Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Корозија, заштита и чистење на цевките од оружјето

Posted by  Published in: Балистика

Крајот на сезоната на лов е вистинско времедетално да го прегледаме своето ловечко оружје. Деталното раздвојување на металните од дрвните делови што е задолжителна постапка при чистењето на оружјето, треба да почне во целосна атмосвера на тишина и трпение. Механичките оштетувања и ситните дефекти се нормална работа, лесно се забележителни и едноставно го тераат сопственикот на оружјето брзо да интеренира, меѓутоа тивкиот прикриен непријател на нешто оружје, корозијата, стрпливо чека да и се заврти грбот па да почне со гозбата. Користењето на оружјето воедно значи трајна изложеност на многубројни хемиски агенси од непосредната околина и воздух кој предизвикува корозија на челикот. Во учебниците често се пронаоѓа изразот железо одколку челик, па своите челици ќе ги третираме како да немаат оплеменувачи и ќе ја опишеме корозијата која е карактеристична за Fe (ferum – железо).


Како настанува корозијата

Постанокот на корозијата воглавном се поврзува со директното влијание на некој корозивен агенс на незаштитениот челик. По враќањето во домот, воглавном денесуваме механички нечистотии кои се настанати како продукт на горењето на барутните гасови, честички прашина и неизоставниот слој на бакарни наслаги во цевките на ловечлките карабини. Освен со нечистотии, оружјето сигурно ќе биде нападнато со влијанието на атмосверската корозија, водата и уште по некој агенс со киселинска pH реакција со која несвесно сме го контаминиале челикот. Човечката пот содржи хлориди од соли, како и сите видови на овошни киселини, туршии, салати и акумулатори. Се сеќавам на приказната за ловечкото куче кое во багашникот повратило врз ловечката пушка, резултатот бил катастрофален, а поуката ни кажува дека на еден од тие двајца внатре не му било местото.  

Во зависност од должината на влијанието на корозивните соединенија на челик и нивната аграсивност, пред или покасно ќе дојде до создавање на корозија. После секое пукање од изжлебени цевки во нив ќе останат продукти на согорувањето на иницијалната каписла, согорувањето на барутот, односно азотните соединенија и остатоци на бакарната кошулица на проектилот.

Ова се причинителите на корозијата, па првенствено ќе се посветиме на начинот на делување на поединечни супстанци и нивното комбинирано влијание врз челикот. Иницијалната каписла содржи бризантен експлозив, навистина кој не е агресивен и отпорен како претходната иницијална смеса, но сепак има одредени продукти кои му штетат на челикот. Нитроцелулозните барути се настанати со нитрување на целулозата, а со горење остава продукти кои имаат афинитет со вода да градат кисели соединенија. Бакарната кошулица тука е интересна од аспект на феноменологијата но и тука може да се кријат мали непријатности.

 

Корозија на ловечка пушка

Со согорувањето на барутите, дел од несогорените честички се задржуваат во внатрешноста на цевката. Во услови на нормален атмосверски притисок, влага и надворешна температура на воздухот, создадениот талог под влијание на хемиските реакции ќе почне да го менува својот состав и ќе создава благо кисели карбонски и азотни соединенија. Киселините кои настануваат ќе реагираат со челикот и тогаш неминовно ќе отпочне процесот на корозија. Секој следен истрел  ќе ги инкорпорира веќе постоечките процеси и присуство на честички. Со зголемувањето на температурата и притисокот иако краткотрајно, ќе се зголемат ефектите на нагризување. Бакарот што се таложи ќе се “протектува“ за челикот, а присуството на нечистотии само дополнително ќе биде зацврстено со бакарниот слој. Бакарот сам по себе не е корозивен и нема нагризувачки својства. Тука проблемот е во различните електрични потенцијали помеѓу два метали. Неминовно ќе започне создавање на галвански струји, кои ќе го започнат процесот на разградување на бакарот, бакарот ќе гради оксиди и соли, а сето тоа заедно ќе предизвика прогресивна корозија на челикот.

Талозите на продуктите на согорувањето имаат одреден вискозитет кој покрај присуството на атмосверската влага е поизразен. На лепливата површина ќе се таложи прашина и ќе кумува на создавање дебел слој на нечистотии во цевката. Нечистотиите по правило се хигроскопни, дополнително ќе собираат атмосверска влага, водата ќе испровоцира настанување на карбонски и азотни киселини и тука веќе работата е критична.

