Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Свинска чума

Posted by  Published in: Болести на дивечот

 Свинската чума е заразна болест со хроничен тек од која страдаат дивите свињи. Болеста се карактеризира со општ септикемиски синдром, а често и со хронично воспаление на белите дробови и хронично некротично воспаление на цревата. Причинител на ова заболување е РНК вирусот Pestivirus, од групата Flaviviridae.

Ова е исклучително опасна болест кај дивите свињи која може да предизвика катастрофални последици врз популацијата на овој бид дивеч. Кај оваа болест важи правилото подобро да се спречи од колку да се лечи, бидејќи дури 80% од заболените единки угинуваат. Лечењето е многу тешко и речиси невозможно, па болеста престанува спонтано.

Од чума заболуваат сите старосни категории на свињи. Се јавува главно преку есен и зима, кога движењето на овие животни во потрага по храна е интензивно. Во природни услови, помеѓу дивите свињи болеста се шири со конзумирање на лешевите на животни кои угинале од оваа болест, но и преку вирулентна урина, крв, исцедок од носот и очите, а ретко и со изметот.

Ендемијата на свинската чума помеѓу дивите свињи трае неколку недели, но најчесто неколку месеци и потоа исчезнува. Од дивите свињи чумата може да се пренесе на домашните свињи. Кај дивите свињи болеста најчесто се појаува во хронична форма, за која се карактеристични специфични промени во цревата и чести секундарни промени во белите дробови. Кога свинската чума владее во едно ловиште може да се запазат и закржлавените животни, кој се занесуваат во одењето, со исцедок од носот, често имаат пролив, крустозен осип по кожата и некроза на усните и опашката. Во такви случаи животните се движат и во текот на денот и можат да се видат на чистини каде што ја гасат својата жед (околу вода) заради високата температура. Заболените животни обично не реагираат на приближувањето на човекот или кучињата и најчесто лежат. Свињите може да повраќаат и кашлаат.Во ловиштето често може да се најдат лешеви приближно на иста возраст на кратко растојание еден до друг.

 Од оваа болест оболуваат и питомите свињи кај кои

таа исто така е со катастрофални последци

На обдукција кај угинатиот или острелан дивеч, во зависност од текот на болеста се среќаваат различни промени. Кај хроничната свинска чума се работи за дифтероидни, циркумскриптни, округлести, слоевити и концентрични огништа-бутони, првенствено локализирани во колонот и цекумот. Бутоните се со сиво жолта, смеѓа или црна боја,со големина на зрно леќа до метална монета, поединечно или мултипли. Како компликација често се појавува воспаление на белите дробови и плеврата. Кога ќе се отстрелаат единки, кои боледуваат од акутниот тек на болеста, се запазуваат пред се точкести крварења по слузницата на гркланот, желудникот, цревата, мочниот меур, плеврата и перитонеумот. Точкестите крварења исто така се среќаваат по бубрезите и тонзилите. Лимфните јазли се зголемени, сочни и мраморирани (проткаени со крварења, односно со густо збиени еритроцити.)

Појавата на свинската чума помеѓу дивите свињи мора да се пријавува во ветеринарната инспекција, односно Агенцијата за храна и ветеринарство. Во борбата против оваа болест се применуваат отстрел на болните и сомнителни животни или тотален санитарен отстрел. Лешевите кој се отстрелани, како и угинатите, треба да се спалат, односно да се закопаат.

Како превентивна мерка од појава и ширење на оваа болест е одржувањето на популациите на дива свиња во рамките на нормалната бројна состојба. Во последно време дивата свиња е во голема експанзија во нашата држава, поради што се создадени добри предуслови за појава на оваа болест, па поради тоа треба да се посвети поголемо внимание од појавата на оваа болест. Покрај тоа, особено големо внимание треба да се посвети при одгледување на дивата свиња во помали одгледувачници, каде речиси редовно таа се одгледува во премногу густи популации и со многу мали превентивни мерки од болести.


Weather

Cloudy

5°C

Skopje

Cloudy
Humidity: 62%
Wind: SE at 4.83 km/h
Sunday
SP_WEATHER_RAIN_AND_SNOW
-1°C / 5°C
Monday
SP_WEATHER_RAIN_AND_SNOW
-2°C / 5°C
Tuesday
Showers
-2°C / 6°C
Wednesday
Rain
1°C / 10°C

Translator

Visitors Counter

842781
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
219
731
3287
10366
842781

Your IP: 54.82.79.137
Server Time: 2018-11-17 04:46:22
Web Analytics