Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Техника на пукање од пушка сачмарка

Posted by  Published in: Балистика

 

 

За разлика од пушките со изжлебени цевки (кугларите), кај пушките сачмарки брзите рефлекси и прилагодливоста се пресудни за прецизно гаѓање. Правилната техника ќе ви помогне брзо да го совладате пукањето од пушка сачмарка.

 

 Правилна положба за пукање од пушка сачмарка

Со пушките сачмарки во покретни мети речиси секогаш се пука од стоечка положба. Стрелецот треба да се заврти, брзо да се наведне во широк круг, а притоа да не ја изгуби контролата врз пушката. За тоа се потребни рефлекси и стабилност.

Завртете ги стапалата наспроти положбата на рамената со благо истурена лева нога напред (ако сте стрелец со десна рака) и полека навалете го вашето тело нанапред. За левораките стрелци важи обратната положба. Положбата на стапалата е важна за осигурување на стабилноста. Прстите на предните нозе се насочуваат во правец на метата. Осигурете си време за исправна положба на стапалата.

Држете ги колената благо свиткани, што ќе ви го  олесни вртењето према подвижната мета.

 

Нишанење со сачмарка

 

Правилна положба

Од причина што метата се појавува изненадно и обично брзо се движи, немаме време прво да го фокусираме нишанот. Најпрво ја фокусираме метата, а потоа кратко ја израмнуваме со цевката на пушката.

За да можеме тоа да го направиме главата мора да биде правилно наслонета на пушката.

Пукањето на птици во лет би требало да го извлече максимумот од вашите способности. На голема одалеченост ја губиме ефикасноста на погодокот, а ако пукаме преблиску доаѓа до уништување на месото на погодениот дивеч.

 

Принесување на пушката во положба на рамото

Кога ќе ја поставите сачмарката на рамото образот мора да биде наспроти кундакот и мора да имате добар преглед на метата преку врвот на цевката на пушката. Повеќето пушки фабрички се подесени за просечно рамо, но по потреба можете да го прилагодите кундакот во положба која ви одговара.

Кундакот поважно е да биде наслонет на вашиот образ одколку на рамото. Најчеста грешка е да се потпре образот на кундакот, наместо образот да го држи кундакот. Ако тоа е направено правилно, главата при истрелот ќе биде отфрлена, но кундакот на пушката ќе биде наслонет на рамото.

 

Повлекување на окинувачот

За разлика од пушките куглари, кај сачмарките брзото повлекување на окинувачот е неопходно. Окинувачот го повлекуваме без педзастанување со рамномерно зголемена сила се додека не дојде до истрел.

Поради тоа што окинувачот го повлекуваме брзо и тоа најчесто во движење, контролата на дишењето е неопходна.

Сачмарката мора постојано да ја прати метата се додека процесот на пукање не е завршен. Ако го запреме вртењето во правецот на движење на дивечот, ќе дојде до погодок кој ќе биде зад подвижната мета.

 

Пратење на метата

Најчест начин на пратење на метата на поголеми растојанија се постепено пратење на метата и пресретнување на метата.

 

Постепено пратење на метата

Насоченоста на нашата пушка постепено ја прати метата, постепено се забрзува и се преминува пред метата, по што се пука во движење следејќи ја метата. Ова е најдобрата техника за лов на почетници.

 

 

 

Оваа метода не е за ловец почетник и бара малку поголемо искуство. Се пресретнува метата без претходно пратење, се пука со пушка која и понатаму ја прати метата.

Пресретнување

 

 

Без пратење

Ненадејното појавување на метата на мала оддалеченост не ни дава време за пратење. Ја насочуваме пушката во точка каде претпоставуваме  дека метата ќе се појави и пукаме.

 

 

 

 

Weather

Mostly sunny

10°C

Skopje

Mostly sunny
Humidity: 95%
Wind: N at 6.44 km/h
Thursday
Sunny
8°C / 23°C
Friday
Mostly sunny
10°C / 24°C
Saturday
Partly cloudy
8°C / 22°C
Sunday
Mostly cloudy
8°C / 18°C

Translator

Visitors Counter

818333
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
246
586
1355
9172
818333

Your IP: 54.166.130.157
Server Time: 2018-10-17 07:40:21
Web Analytics