Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Одржување и чување на оружјето

Posted by  Published in: Балистика

Во денешно време употребата на бездимен барут и запаливи смеси на база на оловни соединенија, кои помалку ја нагризуваат цевката, го олеснуваат одржување на пушките. Редовното одржување на пушката го продолжува векот на траење и ја намалува можноста за расипување и пореметување на балистичките својства и создава убав впечаток за нејзиниот сопственик. Со малку грижа, голем број пушки лесно можат да го надживеат нивниот сопственик.

Негативното дејство на пушката со тек на време се одразува во механичка и хемиска смисла, при штопосебна опасност претставува корозијата. За да се спречи корозивното дејство на пушката, после секое користење пушката треба да се исчисти, исуши и да се нанесе тенок слој на масло за подмачкување. Оваа постапка потребно е да се спроведува и кога од пушката не е пукано.

Како дел од приборот за чистење на пушката се наоѓаат стап и четка за чистење на цевката. Со помош на четката најпрво се отстрануваат грубите честички. Потоа, со помош на стап и крпа се нанесува масло за чистење и се остава малку да постои, после што следи добро чистење со крпа и најпосле се нанесува тенок слој на масло за подмачкување.

При користење на овие масла треба добро да се прочита упатството. Имено, некои масла за чистење треба да се нанесуваат со влажни крпи. Вишокот на масло за подмачкување им штети на дрвените делови, бидејќи повеќе собира прашина и може да се стврдне со штоќе пречи во правилната работа на затворачот и механизмот за повлекување.

За ралика од металните делови, дрвените делови треба да се негуваат со силиконски или ленени масла, или пак со препарати со восок за нега на собен мебел.

Освен одржувањето, важно е и чувањето на оружјето. Должност и обврска на секој сопственик на оружјето покрај грижата за него е и правилното складирањето на сигурно место и подалеку од дофатот на децата. За оваа намена постојат посебни дрвени или метални ормари кои имаат брава за заклучување. Во нив оружјето потребно е да се чува неоптегнато, одвоено од муницијата и заклучено. Најсоодветно е тоа да се чува наместено во хоризонтална положба со цевката лесно свртено према долу. Ваквата положба на складираното оружје оневозможува маслото да се слева кон зтворачот и механизмот за повлекување.

При чувањето на оружјето, цевките во никој случај не смеат да бидат затнати, за да може воздухот слободно да циркулира и да го спречува оросувањето на цевката, а со тоа и нивна корозија. За превенција од појава на корозија исто така пожелно е оружјето да се чува во простории со минимални температурни варијации.

Освен чувањето во посебен ормар под клуч, постојат и брави за орозите со кои може да се заклучи и самиот ороз. Сите овие мерки на претпазливост при чувањето и складирањето на оружјето особено се потребни ако во близина има деца, за да се избегнат евенуални несреќни случаи.

 

Weather

Mostly cloudy

20°C

Skopje

Mostly cloudy
Humidity: 54%
Wind: ESE at 11.27 km/h
Tuesday
Showers
14°C / 21°C
Wednesday
Scattered showers
13°C / 20°C
Thursday
Rain
13°C / 22°C
Friday
Partly cloudy
12°C / 24°C

Translator

Visitors Counter

747075
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
194
654
6097
17061
747075

Your IP: 54.80.198.173
Server Time: 2018-06-25 09:49:08
Web Analytics