Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Зошто пропаѓаат олучените цевки

Posted by  Published in: Балистика

 

Кои фактори впијаат врз корозијата на цевката...? Фразата "нагризана цевка", често се употребува и често ја слушаме. Колку пати сме имале можност да прочитаме оглас: - Продавам карабин како нов, со испукани, не повеќе од 20 куршуми, малку нагризана цевка. Поволно...

 

 

Многу убаво. Покрај поволно добиваш и "малку". Без премногу филозофирање и драматизирање, за оштетеното оружје, виновен е исклучиво сопственикот. Незнаењето, недостатокот од време или небрежноста се главни причини за пропаѓање на карабинските цевки. Едноставно, оружјето не е навремено и перманентно одржувано или третирано според постапката која е вообичаена пред и после пукање. Дури и врапците знаат дека ако цевката не се чисти, народски кажано не трае долго. Па зошто тогаш кај секој трет карабин цевката е во бедна состојба?

Општа заблуда е дека карабинот во текот на ловната сезона не треба редовно да се чисти и дека тоа не е битно. Една од теориите на заблуда е и дека после еден - единствен испукан куршум ловечката пушка не мора да се чисти. Според другата теорија, доволно е да се провлече сува или со масло натопена крпа после ипукувањето на неколку куршуми и дека тоа е перфектно. Особено надвладува мислењето дека: ако се пука секој ден чистењето нема ефект и дека постојаното користење не влијае на руинирањето на цевката.

Постојат и "стручњаци" кои тврдат дека чистењето на цевката после секоја употреба може да ја наруши прецизноста. И така во недоглед. Co редовно и правилно одржување, карабинската цевка ќе трае онолку долго колку што декларирал производителот на единица испукани куршуми. Исто така, неминовно е дека цевката се троши и дека има животен век. Значи останува да се овозможи прецизно и сигурно испукување на тие неколку илјадници куршуми пред да замине во пензија.


Во овој текст нема да се опишува начинот и методите на чистење и одржување на оштетените цевки, туку ќе се фокусираат причините кои доведуваат до нагризување, абење и пропаѓање.

 

Што се случува во цевката ?

 

Според наведеното, цевката побрзо или подоцна мора да се "потроши". Co самиот чин на испалување и проаѓање на куршумот низ цевката се случуваат појави од областа на физиката, хемијата, математиката и уште некоја наука. Тука се вкрстуваат законите на механиката, кинетиката, термоенергетиката, термодинамиката, металургијата и да не се набројува повеќе, се доаѓа до сознание дека при испукувањето се случуваат многу сложени процеси и дека тоа не е толку едноставно како што изгледа. Постојат фактори на кои може да се влијае или да се неутрализираат, а постојат и такви кои не можат да се спречат. Важно е да се знае кои фактори можат да се контролираат, ублажат или намалат. Всушност, основна е поентата да не се дозволи ерозија и нагризеност на цевката, додека абењето или трошењето е неминовност.

 

Што може да се контролира ?

 

Постојаното и правилното чистење е од пресудно значење за одржувањето и долговечноста на олучените цевки. После секоја употреба, треба што побрзо да се исчисти. И тоа темелно. Притоа треба да се користат квалитетни средства за чистење и подмачкување. Треба да се употребува шипка со адекватни додатоци, да не се прескокнува употребата на месингана четкичка која е неопходна за симнување на наслагите, особено бакарните. Треба да се внимава на "устата" на цевката и допирање на шипката по неа. Секогаш да се провлекува шипката од затворачот кон устата. Задолжителна е употребата на шипка која ротира во дршката што обезбедува правилно водење на четкичката низ каналите на цевката. Јажето како алат, треба максимално да се избегнува, затоа што може да ја изеде "устата" и да ја направи пушката непрецизна. Оружјето треба да се чисти и кога не се пука и тоа минимум еднаш во три месеци. Чистењето е пресудно за да не се добие нагризана цевка.

Треба да се води сметка каде се чува оружјето. На прв поглед неважен, но многу битен фактор. Покрај останатото, непријатели на цевката се и кондензацијата, влагата, испотените раце и агресивната прашина. Цевките се чуваат на константна температура од 16-230 ̊C без влага, кондензација и провев. He e лошо цевката постојано да биде затворена со мрсна крпа или тапа. Co тоа се спречува постојан доток на воздух кој со останатите чинители ја потпомага корозијата. Задолжително е оружјето да се чува (остава) во кожни футроли. Овие футроли се третирани со хемиска постапка и содржат агресивни состојки кои го нагризуваат металот. Значи, треба да се избегнува чување на пушките во футроли додека се чуваат дома.

