Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Ловечки пушки комбинирки

Posted by  Published in: Балистика

Искуствата на голем број ловци говорат за практичноста на ловечките пушки со комбинирани цевки. Комбинираното оружје е многу практично и корисно, особено кога истовремено се лови крупен и ситен дивеч. Ловецот во секој момент е во можност да лови ситен дивеч со сачма, а крупен дивеч со карабинско зрно.

Со комбинираното оружје добро се гаѓа и погодува, бидејќи ловецот со подолго користење на еден кундак подобро се навикнува на пушката. Голема предност на ова оружје дава и можноста за монтирање на оптички нишани, кога добиваме и многу доверлив карабин за пукање од чеки.

При ловот на крупен дивеч (дива свиња), ловецот може уште при првиот истрел, т.е. од поблиску да ја користи сачмената цевка, пукајќи од неа со бренекеова или некоја друга кугла.

Комбинираното оружје го делиме според бројот на цевки на: двоцевно, троцевно и четвороцевно.

Од комбинираното оружје, најчесто се користи цевка со една сачма и една изжлебана цевка, а на ловците им е најомилена онаа со три цевки, која за жал, поради високата цена на многу ловци им е недостапна.

Ловечките пушки со комбинирани цевки функционираат на следниов начин: на едната глава на пушката со кундак може да се постават повеќе парови на цевки (кај троцевките или дрилингот тоа не е можно) – кугла/сачма, сачма/сачма, кугла/кугла или  цевка за спортско гаѓање, трап или скит и т.н. Мал е бројот на ловци кои имаат комплетен асортиман на цевки кои ги нуди еден производител. Оние со подебел џеп најчесто си набавуваат една пушка на која двете цевки се за сачми, една во комбинација за сачма – изжлебена цевка и евентуално трета пушка со двете изжлебени цевки. Кој ги има сите овие цевки на репертоарот, може да се вброи во поимотните ловци.

Поради поголемото напрегање предизвикано од високиот притисок кој се развива во изжлебените цевки, кој иснесува и до 5.000 бари, главите на пушката се многу робусни. Најчесто тие се затвораат преку двојни “клучеви“ на цевките и Greener или Kersten затворач од горната страна.

 

Пушки со комбинирани цевки најчесто користат европските ловци, како и оние од земјите на бившиот советски сојуз. Затоа и не е чудно што најголем број на производители на овие пушки има во Германија, Австрија, Чешка, Франција и Финска.

Кај нас најчесто во употреба се чешките комбинирки и германските дрилинг пушки.

 Кога ќе се погледне развојот на ловечкото оружје кон крајот на 20-иот век, тогаш ќе се заклучи дека постигнат е голем напредок во сегментот на ова оружје. Од некогашните обични пушки со две комбинирани цевки, дојдено е до совршени троцевки и четвороцевки со тежина не поголема од 4 kg.

Кај комбинираното оружје и двокугларките продолжен е т.н. тренд на “лебдечки цевки“, тоа се цевки кои не се фиксно поврзани една за друга по целата нивна должина, што доведува до помала деформација – истегнување на топлата цевка и попрецизен погодок. Фирмата Blaser го конструирала длиниг моделот (модел D99) кај кој изжлебената цевка се наоѓа одозгора, со што нишанската линија и линијата на оската на цевката се значително поблизу одколку кај класичните троцевки. Цевките на истиот дрилинг се поврзани само во баскула и на крајот со прстен, токму заради избегнување на на веќе наведените деформации.

Накои од попознатите производители на овие ловечки пушки се следниве.

 

Blaser модел BBF 95/97

Приказната започнува уште во 1963 година, кога легендарниот Бласер ја формирал претпријатието “Blaser“. Сопственикот на претпријатието Герхард Бенк ги собрал околу себе најдобрите инжињери и мајстори на пушкарскиот занает. Ловечкото оружје Blaser, со оригиналните конструкции и врвна изработка, станало едно од најценетите во светот. Овој модел, во својата класа е прогласено за оружје на годината во Германија, а поради односот цена и квалитет, тој станал и најбаран на пазарот.

Технички податоци

  • Должина на горната и долната цевка: 60 cm
  • Вкупна должина: 103 cm
  • Тежина на празната пушка: 2,5 kg
  • Калибар, сачма: 20/70, 20/76, 16/70, 12/70, 12/76
  • Кугла: од 22 хорнет до 9,3 х 75R
  • Најбараниот калибар е во комбинација 12/76 и 30-06

 

Merkel модел 211

На нашите ловци добро им е познато оружјето од MerkelSuhla. Многу е ценето поради квалитетот и убавината на изработката, па затоа голем број на ловци поседуваат сухлови дрилинзи. Сухлl е центар на оружарството во Германија. Овие пушки се одликуваат со висок квалитет на челикот и многу прецизна изработка на сите делови, завршната обработка и многу ценетата гравура. Пушката е многу практична, а можноста за промена на цевката на иста глава (баскула) на ловецот му дава можност практично една пушка да ја користи во различни ловови.

