Login to your account

Username
Password
Remember Me

Create an account

Fields marked with an asterisk (*) are required.
Name
Username
Password
Verify password
Email
Verify email

Macedonia Hunting

Избор на добра ловечка оптика

Posted by  Published in: Балистика

Изборот на оптички прибор за лов е еден од главните приоритети на поголемиот дел од современите ловци во светот. Со вакви предизвици се соочуваат и нашите ловци кои често се пред дилема каква оптика да одберат. Добрата оптика дава големи предности при ловењето од поголеми растојанија, а и воопшто независно од растојанието тоа ја зголемува точноста при пукањето. Ловецот, под услов да ги има потребните финансиски средства, е во искушение да го избере она што најмногу би му одговарало помеѓу големата понуда на оптички помагала. Се разбира дека квалитетниот оптички пробор си има и висока цена, која сепак се исплаќа што ловците ќе го сватат кога ќе ги согледаат предностите кои ги овозможуваа таа.

 Едни од главните лидери во производство на оптички прибор за лов се Swarovski, Bushnell, Leupold, Zeiss, Nikon. Сите тие нудат врвен квалитет и купување на апарат од нив во никој случај не може да се смета за грешка. Сепак ловецот пред да го направи својот избор и за да го најде вистинскиот оптички инструмент кој совршено ќе му одговара на неговиот карабин, ловен стил и конкретни потреби, треба точно да утврди за каква намена му треба истиот. 

Денес ловците можат да си направат цела колекција на оптички уреди, вклучувајќи во неа: стандардни нишани за карабин; red dot нишани; ласерски нишани; т.н. range finders (пресметувачи на растојанието помеѓу стрелецот и целта); двогледи и дурбини. Овие последните на ловецот му овозможуваат одлична можност со едното око тој да гледа низ нив, а со другото да го надгледува ловниот терен без зголемувањето.

Range finder-ите во светот стануваат се попопуларни апарати. Од технолошка гледна точка, во споредба со традиционалниот оптички прибор за лов тие заземаат едно повисоко ниво, бидејќи го пресметуваат растојанието помеѓу целта и ловец со помош на ласер. Цените на овие помагала постојано се намалува и тие стануваат се подостапни.

Начинот на кој ловеците ќе ги изберат своите оптички инструменти, треба целосно да зависи од ловот кој го практикуваат. Ако тои ловат главно од мала до средна оддалеченост од дивечот, на нив им е потребен ласерски нишан. Ако сепак тие ловат главно од големо растојание за нив од најголема помош ќе им бидат оптички нишани кои имаат големо зголемување. Исто така на нив најдобро ќе им прилега оптички нишан со поголем дијаметар на леќите.

Тежината на оптичкиот прибор е исто така важен елемент кој што треба да го имате во предвид пред да се решите за одреден производ. Така на пример, оптичките нишани со фиксно зголемување и оние со помал дијаметар на леќата во принцип тежат помалку. Ова треба да се има предвид ако за време на ловот минувате големи растојанија.

Сите карактеристики на оптичкиот прибор за лов, треба внимателно да се погледнат пред да се направи избор за купување. Најважно е одлуката кое оптичко помагало ќе го набавите да не ја носите врз основа на тоа кој кој производ најмногу ви се допаѓа на изглед или само затоа што некој ви кажал дека “нема подобар од него“. За на крај како совет, внимателниот и вистински избор се исплати многу повеќе отколку слепото верување на туѓите или општоприфатени проценки.

 

Weather

Clear

-5°C

Skopje

Clear
Humidity: 76%
Wind: W at 3.22 km/h
Thursday
Mostly cloudy
-3°C / 1°C
Friday
Cloudy
-2°C / 1°C
Saturday
Scattered showers
0°C / 4°C
Sunday
Scattered showers
0°C / 5°C

Translator

Visitors Counter

861125
Today
Yesterday
This Week
This Month
All days
209
674
1495
8476
861125

Your IP: 54.82.10.219
Server Time: 2018-12-12 05:33:20
Web Analytics