuberculosis) е акутна или хронична заразна болест на зајците, куничите, сите ситни глодари, фазаните, многу други диви и домашни птици, кучиња, мачки, но болеста е утврдена и кај луѓето. Тоа е бактериско заболување, предизвикано од бактеријата Yersinia pseudotuberculosis, која се наоѓа во системот за варење и претставува една од најтешките заразни болести кај зајаците. Според некои автори, со оваа бактерија се заразени од 13-17% од европските зајаци.

Псевдотуберкулозата кај зајаковидните (двозаби), глодарите и човекот се одликува со создавање на карактеристични јазли во лимфните јазли и паренхиматозните органи. Причинителот е доста раширен во природата и го има во цревата и на здравите зајаци. Болеста најчесто се пренесува со конзумирање на храна и вода, и тоа од измет или урина од заболени животни, преку слузта од белите дробови итн. Гладувањето, студот, влагата и паразитските болести се погодни за избивање на болеста. Псевдотуберкулозата ги напаѓа зајаците поединечно.

Болеста најчесто е со хроничен тек и трае со недели. Обично во ловиштето можат да се забележат поединечни зајаци кои тешко се движат, кои куче лесно може да ги фати, но може да се пронајде и по некој леш од угинато животно.

Она што може да алармира на појава на оваа болест е наглото слабеење, пролив и отежнато дишење. Од неа се напаѓаат внатрешните органи што може да се открие дури по умирањето на зајакот, поради што многу тешко да се забележат симптомите на време. Дијагнозата се поставува врз основа на обдукцискиот наод и бактериолошкиот преглед.

После доаѓањето во дигестивниот систем, причинителот преку лимфните јазли на цревата продира до мезентеријалните лимфни јазли. Исто така може да дојде и до бактериемија, при што најголеми се оштетувањата на хепарот, слезината и белите дробови. Болеста се манифестира со многубројни помали или поголеми јазли (чворчиња) т.н. псевдотуберкули во внатрешните органи, кои се со жолто-сива боја, матен изглед и со некротичен центар (казеозна некроза). Слезината е значително зголемена и во некои случаи таа е дури 10 пати поголема од нормалната. Џигерите исто така се нешто зголемени, а слизницита на желудникот, тенкото и дебелото црево понекогаш може да бидат крававо инфицирани.

 

 

 

Некротични илеални јазли (чворчиња)

Некротични жаришта на цревата и слезината


Кај луѓето овој микроорганизам причинува доста тешка општа инфекција, која се карактеризира со зголемување на хепарот, слезината, болки во стомакот, инапетенца, жолтица и пролив. Скоро задолжителни симптоми кај луѓето се висока температура, главоболка, повраќање, пролив, инапетенца или анорексија, жолтица, зголемен хепар и слезина, осетливост и болки во стомакот, посебно во горната десна абдоминална регија и умерена до изразена леукоцитоза со неугрофилија. Болеста трае од 4-60 дена. Во лечењето се применуваат хемотерапевтици и антибиотици. Пред употребата на антибиотици, смртноста изнесува 100%.

Месото на заболените зајаци не е за човечка исхрана. Во борбата против оваа болест, кога оваа болест ќе се појави поединечно, се врши отстрел на заболените единки со помош на кучиња. Доколку заболувањето завзело поголеми размери, се препорачува зголемен отстрел. Исто така треба да се намали и популацијата на полски глувци, затоа што тие може да бидат извор на инфекција. Отсреланата болен дивеч и лешевите на умрените зајци, треба нештетно да се одтранат од ловиштето, најдобро со палење. При тоа треба да се има во предвид дека псеудотуберкулозата е и зооноза.


Weather

Mostly cloudy

13°C

Skopje

Mostly cloudy
Humidity: 64%
Wind: WSW at 11.27 km/h
Monday
Rain
13°C / 21°C
Tuesday
Scattered showers
13°C / 21°C
Wednesday
Rain
13°C / 19°C
Thursday
Scattered showers
13°C / 22°C

Translator

Visitors Counter

746360
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
133
917
5382
16346
746360

Your IP: 54.162.227.37
Server Time: 2018-06-24 01:50:26
Web Analytics