Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Развој на ловечките пушки

Posted by  Published in: Балистика

 

Со развитокот на огненото оружје низ историјата и ловечкото оружје го поминало патот од пушка со фитил (фитиљача) преку пушката колашица (радшлос систем), кремењача и капислари, за во периодот од средината на 19 век и во првите години на 20 век да го достигне својот конечен облик и изглед кој само незначително се менувал до денес.

 

 

 

механизам за опалување

кај пушката фитињача

 пушка колашица

(радшлос систем)

 

 пушка кремењача

 

 пушка капислара

 

 

Пронаоѓањето на соединетиот куршум (каписла, барут и кугла или сачма заедно во чаура) во првата половина на 19 век овозможил брз развој на различни конструкции на ловечките пушки кои се полнеле од задната страна на цевката, во прв ред кај “преламачите“ и пушките со блок и цилиндрично чепен затварач, а потоа и кај репетирките и полуавтоматските пушки.

 Како прв конструктор на соединетиот куршум чија бакарна чаура имала каписла, барут и кугла се смета швајцарецот Johannes S. Pauly кој во 1812 година го заштитил својот патент во Париз, а овој куршум се испукувал од пиштолите и пушките со фиксирани цевки и блок затворачи, кој се отворал со подигање на задниот дел нагоре (како што се гледа на сликата).

 

 Двоцевка Pauli, 1812

 

Французинот Casimir Lefaucheux (Лефоше) во 1832 година ја патентирал преламачата која се отворала со помрднување на полугата под подкундакот и се полнела со метак кај кој иницијалната каписла била во задниот внатрешен дел на чаурата заедно со ударната игла која излегувала странично од метакот. Чаурата била од хартиена лепенка со бакарно дно.

 

 

 

 Lefaucheux (Лефоше) пушка

 Пресек на Лефошеовиот куршум

со иглица која удира во капислата

и која е составен дел од куршумот

 

Пушките со Lefaucheux конструкција имале само ударачи, бидејќи секој куршум имал своја ударна игла која под дејство на ударачот (орозот) ја активирала капислата и предизвикувала активирање на куршумот. Овој систем на оружје и муниција и покрај тоа што чаурата била за еднократна употреба се одржал доста долго време, скоро до 2 светска војна. Покрај за сачмарка, куршуми од овој тип се работени и за системот на куглари.

 

А) кугла

В) барут

С) каписла

 

 Lefaucheux куршум за куглари

 

Германецот Johann Nikolaus von Dreyse во периодот од 1836-1840 год. изработил пушка со цилиндричен “обртно-чепен“ затварач, која се смета како претходник на денешните ловечки карабини. Куршумот имал хартиена обвивка кај кој на врвот се наоѓала кугла, потоа картонски чеп со каписла, а позади тоа барут така што долгата ударна игла при секое активирање прво го пробивала целото барутно полнење, а потоа ја удирала капислата и го активирала куршумот.

На сликата се гледа затварач и куршум од Dreyse конструкција:

 

1) барут;

2) каписла;

3) чеп;

4) кугла;

5) хартиена обвивка. 

 

 

Французинот Luis Flobert во 1845 год. патентирал куршум со ивично палење со калибар 5,6 mm. Куршумот се состоел од бакарна чаура во чиј долен дел т.н. ивица, била сместена иницијалната смеса. Куршумот бил осетлив на удар по целиот обод, така што ударачот или ударната игла морала да удри во ивицата на чаурата па муницијата од овој од овој систем е наречена “муниција со ивично палење“. Куршумот брзо е усовршуван со додавање на барутно полнење и со зголемување на калибарот така што во 1860 год. овозможил појава на првите поуспешни пушки репетирки со систем Spenser и Henry кои се репетирале со со придвижување на продолжениот штитник на обарачот (level action).

 

 

А - оловно зрно;

В - барут (црн);

С - иницијална смеса.

 Куршум Flobert  

 

 Куршум 44 Henry

 

       

 

Куршумот со централно палење за пушки сачмарки го конструирал Pottet во 1855 год. и за многу кратко време преку Англија се раширил во останатите земји. Овој куршум со незначителни измени и усовршувања се употребува и денаска.

