Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Беснило

Posted by  Published in: Болести на дивечот

 Беснилото или риабесе мозочна болест која, ако не се спречи со неодложно лекување и се дозволи да се развие, речиси секогаш е смртоносна. Можете да заболите ако ве касне некое заразено животно. Беснилото го предизвикува вирус кој влегува во централниот нервен систем, мозокот и ’рбетниот мозок. Вирусот навлегува низ кожата или слузницата, потоа се пренесува до мозокот, каде се размножува и преку нервите се шири во другите ткива.

Тој се пренесува од животно на животно или од животно на човек со угриз, а осетливи се сите топлокрвни животни. Животни кои можат да бидат преносители на беснило се кучињата, мачките, лилјаците, поровите, ракуните, волците и лисиците.

 Глодачите се исклучително ретко заразвни. Болеста во околу 70% од случаите се добива преку каснувањето од заразени животни при кое е пробиена кожата. Болеста се нарекува и хидрофобија (страв од вода), бидејќи предизвикува болни мускулни спазми во грлото кои го спречуваат голтањето. Токму тоа предизвикува смрт кај нелекуваните болни-жртвите дехидрираат и умираат.

Периодот на инкубација за симптомите може да трае од десет дена до две недели, но обично меѓу каснувањето и појавата на првите симптоми поминуваат три месеци. Првите симптоми се боцкање, чешање или чувство на студенилото на местото на каснување, зголемена температура и општо чувство на болест. Потоа можат да следат треска, отежнато голтање течности, немир, напади на бес, исклучителна раздразливост, мускулни спазми и лигавење.

Ако ве касне некое болно животно, тоа не мора сигурно да значи дека и вие ќе добиете беснило. Само кај околу 50% од луѓето кои се каснати, а не се лекувани се развива оваа болест. Лекувањето спречува да заболите од оваа болест и секое одложување може да ја намали неговата делотворност.

Кај срнечкиот и еленскиот дивеч болеста започнува со инапетепнца и апатија. Животните често удираат со главите во дрвјата. За беснилото кај дивечот карактеристично е необичното однесување, губење на страв од човекот и во одредени фази на болеста нагон за напаѓање.

 

Корисни совети

·         Ако ве касне диво или невакцинирано домашно животно или животно за кое не сте сигурни дали е вакцинирано -веднаш јавете се на лекар или одете во болница; неодложениот почеток на лекувањето е исклучително важен;

·         Ако сте каснати и имате некои од симптомите - веднаш јавете се на лекар или одете во болница;

·         Ако имате намера да отпатувате во земја каде е раширено беснило, побарајте од лекарот да ве вакцнира против беснило;

·       Ако сте каснати, вашиот лекар ќе треба да знае какво животно ве каснало и под какви услови. Ако се покаже дека животното е здраво, сопственикот може да докаже дека животното било вакцинирано против беснило, веројатно, нема ниту да ви биде потребно лекување, туку само чистење на раната. Ако не сте сигурни во поглед на здравјето на животното, лекарот треба да ви даде инјекции за спречување на беснилото не чекајќи потврда дека животното било заразено;

·        По касање раната треба што поскоро темелно да се измие со сапуни вода. Потоа уште еднаш измијте ја со антисептичко средство, како што е водород-пероксид. Ако раната е површинска, а вие сте сигурни дека животното било вакцинирано, тоа е се што треба да направите. Меѓутоа, ако не сте сигурни, најавете се во најблиската болница и веднаш одете таму;

·        Лекување се состои од една доза на имуноглобулин за беснило и пет инјекции хумани диплоидни клетки од вакцината рабиес кои се даваат во текот на 28 дена. Можеби ќе треба да примите и инјекции за спречување на тетанус;

·        Ако ве каснало животно што би можело да има беснило, морате да примите вакцина против беснило. Можете да испробате и алтернативни начин на лекување но само како дополнување на конвенционалната медицина за да го забрзате зараснувањето на работата и да ја намалите мачнината;

·       Маслото од смирна(Commiphora molmol) има антисептичко дејство. Стручните лица за ароматерапија препорачуваат да се нанесува директно на раната за да помогне да се исчисти;

·         Со векови лекарите на кинеска медицина го употребувале коренот на азиска скутелариа (Scutelaria baicalensis) за лекување конвулзии предизвикани од беснило. Сепак во денешно време, стручното лице за кинеска медицина најпрво би Ве упатило на одделението за итна помош во најблиската болница, паоткако ќе примите вакцина, истото стручно лице би можело да Ви препорача препарат направен од лековити билки за јакнење на целиот организам;

·         Облогите од лаванда(Lavandula officinalis) може да го забрзаат зараснувањето на раната;

·         Хомеопатот може да Ви даде средство за забрзување на зараснувањето на раната. Се смета дека Echinacea го јакне имунолошкиот систем помагајќи го заздравувањето;

·         Измијте ја раната со сапун и вода, а потоа и со водород-пероксид. Забрзајте го зараснувањето на раната со примена на билни облоги и етерични масла. Исчистете го организмот со внесување големи количества сокови од овошје и зеленчук.

 

More in this category: Свинска чума »

Weather

Clear

-5°C

Skopje

Clear
Humidity: 76%
Wind: W at 3.22 km/h
Thursday
Mostly cloudy
-3°C / 1°C
Friday
Cloudy
-2°C / 1°C
Saturday
Scattered showers
0°C / 4°C
Sunday
Scattered showers
0°C / 5°C

Translator

Visitors Counter

861105
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
189
674
1475
8456
861105

Your IP: 54.82.10.219
Server Time: 2018-12-12 05:16:00
Web Analytics