He треба да се користи муниција која е поодамна лаборирана. Таа по правило е лошо кондиционирана и во барутот, капислите и зрнцата има почеток на хемиски оксидациони процеси кои ја зголемуваат ерозијата на цевката. Никогаш да не се користат куршуми со каписли со живин фулминат. Тие се среќаваат во муниција со воено потекло и ловечка муниција од постар датум. Споменатите каписли се "смрт" за цевката. Да не се користи евтина муниција и со лоши балистички перформанси. Таквата муниција по правило е направена од лоши компоненти. Чистењето и подмачкувањето да се врши со адекватни солвенти.

За конзервирање да се користат само препарати препорачани од производителот. Доколку карабинот нема да се користи подолг временски период, ни случајно не треба да се користат разни товатни или графитни масти. Тоа се производи за автомобилска, а не оружарска индустрија. Бензинот, нафтата, петролејот, WD 40, силиконските спрејови, можат да се употребуваат само како средство за перење или одмастување, а никако за чистење. Co нив нема да се оштети цевката, но оружјето нема да биде прописно чисто. Треба секогаш одделно да се користат солвентите за чистење и солвентите за подмачкување. Третманот со т.н. "волшебни водички" од типот еден препарат за се, не дава резултати. Co таа постапка оружјето станува чисто, но не и заштитено.

 

Што неможе да се контролира

 

Валкањето на цевката со барутни остатоци после испалувањето на куршумот е процес кој не може да се избегне.

Сами по себе, овие наноси не претставуват голем проблем и лесно се отстрануваат. He ce претерано агресивни и со обични раствори лесно се отстрануваат во текот на чистењето. Доколку се наталожат после голем број испукани куршуми можат да формираат карбонски наслаги, тогаш оваа појава станува опасна.

Триењето на зрното со ѕидовите на цевката е една од пропратни причини за трошење на цевката. Co лошо калибрирано зрно направено од лош материјал триењето се мултиплицира и делумно го намалува траењето на цевката, затоа треба да се користи само квалитетна муниција со точно определени дијаметри/пречници изработени по мерка на калибарот на оружјето и со кошулка изработена од квалитетен бакар.

Наслагите од бакар, месинг и олово и други состојки од кои се состои зрното се задржуваат по процепите и жлебовите на цевката. Овој процес е неминовен и настанува како директна последица од температура при експанзија на барутните гасови, притисокот во цевката, тиењето на зрното при голема брзина и квалитетот на жлебовите на цевката. Во зависност од производителот и квалитетот на оружјето, овие манифестации се повеќе или помалку изразени. Споменатите наслаги серизно влијаат врз прецизноста и долговечноста на цевките. На пазарот постојат посебни препарати со кои се отстрануваат наносите од бакар и олово при редовното чистење. Се препорачува наслагите задолжително да се отстрануваат после 30 до 50 испукани куршуми. Доколку оружјето драстично ја губи прецизноста, задолжително прво треба да се отстранат бакарните наслаги.

Најголема опасност за цевката се барутните гасови кои настануваат при испалувањето на зрното. Врелите гасови под голем притисок и голема брзина на проектилите, најмногу ја еродираат цевката. Производителите на барут се повеќе работат на производи кои не се толку агресивни и кои во допир со воздухот не создаваат премногу корозија. За жал, кислородот кој согорува во текот на испалувањето обилно помага во нагризувањето на цевката и тоа е невозможно да се спречи. На корозија особено се подложни: комората на куршумот, преодниот конус и првата третина од цевката. Од тие причини "брзите" и Магнум калибрите се познати по кусиот век на траење на цевката (во просек 2.000-3.000 парчиња). Под "брзи" калибри се подразбираат оние кои имаат мал дијаметар на зрното и почетна брзина преку 1.000 m/s. Притоа е многу битен факт дека животниот век на цевката со калибар 22-250 и88х57 нее еднаков.

Поголемиот дел податоци од овој текст на ловците им се познати. Намерата на авторот на овие редови е уште еднаш да ги потсети сите корисници на оштетени цевки -дека благовременото чистење е единствен начин оружјето да остане во кондиција подолго време. Заборавеноста или немарот може да чинат повеќе неволји и повеќе пари. Петнаесетина минути после секое пукање кое ќе се одделат за чистење ќе дадат можност за подолготрајно уживање во "љубимците". И уште еднаш, состојбата на оружјето зборува за каков ловец се работи. Ако сакате да го процените својот колега, погледнете каква му е пушката.

 

 

М-р Браца Филдахиќ

(преземено од списанието ЛОРИСТ бр.39,септември,2009.)

 

 

Weather

Mostly sunny

25°C

Skopje

Mostly sunny
Humidity: 58%
Wind: W at 6.44 km/h
Saturday
Mostly sunny
18°C / 30°C
Sunday
Partly cloudy
16°C / 31°C
Monday
Partly cloudy
16°C / 28°C
Tuesday
Partly cloudy
15°C / 30°C

Translator

Visitors Counter

778473
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
298
411
2023
10279
778473

Your IP: 54.161.49.216
Server Time: 2018-08-17 09:55:15
Web Analytics