Ефектите кои провоцираат или предизвикуваат корозија во секој случај се комплексни електрохемиски процеси за кои треба да знаеме барем онолку колку е тука напишано.

 

Заштита

Корозивите агенси кои предизвикуваат корозија можеме да ги поделиме на активатори на процесите на оксидација и оксиданси. Средствата односно соединенијата кои ја успоруваат корозијата или привремено одржуваат некои неутрално соединенија се инхибитори. Хемиските соединенија кои влијаат на електропотенцијалот на челикот се ресивизатори и можат да предизвикаат ефекти на привремена антикорозивна заштита. Заштитните средства можат да бидат оксидни, мателни талози, специјални бои и пластификација.

Најдобар начин на заштита на челикот од корозија е констатно спроведување на мерки со кои ќе се спречува создавање на оксиди на челик. На прво место е соодветно складирање кое треба да штити од нагли промени на температура, прашина, влага и непрописно ракување. Најдобри сенаменските заштитни ормани со соодветни прегради за оружје и муниција. После пукањето ловците би морале веднаш да ја обложат цевката со заштитно масло. Овие постапки се превентивни мерки и се дел од културата на поседување огнено оружје.

Талозите кои се останати во цевките можат да се отстранат со концетриран детергент за миење садови. Карактеристика на повеќето детергенти е базичната реакција што допринесува за намалување на факторот на киселост. Детергентите секако дека се добри одмастувачи, така што евентуалните масти ќе ги претвори во сапуни и колоидни соединенија кои не се предизвикувачи на корозија. Доволно е при враќањето во домот, со цврста чистилица и благо натопена крпа во течен концетрат, добро да ја очистиме цевката и потоа да ја исушиме со сува крпа.

Русите во своите упатства за одржување на оружјето редовно го споменувале перењето на цевките со шампон за оружје. Кај нас на пазарот, тешко дека може да се најде некое слично средство за чистење на цевките од оружјето.

После чистењето на цевките со средство за перење цевки кои ги споменуваме како начин и можност за одржување на оружјето, потребно е физички да се отстранат заостанатите нечистотии. Чистилицата за цевките е добро решение и доколку некоја доволно груба ткаенина спирално и цврсто е намотана на неа, во потполност ќе ги отстрани заостанатите точки и забутани нечистотии во жлебовите на цевките. Најдобро средство за вакво чистење е водоинсталатерскиот коноп.

Отстранувањето на финиот талог на бакар може без грешка или нервози околу оваа појава, да се изведе со механичко отстранување со груба ткаенина, односно неизбежен цврст и сув пуцвал. Бакарот може на извесен начин да се третира и како посакувана појава во цевките, бидејќи има добри лизгачки својства и го смалува триењето помеѓу внатрешноста на цевката и проектолит, а со самото тоа и ерозија на цевката.

 

Robla Solo

Ако сепак сме одлучиле да прекинеме со гаѓање некој период кој е подолг од десетина денови, ќе се послужиме со амониум хидроксид кој со присуство на кислород ги топи помалите наслаги на бакар. Резултат на ова е благо плава крпа од настанатиот бакарен сулфат и чиста цевка како нова. Во досегашната литература се споменува амонијакот како средство за чистење. Ред е да се разјаснат некои досегашни заблуди и погрешни толкувања. Амонијакот е гас чија хемијска формула еNH3 и како таков не е средство за чистење. Формулата на амонијумхидроксидот е NH4OH од што се гледа дека му припаѓа на базните соединенија. Базните соединенија се инхибитори на корозијата и не предизвикуваат оксидација на челикот. Пред користење на средствата кои можат да се купат под фабричко име Robla Solo, треба да се запрашаме дали нашата цевка воопшто имала моќност да се бакаризира. Да се зборува за бакар, а да не се испукуваат по неколку стотини куршуми, навистина нема некоја посериозна потреба.

 Со оглед на тоа што од цевката сме ги отстраниле хемијските и механичките нечистотии, ни останува да побараме некаков прирачник во кој се спомнуваат инхибиторите на корозија. Таму ќе најдеме повеќе предложени начини и соединенија кои создаваат привремени заштитни ефенти. Треба да имаме во предвид дека премачкување на цевките со непроверени средства, може негативно да се одрази по долготрајноста на цевката. Ако инхибиторот направи заштитен слој, тоа е промена на површината на структурата на челикот, следниот истрел ќе ја отстрани оваа превлака и така ќе отпочне ерозија на цевката без корорзија.

