Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Поделба на ловечкото оружје

Posted by  Published in: Балистика

  За да можеме да дадеме некои од основните ознаки на оваа навистина широка тема, прво ќе дадеме преглед на некои од основните поими кои се потребни:

Ловечко оружје е долго огнено оружје кое се набавува за лов. Како ловечко оружје се смета и краткото огнено оружје кое се користи за задавање на милосливиот истрел на дивечот. Не се смета за кратко огнено ловечко оружје она оружје кое е со помал калибар од 7,62 mm и она кое е направено за прием на набој чија кинетичка енергија е помала од 300 џули (J).

 Регистрација на оружјето претставува внесување на податоците за оружјето и власникот, односно корисникот на оружјето во службени обрасци пропишани со Законот како и со прописи донесени на основа на овој Закон со издавање на соодветна исправа (оружен лист и одобрение за поседување на оружје).

Огнено оружје се сите видови на пушки, пиштоли и револвери, како и сите видови на направи од кои со помош на потисното делување на барутните плинови, го исврлаат низ цевката зрното, куглата, сачмата, стрелката или некој друг проектил. Огненото оружје може да биде со репетирачки механизам, полуавтоматско или автоматско.

Краткото огнено оружје е оружје чија цевка не е подолга од 30 cm, а вкупната должина не преоѓа 60 cm.

Долгото огнено оружје е она чија што цевка е подолга од 30 cm, а вкупната должина не преоѓа 60 cm.

Оружјето со репетирачки механизам е она оружје кај кое после испукувањето на секој куршум потребно е рачно преку механизам да се уфрли куршум во цевката.

 Полуавтоматско оружје е она кое после испукувањето на секој куршум повторно е спремно за испукување и кај кое од цевката со еднократно притискање на орозот “обарачот“ можно да се испука само еден по еден куршум.

Автоматско оружје е оружје кај кое со едно притискање на орозот “обарачот“ можно да се испукаат повеќе куршуми.

 

Како оружје според Законот се сметаат и значајните делови на оружјето. Значајни делови на оружјето се лежиште на куршуми, цевни вметнувачи, затворач, навлака како и буренцето кај револверите.

Ловното оружје е основен алат за ловење. Според видот на муницијата тоа се дели во две групи: сачмарки и кугларки. Сачмарките се ловечки пушки за гаѓање на подвижни цели со широк сноп на сачми, воглавном ситен дивеч. Во текот на развојот на овие пушки создадени се многу системи на пушки сачмарки кои се разликуваат според бројот и положбата на цевките, положбата на механизамот за пукање и т.н. Според бројот на цевките тие се на пример: едноцевки, кои можат да бидат обични и полуавтоматски; двоцевки, кои можат да бидат со положени цевки и со цевки поставени една над друга (бокерици).

Главни делови на сачмарките се: цевки, глава, кундак и подкундак. Цевките се изработуваат од квалитетен челик и на нив разликуваме лежиште за куршум, конусен премин и цевка. Лежиштето за куршумот се изработува во неколку должини, но најчесто во 65, 70 и 76 mm, така што во сачмарките со должина на лежиштето од 65 mm не смеат да се употребуваат куршуми подолги од 65 mm. Цевката од внатрешната страна е потполно мазна и полирана. Таа може да биде со иста ширина од конусниот премин па се до устата на цевката или со стеснување кај устата на цевката (чокирана).


 

Weather

Mostly sunny

8°C

Skopje

Mostly sunny
Humidity: 92%
Wind: SE at 6.44 km/h
Thursday
Sunny
8°C / 23°C
Friday
Mostly sunny
10°C / 24°C
Saturday
Partly cloudy
8°C / 22°C
Sunday
Mostly cloudy
8°C / 18°C

Translator

Visitors Counter

818277
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
190
586
1299
9116
818277

Your IP: 54.166.130.157
Server Time: 2018-10-17 07:08:29
Web Analytics