Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Набавка на ловечко оружје

Posted by  Published in: Балистика

Во Република Македонија процедирата за набавка на ловечко оружје е регулирана со Законот за оружје донесен во 2005 година, кој до сега има претпрпено 10 измени и дополнувања. Со него се дефинирани термините поврзани во врска со оружјето, видовите оружје, неговите делови, процедурите за набавка на оружје и сл.

Согласно овој Закон, набавка на ловечко оружје, делови на оружјето или муниција може да се изврши само врз основа на одобрение за набавување на оружје, одобрение за набавување на делови на оружје или одобрение за набавување на муниција, кои важат шест месеци од денот на издавањето на одобрението.

 
 

Категорија на оружје кое ловџиите можат да го набават

 

Ловџиите во зависност од видот на дивеч што сакаат да го ловат треба да поднесат барање за набавка на оружје од Б или Ц категорија, односно:

 

Категорија Б-оружје што може да се набавува врз основа на одобрение:

1) полуавтоматско или репетирачко кусо огнено оружје;

2) еднострелно кусо огнено оружје, со централно палење;

3) еднострелно кусо огнено оружје, со рабно палење со вкупна должина помала од 28 см;

4) полуавтоматско долго огнено оружје, со магацин и лежиште на куршуми кои можат да примат повеќе од три куршума;

5) полуавтоматско долго огнено оружје, со магацин и лежиште на куршуми, кои можат да примат до три куршуми и чиј полнач се менува, односно ова оружје може да се преправи, со помош на вообичаен алат, по што магацинот и лежиштето на куршумите можат да примат повеќе од три куршуми;

6) репетирачко и полуавтоматско долго огнено оружје, со нежлебена цевка со должина до 60 см и

7) полуавтоматско долго огнено оружје, за цивилна намена, што наликува на автоматското огнено оружје.

 

Категорија Ц- оружје што може да се набавува врз основа на одобрение издадено под олеснителни услови: тука спаѓаат

1) репетирачко долго огнено оружје, што не е опфатено со точката 6 од категоријата Б;

2) еднострелно долго огнено оружје со жлебена цевка; 

3) полуавтоматско долго огнено оружје, што не е опфатено со точките 4, 5, 6 и 7 од категоријата Б;  

4) еднострелно кусо огнено оружје со рабно палење со вкупна должина поголема или еднаква на 28 см;

5) еднострелно долго огнено оружје со нежлебени цевки;

6) адаптери;

7) пневматско оружје со кинетичка енергија од 10,5 Ј или повеќе или со брзина на проектил 200 м/с или поголема и калибар поголем од 4.5 мм;

8) оружје за светлосно-звучна сигнализација и

9) оружје со тетива со јачина на натегнување на тетивата над 45 килограми.

 

Начин на издавање одобрение за набавување на оружје на физичко лице

 

Одобрение за набавување на оружје на физичко лице се издава врз основа на претходно поднесено писмено лично барање за издавање одобрение за набавување на оружје, ако физичкото лице ги исполнува следниве услови:

1) има наполнето 18 години живот;

2) не му е одземена или ограничена деловната способност;

3) здравствено е способно да поседува и носи оружје;

- здравствената способност за поседување и носење на оружје се утврдува со лекарски преглед и се докажува со лекарско уверение кое не може да биде постаро од една година.

4) не претставува опасност за јавниот ред;

5) има оправдана причина за набавување на оружје;

- физичкото лице има оправдана причина за набавување на оружје, ако докаже дека постојат оправдани причини за поседување на оружје, односно помеѓу другото потребно е да биде активен член на ловечко или стрелачко друштво и да има потврда за положен ловечки испит, односно потврда дека е активен член на стрелачко друштво.

6) располага со техничко знаење за правилна употреба, чување и одржување на оружјето и познавање на прописите за оружје и

- исполнетоста на условот дека располага со техничко знаење за правилна употреба, чување и одржување на оружјето и познавање на прописите за оружје, се проверува со полагање на стручен испит. Пред спроведување на стручниот испит физичките лица баратели на одобрение за набавување на оружје практично се оспособуваат за ракување со оружјето од страна на овластено правно лице.

7) има живеалиште на територијата на Република Македонија со важечка лична карта, а доколку е странец да има одобрен постојан престој на територијата на Република Македонија, со важечка лична карта за странец, освен ако со ратификуван меѓународен договор поинаку не е определено.

 

Што откако ќе се добие одобрение за набавување на оружје

 

Откако ќе ги помине сите процедури, физичкото или правното лице на кое му е издадено одобрение за набавување на оружје, е должно во рок од осум дена од денот на извршената набавка на оружјето да поднесе барање за регистрирање на оружјето и издавање дозвола за оружје, за физичко лице, односно дозвола за поседување на оружје, за правно лице до надлежниот орган. Трговските друштва што вршат промет со оружје се должни во рок од пет дена од денот на извршената набавка на оружјето да достават известување до надлежниот орган со податоци за физичкото, односно правното лице кое го набавило оружјето и податоци за оружјето (вид, марка, калибар и фабрички број на оружјето) заради вршење на пробни испукувања.

 

Пробните испукувања на оружјето ги вршат комисии на надлежниот орган со две парчиња муниција соодветни за видот на оружје.

За оружјето кое е набавено врз основа на одобрение, на физичкото лице му се издава дозвола за оружје, а на правното лице дозвола за поседување на оружје. За исто ловечко оружје може да се издаде дозвола за оружје најмногу на три лица (сокорисници на оружјето), кои се членови на едно исто семејство.

Дозволата за оружје се издава со рок на важење од десет години, а на лица постари од 65 години живот со рок на важење од пет години. Дозволата за оружје може да биде продолжена по писмено барање на имателот, поднесено до надлежниот орган најдоцна два месеца пред истекот на рокот на нејзиното важење.

Корисниците на дивечот на ловишта ловечкото оружје за кое поседуваат дозвола можат да го доверат на активен член на ловечко друштво кој поседува дозвола за таков вид оружје, за еднодневен лов на подрачјето на ловиштето, за што му издаваат потврда.

Сопственикот или корисникот на оружје е должен оружјето да го одржува во исправна состојба, внимателно со него да ракува и да го чува на начин што ќе оневозможи пристап на неовластени лица.

 

Дозволена количина на куршуми за набавка и поседување

 

Физичко лице може да набавува и поседува муниција за оружје со жлебени цевки најмногу до 200 куршуми во текот на календарската година, освен ако докаже дека постојат оправдани причини за набавување и поседување на поголема количина на муниција од пропишаната во текот на календарската година, односно ако докаже дека учествува во лов, стрелаштво или слично.

Физичкото лице може да набавува и поседува муниција за оружје со нежлебени цевки и пневматско оружје без ограничување на количината на муницијата.

 

Weather

Mostly cloudy

20°C

Skopje

Mostly cloudy
Humidity: 54%
Wind: ESE at 11.27 km/h
Tuesday
Showers
14°C / 21°C
Wednesday
Scattered showers
13°C / 20°C
Thursday
Rain
13°C / 22°C
Friday
Partly cloudy
12°C / 24°C

Translator

Visitors Counter

747076
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
195
654
6098
17062
747076

Your IP: 54.80.198.173
Server Time: 2018-06-25 09:49:26
Web Analytics