 

 

 Куршумот на Pottet за сачмарки

 

 Чаури со централно палење за сачмарки и Lefaucheux систем

 

Кај куршумите за куглари капислата е поставена на разни начини во внатрешноста на средината на “данцето“ на чаурата така што постојат поголем број на различни конструкции на куршуми со централно палење без видлива каписла.

 

 Разни обиди да се постави каписла на дното на чаурата

 

Проблемито околу доброто зацвртување на капислата во внатрешноста на чаурата и создавање доволно цврсто “наковање“ за сигурно активирање на иницијалната смеса и куршум довеле до конструкција на метална чаура кај која “наковањот“ е изработен како составен дел на дното од чаурата, а капислата се поставува од надворешната страна. Куршумот со вакво централно палење го конструирал американецот Hiram Berdan во 1965-1966 год. Една годона подоцна 1867 год. англичанецот Edward Boxer конструирал метален куршум со централно палење кај кој “наковањот“ е составен дел од капислата.

Слика на метален куршум со централно палење:

 

А - кугла;

В - барут;

С - каписла.

 

 

Слика на Boxer и Berdan каписла:

 

1 - барут;

2 - канал за поминување на пламенот;

3 - наковална;

4 - иницијална смеса.

 Каписла Boxer

 Каписла Berdan

 

Пронаоѓањето на куршумот со централно палење довело до брз развој на пушките преломачи. Се подобрyваат механизмите за прекршување и “брављење“ на цевките па така со понатамошен развој на системот “Lefoshe” во 1859 год. англичанецот T. Jones го патентира “Т“ клучот кој се активира со поместување на полугата “рачката“ која се наоѓа под штитникот на обарачот, како што се гледа на сликата.

 

 

 “Т“ клуч со бравлење

 

Во 1863 год. Purdey го патентира “брављење“ на цевките со двострук долен клуч кој го блокира двозаба плоча,  аракувањето со механизмот се врши преку горна полуга (рачка) на врвот на баскулата “top lever“  која прва ја употребила фирмата Westley Richards. Две години покасно во 1865 год. фирмата Greener комбинирајќи ги долните двоструки клучеви Purdey со горен клуч изработен во продолжетокот на шината кој се блокира со страничен клин, го конструира познатиот трострук затварач Greener.

 

 

 Purdey клуч

 Greener клуч

 

Првите преламачи имале ударен механизам наследен од старите пушки со надворешни “ударачи“ но веќе од 1871 год. се појавува првата позначајна пушка со внатрешни “удирачи“ од типот Murcott.

 

 

 Пушка со надворешни удирачи (орозара)    

       Murcott 1871 год.        

 

Во 1875 год. фирмата Westley Richards го патентира внатрешниот ударен механизам “Anson - Deeley“, после што започнува помасовна изработка на преламачите со внатрешни “скриени“ “ударачи“ кои во ловечките кругови се познати под името “хамерлес (Hammerless)“.

 

 

 Пушка во која за прв пат во 1875 г. биле употребени удирачите Anson - Deeley

 

Набрзо започнува изработка на пушки со внатрешен ударен механизам на страничните плочи познат под името “Holand - Holand“ по истоимената фирма која што ги патентирала, а се појавуваат и Blitz системите со ударен механизам сместен на долната плоча од бускулата која ги носи обарачите.

 

 

 Ударен механизам Holand - Holand          

 Ударен механизам Blitz       

 


Weather

Scattered showers

26°C

Skopje

Scattered showers
Humidity: 54%
Wind: W at 22.53 km/h
Tuesday
Thunderstorms
17°C / 26°C
Wednesday
Partly cloudy
13°C / 27°C
Thursday
Partly cloudy
14°C / 27°C
Friday
Rain
13°C / 27°C

Translator

Visitors Counter

741629
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
651
673
5136
11615
741629

Your IP: 54.81.112.7
Server Time: 2018-06-18 15:41:27
Web Analytics