Маслата за одржување на оружјето не се исти како останатите мазива. Маслата кои ние ги користиме имаат племенити инхибитори кои не се соединуваат со челикот, туку исклучително учествуваат како единствено хемијско механичко средство за заштита на челикот. Маханичките заштитни својства се исполнети така што маслото создава фин слој и физички го одвојува металот од воздухот, а хемијските инхибирачки својства се однесуваат на делување на хемијските средства за заштита на челикот. Чистењето со масло не е исто што и подмачкување на подолг период и конзервација.

Густите маслениконзервациони премази може да се нанесат дури тогаш кога ќе се увериме дека оружјето е беспрекорно чисто. Доколку се одлучиме да само превентивно го подмачкаме оружјето со некое силно масло, ќе мораме за најмногу ден-два да го довршиме чистењето и да го подмачкаме со масло со онаа густина која може да ни го обезбеди саканото време за заштита на оружјето. Квалитетното складирање го продолжува времето на заштита.

За да нема забуна и предрасуди, сите масла за оружје се добри, а нивната густина го одредува декласираниот рок на заштита.

 

Чистење

На пазарот може да се најде добра понуда на прибор за чистење на оружје, а не е страшно да се купи и месингана електрода за автогено заварување и да се нареже навој кој ја прима чистилицата, па тогаш на неа фино дасе невлече црево од инфузија.

Оловото навистина лесно се отстранува со жица од приборот за чистење на ловечките пушки. Единствено што е потребно е редовно користење на оваа чистилица и тоа во комбинација на ротирање и праволиниско стругање на оловото со доволна количинана масло за чистење.

Воздушното оружје користи парафинирани проектили како и спортското малокалибарско оружје, но ако навистина запне, повторно водоинсталатерски коноп и редовно одржување. Во приборот за чистење на карабините, односно малокалибарските пушки, го има потребниот прибор за отстранување на олово па треба само да се користи.

 

Прибор за чистење на пушките

Силно запушените цевки на сачмарките, на кои е има вековен слој на олово можат да се дотераат со чистилица која се прави со намотување на бакарна жица од каблови од кои е извадена изолацијата. На приборот се намотува крпа и потоа спирално се струга талогот. Малку стрпливост, внимание и тоа е тоа.

Цевките со хромирана душа се поотпорни на корозија, но тоа никако не значи дека не треба да се чистат. За разлика од челикот кој на кој му штети киселината, хромот е осетлив на базите. Доколку се наталожи поголем слој на нечистотии, треба да се примени постапката на испирање со детергент, одмастување, а потоа бакарна или месингана жица и за крај масло.

Секое чистење морада биде детално и на крај завршуваме со меки и чисти памучнни крпи. Чистата крпа е најдобра контрола на чистотата. При намотување на крпата потребно е да се одреди големината на крпата. Мала крпа не чисти како што треба, а големата се заглавува. Оваа постапка можеда се изведе и со јаже за чистење цевки.

Мастите во цевката најдобро се внесуваат како топли, односно течни. Во цевка која е загреана со фен одозгора треба да се сипе течна маст и со прст да се затвори излезот на цевката. Кога цевката е полна, треба да се сочека некое време маста да слегне и излезат меурчињата, а потоа вишокот маст да се врати во пакувањето. Ваквата конзервација може да ја сочува цевката до наредната сезона. За цевките на ловечките пушки, се знае, четкичка и прво ротирање на праволиниско развлекување на мазивото со соодветна ретка четка.

 

Превземено од : www.zrno.ba

 

 

Weather

Sunny

18°C

Skopje

Sunny
Humidity: 55%
Wind: E at 6.44 km/h
Friday
Partly cloudy
13°C / 26°C
Saturday
Rain
13°C / 26°C
Sunday
Partly cloudy
14°C / 27°C
Monday
Partly cloudy
13°C / 28°C

Translator

Visitors Counter

699449
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
218
347
1816
16993
699449

Your IP: 54.81.116.187
Server Time: 2018-04-26 09:31:26
Web Analytics