Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Како да се сочува ударната игла

Posted by  Published in: Балистика

 

Колку истрели може да издржи просечната ловечка пушка и како ловџијата може да и го продолжи работниот век ? На овие две прашања веројатно има одговори колку и ловџии. Да бидеме релни, солидна сачмарка или карабин без проблеми може да издржи еден цел ловечки век, а ако сопственикот грижливо ја одржува и значително подолго. Сепак во праксата, се разбира се е релативно од случај до случај.

Треба да се избегнува повлекување (окинување) во празно. По завршетокот на ловот, кога имаме намера да го сместиме во автомобилот или во домот во витрината за оружје, мора да го испразниме оружјето. За непотребно да не слабеат и со време да не откажат, опругите на ударниот механизам мора да бидат опуштени. Притоа, прво што треба да направиме е оружјето да го насочиме во безбедна насока, воглавном кон подот или во воздух (нагоре), и уште еднаш да провериме дали лежиштето на патронот е празно. После тоа многу лесно ќе ја отпуштиме опругата на ударниот механизам без непотребното шкрапање, кое при ударот во празно со тек на време може силно да ја оштети ударната игла, дури и да предизвика нејзино кршење.

 

Сачма (бокерица или положара)

Откако пушката че се преклопи и откочи, со десната рака се држи вратот на кундакот и со прстите се притискаат орозите до крајот. Со левата рака лесно се затвора пушката. Додека пушката се затвораме, со десниот палец се придржува задниот дел на затворачот, за тој лесно и нежно да го изврши заклучувањето. Во тој момент опругите на ударните игли се опуштени и дури после повторното преклопување на пушката ќе се доведат во фаза на оптегнатост.

 

Карабин

Затворачот е во повратна (отворена) положба, значи рачката е подигната нагоре. Со десната рака се држи вратот на кундакот и со прстот се притиска орозот до крајот. Со левата рака рачката се турка напред до крајот и постепено се спушта надоле. После ова федерот на ударната игла на карабинот е опуштен и може да се биде сигурен дека е направена една многу корисна работа за оружје.

 

Пуфер патрони

Голем број на производители на ловечко оружје во светот, прават пушки кои при прекршувањето автоматски се закочуваат. Кога се прекршени тие не можат да се откочат ниту со нив може да се изврши повлекување. Такви се на пример пушките на германскиот производител Merkel Suhl или ZH чешки комбинирани пушки. Решение за таквите пушки се т.н. “пуфер патрони“. Тоа се пластични или алуминиумски чаури кои имаат каписла која е полна месингена или од тврда гума, под која се наоѓа набиена опруга. Пуфер патроните при ударот на ударната игла едноставно го амортизираат нејзиниот удар. Тие се идеална заштита на ударната игла при оптегнување и истовремено одлична можност за интензивно “суво“ вежбање на спортсо стрелање. Тие патрони се изработуваат во сите значителни калибри и цената им е мошне поволна, околу 5-6 евра по парче.

 

Пуфер патрони


Најновиот хит производ во светот на пуфер патрони е JUROPAC – овиот пуфер со интегрирана заштита од корозија. Практично со минимален труд тој одлично ја заштитува цевката одвнатре. Од него, по отстранување на чепот постепено испарува нетоксична хемијска супстанца, при што се создава многу тенок заштитен филм кој цевката одвнатре ефикасно ја штити од корозија. Делува околу 12 месеци. Ова е тестирано од водечките производители на оружје при што се добиени одлични резултати. Неговата цена исто така е околу 6 евра. Овие патрони се произведуваат и за сите видови на пиштолски и револверски калибри.   

 

Штетна и грда навика

Повлекување на празно или т.н. чкрапање, е штетна и грда навика. За оружје чија конструкција не дозволува отпуштање на ударниот механизам на претходно опишаниот начин (на пример, полуавтоматски сачмарки или полуавтоматски карабини) се употребуваат пуфер патрони. При тоа треба да се има во предвид дека и тие се потрошен материјал па со тек на време треба да се заменат.

Оружјето е “алат“ на ловџиите. Секој вистински мајстор се грижи за својот алат, а сите заедно треба да се стремиме кон подобрување на културата при ракување со оружјето.

Накратко, за пушката на ловџијата да му служи долго и добро, тој мора да почитува три правила. Прво, таа редовно мора да се чисти и подмачкува. Второ, од неа треба да се истрелува муниција полнета со сачма со нормално и соодветно полнење. Сачменото полнење во никој случај не смее да биде поголемо од дозволеното, значи она кое производителот го предвидел и за него издал атест за сигурност. Трето, по можност да се користи муниција од афирмирани производители и со оптимални карактеристики, бидејќи ефтината муниција на ловџијата не му гарантира негова безбедност ниту успех на погодокот.

 

Weather

Mostly sunny

10°C

Skopje

Mostly sunny
Humidity: 95%
Wind: N at 6.44 km/h
Thursday
Sunny
8°C / 23°C
Friday
Mostly sunny
10°C / 24°C
Saturday
Partly cloudy
8°C / 22°C
Sunday
Mostly cloudy
8°C / 18°C

Translator

Visitors Counter

818406
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
319
586
1428
9245
818406

Your IP: 54.166.130.157
Server Time: 2018-10-17 08:37:16
Web Analytics