Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Како да ги сочуваме ловечките пушки во зимските услови

Posted by  Published in: Балистика

Најскап дел од ловечкиот комплет секако дека е оружјето. Покрај новите прописи и процедури за набавка на оружје, лесно би можело да се случи во лов да почнеме да одеме со дренови колци, а не со сјајни убавици и современа опрема. Затоа од исклучителна важност е правилната грижа за нашето оружје за тоа да може долго и успешно да не служи. Прилично многу наши ловци со жал се присетуваат на своето челично милениче, кое започнало како салонски, а завршило како музејски експонат. Силните мразеви, дождот, кондензацијата и наизбежливите “машки“ лузни на кундакот и металот кои најчесто не потсетуваат на малото невнимание при транспортот и лошиот избор на опремата.

 Грижата за оружјето започнува веќе од купувањето на пушката, кога со нејзиниот преглед треба да се најдат прикриените грешки на производителот, што подоцна ќе не поштеди од многу денови минати пред вратите на продавачот или сервисот. Ако оружјето нема мана ќе го купиме и ќе побараме опрема која нема метални копчиња и со задолжителните “нараменици“ за да не го феќаме постојано оружјето кое цел ден настојува да ни побегне од рамото.

Ранецот не треба да има метални кочиња и навртки, а ременот мора да биде закопчан на кратко за копчето да не може да го оштети кундакот или поткундакот.

Транспортната торба или футролата секако дека е добро решение, но пушката во никој случај не треба да се сместува зад седиштето, бидејќи трускањето по патот може да го забута кундакот под шипката на седиштето и како кибритче да го скрши. Малку труд околу транспортното пакување сигурно ќе не поштеди од дополнителни трошоци и маки.

 Ловиштето дефинитивно е местото каде мора да се извршат најважните дејства за тој ден. Пред  било каква манипулација со оружјето треба да се примени правилото број еден, кое секој сопственик на оружјето мора да го применува и да го знае. Тоа правило е: “неопходно е пред секоја употреба цевката на оружјето да се прегледува дали во неа има некој предмет“. Примената на ова правило со сигурност ќе  стане дел од “златното“ искуство искуство на секој сопственик на оружје. Покрај тоа, при полнење на оружјето треба да се има во предвид тоа да не се полни рутински, бидејќи секоја рутина доведува до грешка.

Без оглед колку е напорен денот, целодневната грижа на оружјето мора да биде посветена на безбедноста и внимателното ракување. Не е мал бројот на ловци на кои снегот им ја затнал цевката, па од ловот се вратиле со “расцветана“ пушка. Поради тоа, повторно ќе го потенцирам правилото број еден - пред пукањето задолжително да се провери дали нешто може да се види низ цевката. 

Брунирањето (заштитата) на оружјето е племенит оксид кој настанал во базична средина, така да секоја киселина како да со гума за бришење ја симнува онаа прекрасна црна боја. Ловците и стрелците, всушност сите сопственици на оружје, треба и мора да знаат дека со кисели, солени и влажни раце, металот не треба да се допира. Салатата во текот на ловот, краставиците и киселите пиперки, акумулаторската киселина, но и многу солените раце од потта во ракавиците, се многу агресивни по антикорозивниот слој на брунирањето на оружјето. Затоа внимавајте со какви раце го држите оружјето.

За добра навика при ракување со оружјето ќе го пофалиме секој кој пушката ја зема исклучиво за дрвените, односно пластичните делови или ременот. Со оглед на тоа дека ние сме далеку од оружјето кое има совршена антикорозивна заштита, искрено верувам дека ова пишување не е залудно и неосновано.

Пристигнувањето во домот секако дека е прекрасен момент, кога секој ловец треба да е свесен дека за него денот сеуште не е завршен. Ако футролата си ја одработила својата работа, дотолку подобро, но ако не - тогаш крпата во раце и треба да се брише.

На мраз кој е карактеристика на ловот на патки, се случува пушката внесена во топла просторија едноставно да побели од кондензираниот мраз како да е извадена од фрижидер. Во овој случај помага фенот и топлиот воздух со кој оружјето мора добро да се исуши.

Баскулата (главата) на пушката, како и затворачите се разбира, треба исто така редовно да се загреваат, чистат и подмачкуваат со свежо уље. Подкудакот треба да се извади и исчисти, а потоа добро да се подмачка со густо уље или тврда маст.

Уљата воглавном се средства за подмачкување на работните делови на баскулата или затворачите, но цевката е нешто сосема друго. Цевката треба да се загрее и по неа да се ресвлече тенок слој на посебна маст за цевките. Пред повторно излегување на лов, тој слој треба со памучна крпа сосема благо да се избрише, после што цевките и металните делови не треба да се допираат со раце. Маста попотполно го прекрива брунирањето, кое во суштина е порозен тенок слој на оксиди и со тоа подобро го заштитуваат оружјето.

Ракавиците кои може да се купат за мали пари може да бидат спас за ловецот и оружјето, па дури и не е штета ако се отворат кај показалецот, за тој да може да се извади кога некој дивеч ќе се појави на нишан. Оваа иста ракацица може да се искористи на паузата за ручек така што ќе ја натакнеме на цевката и така ќе ја заштитиме од навлегување на некои предмети во неа, но и пушките на колегите од гребење. Ракавиците се предмет кој треба на рацете да се има и во лето и во зима, па дури и по дома кога ќе ни налета некој гостин на кого ни е непријатно да му забраниме да го пофаќа нашето оружје.

Во цевката после чистењето и подмачкувањет не треба да се пикаат никакви јастучиња, крпички и слични работи кои божем ја чуваат цевката од прашина. Цевката мора да се луфтира, а секое перниче во цевката пие уље како камила и брзо го суши металот, на кој се појавува корозија која прогресивно прави питинг (точкеста корозија) на устата на цевката. Допирањето на металните делови на оружјето со фланел или филц облоги исто така не е добро.

 

Weather

Mostly sunny

25°C

Skopje

Mostly sunny
Humidity: 58%
Wind: W at 6.44 km/h
Saturday
Mostly sunny
18°C / 30°C
Sunday
Partly cloudy
16°C / 31°C
Monday
Partly cloudy
16°C / 28°C
Tuesday
Partly cloudy
15°C / 30°C

Translator

Visitors Counter

778450
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
275
411
2000
10256
778450

Your IP: 54.161.49.216
Server Time: 2018-08-17 09:54:24
Web Analytics