Технички податоци

  • Калибар, сачма: 12/70 и 16/70
  • Кугла: 7,65 и 30-06
  • Должина на горната и долната цевка: 65 cm
  • Тежина на пушката: околу 3,4 kg
  • Кочница: на вратот на кундакот ги блокира окинувачите
  • Кундак: одбран орев
  • Затворање: двојни сигурносни клучеви, а горно затворање систем Kersten

 

Krieghoff модел 20 ultra TS

Krieghoff настанал врз основа на традицијата на рачна изработка на пушкарските мајстори. Германецот Хенрих Криегхоф познат е по напорната работа за усовршување на ловечкото оружје. Работел и се усовршувал во Белгија и Англија, после што се вратил во германскиот Suh, каде во 1925 година основал сопствена пушкарска работилница. После пребегувањето од руската зона во западниот дел од земјата, во 1947 година во Улм формира ново претпријатие и започнува од почеток. Криегхоф одсекогаш имал и околу себе собирал врвни конструктори и мајстори на пушкарскиот занает. Денеска применува голем број на патенти произлезени од неговото претпријатие, кое по неговата смрт продолжил да го води неговиот син Хаинц Улрих.

 Технички податоци

  • Калибар, сачма: 20/70
  • Кугла: 6х70R, 6,5х57R, 6,5х65R, 7х57R, 7х65R, 308 Win, 30-06, 8х75RS и 9,3х74R
  • Должина на цевката: 55 и 60 cm
  • Тежина на пушката: од 2,7 до 3,4 kg
  • Кочница: одбран орев со баварски кундак
  • Баскула (глава): тврд специјален челик со гравура на ловечки мотиви

 

Bruner ZH модел 300

По распадот на Австро-Унгарија, чешката индустрија на ловечко оружје започнала нагло да се развива. Кон крајот на 70-тите години започнало производството на моделот “Супер Брно“, многу позната и популарна помеѓу нашите ловци. Накратко после него, конструиран е нов модел 300 кој и во денешно време заради неговиот квалитет и многу поволна цена е доста раширен во Европа. Можноста за промена на 5 цевки со различни калибри на една баскула, на оваа пушка навистина и дава голема предност. Нашите ловци најчесто ја купуваат во калибар 12/70 – 7х65R и 16/70 – 7х57R

Технички податоци

  • Калибар, сачма: 12/70 и 16/70
  • Кугла: 22 hornet, 5,6х50R Mag., 5,6х52R Savage, 7х65R и 8х57IRS
  • Должина на цевката:кугла 60 cm, сачма 66, 70 и 76 sm
  • Тежина на пушката: 3,4 kg
  • Кочница: на баскулата пред окинувачот, делува на окинувачот
  • Кундал: орев
  • Баскула (глава): бруниран тврд челик, со гравура на ловечки мотив

 

Освен опишаните комбинирани пушки кои со својот квалитет и популарност кај нашите ловци заслужиле по кој збор за себе, има и други пушки кои се можеби  и подобри од овие.

Така на пример, многу се добри и со пристапни цени италијанските пушки Antonio Zoli, модел Z 95 Luxus и Vincenzo Bernardelli, модел 2000 или уште поповолниот сабатиев модел Luxus. Поимотните ловци може да го набават ферлаховиот модел 33 или хејмовиот модел 22 S2.

Доколку некој се одлучил за набавка на комбинирана пушка, треба да води сметка за калибарот. Добро би било да се одбере некој од универзалните калибри, кои може да послужат за повеќенаменски лов. Заради големиот избор на муниција и можноста за нејзина набавка на пазарот во секој момент, може да се земат во предвид пушки со калибар на зрното 7х57R или 7х65R.

 

 

Weather

Mostly sunny

25°C

Skopje

Mostly sunny
Humidity: 58%
Wind: W at 6.44 km/h
Saturday
Mostly sunny
18°C / 30°C
Sunday
Partly cloudy
16°C / 31°C
Monday
Partly cloudy
16°C / 28°C
Tuesday
Partly cloudy
15°C / 30°C

Translator

Visitors Counter

778432
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
257
411
1982
10238
778432

Your IP: 54.161.49.216
Server Time: 2018-08-17 09:53:39
Web Analytics